Дела 1
Дела 1 | |
---|---|
← Јован 21 Дела 2 → | |
Тишендорфски факсимил од 1870 година од Дела 1,1-5 на латински јазик (лева колона) и на грчки (десна колона) во Лодовиот ракопис, напишано во 500 година од н.е.. | |
Книга | Дела на светите апостоли |
Категорија | црковна историја |
Во Библијата | Нов завет |
Ред. бр. во Библијата | 5 |
Дела 1 — прва глава од Дела на светите апостоли во Новиот завет на христијанската Библија. Книгата што го содржи ова глава е анонимно, но ранохристијанска традиција потврдува дека Лука ја составил оваа книга, како и Евангелието според Лука.
Текст
[уреди | уреди извор]Оригиналниот текст е напишан на грчки и е поделен на 26 стихови.
Некои рани ракописи што содржат текст од оваа глава се:
- Ватикански ракопис (325-350 година од н.е.)
- Синајски ракопис (330–360 година)
- Безин ракопис (околу 400 година)
- Александриски ракопис (400-440 година)
- Ефремов ракопис (околу 450 година; постојни стихови 3–26)
- Папирус 56 (5/6 век)
- Лодов ракопис (550 година)
Места
[уреди | уреди извор]Вовед (1,1–5)
[уреди | уреди извор]Почетокот на книгата следи по почетна изјава во која се содржани името на примачот на пораката, Теофил и кратко потсетување за содржината на „поранешната порака“ (Евангелие според Лука) од истиот автор[1].
Стихови 1–3
[уреди | уреди извор]- 1 Првата книга, Теофиле, ја напишав за сѐ она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот,2 па сѐ до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал. 3Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо[2].
Вознесение Христово (1,6–12)
[уреди | уреди извор]Во овој дел се забележува дека четириесет дена по воскресението, Исус им заповеда на учениците за време на оброкот да го чекаат доаѓањето на Светиот Дух, а потоа еден облак го одведува нагоре, а двајца кажуваат дека тој ќе се врати „на ист начин како што сте го виделе како оди во рајот“[3].
Стих 8
[уреди | уреди извор]- [Исус вели]: Но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и сѐ до крајот на земјата[4]
Пред да замине Исус, тој им дава на учениците задача да постапуваат како негови „сведоци“ на местата:
- Првите 7 глави поставени во Ерусалим
- Глава 8—11 го запишува ширењето на евангелието во околните области во Сирија-Палестина („Јудеја и Самарија“)
- Глава 13 па наваму по мисијата на Павле уште подалеку од местата[5].
Изборот на Матеј (1,13–26)
[уреди | уреди извор]Бидејќи учениците чекаа послушно во горната просторија во Ерусалим за ветеното доаѓање на Светиот Дух, „Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени“ (стих 14, се смета на Марија, мајката на Исус, и со браќата негови и некои жени[5].
Во стихот 13 се наведени имињата на апостолите со некои разлики во споредба со Евангелието според Лука 6,14-16 (Матеј 10,1-4; Марко 3,13-19):
- Андреј е преместен од второто место на четвртото место по Јован
- Тома е преместен од осмото место на шестото место по Филип
- Јуда веќе не е наведен.
Пропустот на Јуда Искариот го мотивира наративот за неговата конечна судбина и повикот на Петар да ја најде неговата замена. Процесот започнува со барања за кандидат (стихови 21–22). Со ова, Петар го зајакнува идентитетот на групата и го извршува својот де факто авторитет во групата[5].
Стих 14
[уреди | уреди извор]- Тие сите еднодушно беа постојано во молитва и молење заедно со некои жени и со Марија, мајката на Исус, и со браќата Негови.[6]
- „Марија мајка на Исус“: е спомнато по име за прв пат во Лука-Дела од раскажувањето за новороденчиња во Лука 2.
- „Браќа“: или „браќа и сестри“, преведен од множина од грчкиот збор adelphoi, кој, во зависност од контекстот во употребата на Новиот завет, може да се однесува или на „браќа“ или на „браќа и сестри“ (исто така стих 1,15 во некои верзии).
Стих 15
[уреди | уреди извор]- И во тие дни Петар стана меѓу браќата (а беа се собрале околу сто и дваесет души) и рече,[7]
Стих 21-22
[уреди | уреди извор]- И така, еден од оние луѓе што беа со нас за сето време, откако дојде и си замина од нас Господ Исус, почнувајќи од крштавањето Јованово па до денот кога се вознесе од нас, треба да биде сведок со нас за Неговото воскресение.
Стих 26
[уреди | уреди извор]- И фрлија ждрепка за нив, и ждрепката падна на Матиј; и тој се вброи кон единаесетте апостоли.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Alexander 2007, стр. 1030.
- ↑ Дела 1,1-3
- ↑ Müller 2016, стр. 113-114.
- ↑ Дела 1,8
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Alexander 2007, стр. 1031.
- ↑ Дела 1,14
- ↑ Дела 1,15
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Глава 1 од Делата на светите апостоли Стандардна македонска библија со девтероканонски книги, 2006 г.
- Глава 1 од македонска аудиокнига „Делата на светите апостоли“ на YouTube