[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Призрен

Координати: 42°13′N 20°44′E / 42.217° СГШ; 20.733° ИГД / 42.217; 20.733
Од Википедија — слободната енциклопедија
Призрен
Општина и град
Prizren
Prizren / Prizreni
Призрен 2014
Призрен 2014
Призрен is located in Косово
Призрен
Призрен
Локација во Косово
Координати: 42°13′N 20°44′E / 42.217° СГШ; 20.733° ИГД / 42.217; 20.733
ДржаваРепублика Косово
ОкругПризрен
Површина
 • Општина и град629 км2 (243 ми2)
 • Градска22,390 км2 (8,640 ми2)
Надм. вис.&10000000000000403000000403 м
Население (2011)
 • Општина и град182,915
 • Густина295,70/км2 (76,600/ми2)
 • Градскo85,119
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број20000
Повик. бр.+381 29
Таблици04
Мреж. местоMunicipality of Prizren

Призрен (албански: Prizreni, српски: Prizren / Призрен) — град на северните падини на Шар Планина, близу границата со Албанија и Македонија. Тој е центар на истоимената општина и Призренскиот Округ.

Географија

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на јужниот дел на Метохија, во Призренската котлина. Таа, заедно со Љубижданското поле сочинуваат посебен шарско-пиндски регион, заобиколен од ридот Цвилен (1381 м) и планините Ошљак (2212 м), Паштрик (1978 м), Коритник (2395 м) и Шара. Надморската висина се изменува од 412 до 500 метри. Низ градот тече реката Призренска Бистрица, која го дели на два дела. Таа извира од Шара, а се влева во Бел Дрим. Подрачјето е релативно земјотресно, така што меѓу 1900 година и 1936 година се регистрирани 136 земјатреси.

Климата е умерено - континентална со влијание на подсредоземна. На повисоките предели се чувствува влијанието на Шара, а во пониските на Јадранот. Просечните темпратури за месец јануари се од +0,5 °C до -0,5 °C. Летото е жешко и за месец јули просечните температури се од +21,5 °C до 22,8 °C. Сончевото греење годишно изнесува 2 150 часови.

Население и демографија

[уреди | уреди извор]

Во XVII век најмалку 20 000 православни лица се иселиле, бегајќи од турските војски, кои го зазеле градот. Тогаш во градот почнуваат да се населуваат Албанци, коишто доаѓале од југозапад, односно Северна Албанија.

Во 1838 година Австриецот Јозеф Мулер го проценува населението на Призрен и неговата околина на околу 24.950 Срби (христијани и муслимани) или 73,68%, а Албанците (католици и муслимани) се 16,63%.

На крајот на XIX век во градот и околината живееле околу 60 000 лица, од кои 11 000 христијани и 30 000 муслимани Срби. Останатите биле Турци, Албанци, Цинцари и Роми.

Во последните години демографската ситуација е значајно променета:

Година Албанци  % Бошњаци  % Срби  % Турци  % Роми  % останати  % Вкупно
1991 132,591 75.6 19,423 11.1 10,950 6.2 7,227 4.1 3,96 3 2.3 1,259 0.7 175,413
1998 нп нп 38,500 нп 8,839 нп 12,250 нп 4,500 нп нп нп нп
Јануари 2000 181,531 76.9 37,500 15.9 258 0.1 12,250 5.2 4,500 1.9 нп нп 236,000
Март 2001 181,748 81.9 22,000 9.9 252 0.1 12,250 5.5 5,424 2.4 нп нп 221,674
Мај 2002 182,000 79.6 29,369 12.8 197 0.09 11,965 5.2 4,400 1.9 550 0.25 228,481
Декември 2002 180,176 68.4 0.0 0.0 0 0.0 41,198 31.6 0 0.0 нп нп 221,374

Историја

[уреди | уреди извор]
Стариот дел на Призрен

За првпат Призрен се спомнува во 1019 година како Приздријана (Призрѣнь) во грамота на царот Василиј II Македонецот.

Византиски период

[уреди | уреди извор]

Во времето на Византија, Призрен бил значајно регионално седиште и во тоа време во него биле изградени тврдините Дрвенград и Вишеград, познат како призренски Горен град. Во него било седиштето на Византиската епископијa. Со Повелбата на царот Василиј од 1019 година, на Охридската архепископија ѝ се подарува Призренската епископија и ова е прв пишан документ во кој се споменува Призрен, тогаш под името Приздријана.

Во времето на византиската власт над Призрен, во него е подигнато востание против царот Михајо VII и на седницата која била одржана во 1072, учесниците на востанието , властелините и скопските бољари го прогласиле кнезот Бодин за владател и го крунисале за бугарски цар. Востанието за кратко време било крваво угушено.

Средновековен период

[уреди | уреди извор]

Османски период

[уреди | уреди извор]

Балкански војни и Прва светска војна

[уреди | уреди извор]

Меѓу двете светски војни

[уреди | уреди извор]

Втора светска војна

[уреди | уреди извор]

Мартовски настани 2004

[уреди | уреди извор]

Споменици

[уреди | уреди извор]
Калаја

Во Призен и неговата околина постојат неколку тврдини. Сите тие се со словенски имиња, иако повеќето се градени пред доаѓането на Словените.

  • Калајавизантиска тврдина, која се наоѓа надвор од градот. Подигната е во единаесеттиот век. Во наредните векови повеќепати е обновувата и доградувана за време на српскиот цар Стефан Душан и османлиската власт.
  • Вишеград – наоѓа се блозу крај Призрен. Подигната е за време на Стефан Душан за заштита на патот и манастирот Свети Архангели, подигнат крај клисурата.
  • Остатоци Дрвенград – тврдина на патот од Средечка жупа за Призрен, која била разурната од Турците. Според народните преданија била дрвена од каде е и името. Но тоа не еточно, бидејќи и денес постојат остатоци од камени ѕидини.

Цркви и манастири

[уреди | уреди извор]
Црквата Св. Спас
Синан-пашовата џамија со камен мост на Призренска Бистрица

За време на петвековното турско владеење Призрен е бил важен исламски центар во кој се подигнати бројни џамии, теќета, турбиња и медресета. Во еден период во градот имало 23 џамии, 15 турбета, 21 училишта, 4 медресета и 4 месеџида. Во нив се препишувале арапски, персиски и турски дела со литературна и научна содржина. Најзначајни џамии се:

  • Бајракли (Мехмед-пашова) џамија – изградена во 1549 г. од Гази Мехмед Паша.
  • Синан пашова џамија – изградена во 1615 година во центарот на Призрен. Нејзина особена црта се високите и завиткани минариња.

Хамам или Турска бања, е подигнат кога е градена и Бајракли џамија. Еден од најголемите во Србија, тој е поделен на машки и женски соби.

Камен мост

[уреди | уреди извор]

Еден од симболите на Призрен - Камениот мост е изграден заедно со Синан пашовата џамија. За време на поплавите во 1980 година е оштетен, а потоа обновен.

Богословско училиште

[уреди | уреди извор]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Познати личности

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Михајло Чемерикић, Призрен и околина 1019-1941, Прво слово, Београд, 2003. (ISBN 86-7620-002-5)
  • Мирјана Детелић, Градови у хришћанској и муслиманској епици, Београд, 2004. (ISBN 86-7179-039-8)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]