[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Tabula rasa

Од Википедија — слободната енциклопедија
Женско лице (пророк со Tabula rasa), Диего Веласкес, околу 1648 година.

Tabula rasa, (македонски, „празна (чиста) плоча“) — филозофска теорија која тврди дека човекот е роден без однапред одредени особини и дека сите негови особини се собираат во текот на неговиот живот. Според tabula rasa, детето се раѓа како празен лист, кој се пишува за време на растењето на детето.

Идејата за tabula rasa ја поставил британскиот филозоф Џон Лок. Во неговата прва книга, Essay concerning Human Understanding (мак. Есеј за човечкиот разум (1689)), опишал како прво сетилата, а потоа емпиризмот ја обликуваат способноста на детето да размислува. Во романот Émile, францускиот филозоф Русо опишува нешто слично на tabula rasa, иако Русо верува дека возрасен човек може да го обликува детето во она што го сака, бидејќи детето е зависно од возрасните.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]