[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Трискаидекафобија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Копчиња за катови во лифт каде се гледа дека бројот 13 е изоставен

Трискаидекафобија — патолошки страв од бројoт 13. За овој број се врзува празноверието. Стравот од петок 13-ти се нарекува параскаведекатриафобија или фригатрискаидекафобија.

  • Општо кажано, за бројот 13 се смета дека е лош број, едноставно поради тоа што следува по бројот 12, за кој народно се верува дека претставува една завршена целина. Кога една група од 13 елементи ќе се подели на два, три, четири или 6 еднакви делови, секојпат на крајот ќе остане еден елемент.
  • Бројот 13 исто така има и библиска поткрепа. Имено, на Тајната Вечера, Јуда, еден од апостолите кои го предал Исус Христос, бил 13-та личност на трпезата.
  • Сончевиот Грегоријански календар, како и Исламскиот календар, имаат по 12 месеци во годината.
  • Трискаидекафобијата исто така имала влијание и на Викинзите - се верува дека богот Локи во Норса пантеонот бил 13-ти бог. Ова подоцна според христијанското верување е протолкувано така што Сатаната е 13-ти ангел.
  • Многу згради во светот при броењето на катовите сосема го прескокнуваат бројот 13, така што од катот 12 веднаш се оди на катот со број 14. Ова понекогаш се применува и при ставањето на броеви на куќите или собите во хотелот. Ова исто важи и за седиштата во авионот.
  • Композиторот Арнолд Шенберг боледувал од оваа чудна болест. Се смета дека причината лежи во фактот дека неговата последна опера се вика Мојсеј и Арон, наместо правилното спелување Мозес и Аарон (Аарон со две А) првобитниот назив има 12 букви, додека правилниот назив има 13 букви. Тој се родил и починал на 13-ти во месецот. За време на студиите не сакал да живее во куќата која се издавала, бидејќи го носела бројот 13 и тој се плашел од својот 76-ти роденден, зашто збирот од броевите 7 и 6 е бројот 13. За него се врзува и една интересна приказна. Многу се плашел од петок 13-ти јули 1951 година, бидејќи тоа бил првиот петок 13-ти од неговата 76 година од живот. Тој целиот ден го прележал во кревет, зашто се плашел дека тој ден е денот на неговата сигурна смрт. По долгите молби упатени кон сопругот да се разбуди и престане со глупостите, неговата скептична сопруга останала шокирана кога нејзиниот сопруг едноставно го изустил зборот хармонија и умрел. Времето на неговата смрт било 23:47, што е 13 минути пред полноќ. Исто така кога ќе се соберат тие цифри (1+1+4+7) го даваат бројот 13!
  • Шпанскиот натпреварувач во трки со мотори Ангел Нието познат е по тоа што рекол дека победил на 12+1 светски првенства со мотоцикли. Неговата биографија поради таа реченица се нарекува 12 + 1.
  • Ликовите Стен и Хилда Огден во популарната британска ТВ серија Улица Коронацие, живееле во куќата со број 12а, со што би се избегнало обележувањето на куќата со реден број 13.
  • Во трките на Формула 1, не постои болид со број 13. Бројот е отстранет откако два возачи под тој број погинале во несреќа.
  • Американскиот текстописец и пејач Џон Мејер на својот последен албум имал 14 песни, но неговата 13-та песна е долга само 0,2 секунди тишина, и истата нема име на албумот. Исто така и албумот на групата Hot Hot Heat, Лифт, нема на своето ЦД 13-та песна, туку сѐ на сѐ четири секунди врева. Причината за тоа е иста како и таа поради која некои згради немаат 13-ти кат, а ни во лифтот не постои копче за 13-тиот кат.
  • Некои сметаат дека трагичната судбина на Аполо 13, лансиран за пат кон Месечината е доказ дека бројот 13 е несреќен број. Аполо 13 е лансиран во 14:13 часот по источното американско време на 11 април 1970 година, од лансирачката рампа 39 (3 помножено со 13 е 39). Кога по источно американско време е 14:13, по централно американско време тоа е 13:13 часот. Исто така според планот Аполо 13 требало да ги помине орбитите на Месечината на 13 април.
  • Во холандскиот град Утрехт на железничката станица не постои перон со бројот 13.