[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Путер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Путер
Дрвен сад за матење

Путер[1][2] или маст[3][4] — млечен производ што се добива со матење на слатка и кисела павлака. Путерот произведeн од кисела палака мора да мириса на диецетил, а слаткиот путер мора да има вкус на павлака. Путерот е хранлив додаток на храната, но во поголеми количевства лошо влијае врз здравјето на луѓето со тоа што го зголемува холестеролот.

Производство

[уреди | уреди извор]

Путерот порано се произведувал во дрвени садови за матење, а од 1878 година, по појавата на сепараторите, започнало масовното производство на путер. Павлаката се вбризгува во сад за матење, каде што се подготвува со силно мешање. Во текот на мешањето се соединуваат ситните делови на маста. Путерот произведен во индустриски погони може да содржи 2% сол и може да се обои со природни бои. Добриот путер има посебен мирис и вкус, а вкусот зависи од исхраната на кравата чие млеко се користи.

Складирање и чување

[уреди | уреди извор]

Путерот се чува до 14 дена на температура до +5 °C, а подолго од 14 дана на температура до -20 °C.

Путерот како мотив во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]