LMFAO
LMFAO | |
---|---|
RedFoo („Редфу“) (лево) и SkyBlu („СкајБлу“) настапуваат во Форт Вејн, Индијана | |
Животописни податоци | |
Потекло | Пацифик Палисејдс, Лос Анџелес, Калифорнија |
Жанрови | Електро хоп, хип-хоп, ацид хаус, електро хаус, денс, електро поп |
Период на активност | 2006–денес |
Издавачи | will.i.am Music, Cherrytree, Interscope Records |
Соработници | Калвин Харис, The Crystal Method, Дејвид Гета, Дејвид Раш, Dirt Nasty, DJ Chuckie, Lil Jon, GoonRock, Лаурен Бенет, Наталија Килс, will.i.am |
Мреж. место | lmfaomusic.com partyrockpeople.com partyrockclothing.com |
LMFAO е Американско електро поп дуо составено од рапери, продуценти, танчери и Диџеите Редфу (Стефан Кендал Горди, роден на 3 септември 1975 година)[1] и неговиот внук Скајблу[2][3] (Скајлер Хјустен Горди, роден на 23 август 1986 година).[4] Групата е основана во 2006 година во Лос Анџелес, Калифорнија. Редфу е исто така син на музичкиот магнат Бери Горди, СкајБлу пак е негов внук. Нивната музика вклучува тема на забави и пиење, и најчесто стилот на групата се однесува како „рок забава“.
Кариера
[уреди | уреди извор]2006-07: Формирање и почетоци на кариерата
[уреди | уреди извор]Редфу (Стефан Кендал Горди) и Скајблу (Скајлер Горди) двајцата пораснале во најбогатото соседство во Лос Анџелес, Пацифик Палисејдс, каде што тие во 2006 година ја формирале групата LMFAO. Дуото кажа дека оригиналното име на групата било Sexe Dude (Читај Sexy Dudes) и двете потоа ги промениле на совет од баба им.[5] Тие потпишаа со компанијата за снимање Interscope во ноември 2008 година.[се бара извор]
2008-09 Предизвикување слава и „Party rock“
[уреди | уреди извор]LMFAO ја објавија Party rock EP во музичката продавница iTunes на 1 јули 2008 година, и го објавија нивниот целосен албум на 7 јули 2009 година. Албумот го освои 33 место на Билборд 200 и број два на Американската денс топ листа. Лос Анџелес Тајмс ја опиша Party rock како „14 виртуелни менливи оди на ноќниот живот“.[6]
Нивниот прв сингл беше „I’m in Miami Bitch“ или „I’m in Miami Trick “ (чиста верзија), која беше објавена во декември 2008 година и се искачи на 51 место на Billboard Hot 100 и на 37 место во Канада.
На почетокот од 2009 година малку познатиот Диџеј продуцент „Диџеј Инфинити“ создаде бутлег користејќи го ремиксот од Dj Chuckie („ДЈ Чаки“) хитот во 2008 година „Let the bass kick“ и Акапела од LMFAO создавајќи го „Bass kick in Miami“. Бутлегот беше раширен преку интернет и стана голем успех на Зимската музичка конференија во Мајами во 2009 година. Неколку недели подоцна песната стана музичка тема на телевизиското шоу Kourtney and Khloé Take Miami, а Get Crasy беше употребена за Jersey Shore во 2009 година.
LMFAO беа вклучени во сценариото на MTV The Real Worldn: Cancun во август 2009 година, кои го покриваа појавувањето на бендот во Канкун за време на Spring Break во 2009.
Исто така во 2009 година, дуото се вклучи во песната Sine language од The crystal Method.[7]
2010-11 Интернационално пробивање и „Sorry for party rocking“
[уреди | уреди извор]Средината на 2010 година беа вклучени во песната на Дејвид Гета „Gettin' Over You“, која беше интернационален хит, искачувајќи се на првите 10 места во 11 земји а во три од нив на прво место, вклучувајќи ја и Велика Британија. Исто така се искачи на 31 место на U.S Hot 100 и 12 место во Канада. Дуото потоа во остатокот од 2010 година го снимија нивниот втор албум, Sorry for party rocking, кој беше објавен на 17 јуни 2011 година во САД. Првиот сингл земен од албумот „Party Rock Anthem“ вклучувајќи го Британскиот пејач Лаyрен Бенет и продуцентот GoonRock и покажувајќи го популарниот танц стил „Melbourne Shuffle“ во нивното популарно видео. Песната е досега најуспешна во нивната кариера искачувајќи се на првото место во САД,[8] Канада и Велика Британија и преку десет други земји, како и на првите десет места во многу други. Вториот сингл од албумот Sorry for party rocking беше објавен 27 мај 2011 година и е насловен „Champagne Showers“ вклучена е и Англиската пејачка и композиторка Наталија Килс.[9] Третиот сингл „Sexy and I’m know it“, беше објавен на 3 октомври 2011 година и го освои првото место на iTunes топ листите ширум светот и првото место на Австралиската и Канадската Hot 100. Во интервјуто за Ирскиот канал TG4, Редфу изјави дека тие работеле на видеото за нивниот следен хит Sorry for party rocking.
Во февруари 2010 година, SkyBlu беше вмешан во една расправија со политичарот Мит Ромнеј во авион за време на Зимските олимписки игри 2010 година во Ванкувер. Раперот изјави дека Ромнеј го нападнал од позади, со поставување на вулкански зафат на неговиот врат.[10] SkyBlu беше исфрлен од авионот како резултат од расправијата и беше префрлен во следниот лет. Расправијата беше наведена во видео кое покажува како SkyBlu е исфрлен од авионот од властите[11], каде SkyBlu и Редфу даваат објаснување за инцидентот.[12]
Исто така во 2011 гофина, LMFAO ја започна својата прва Азиска турнеја, беше изведена во Сингапур, Манила, Филипините, Тајпеј, Тајван и Куала Лумпур, Малезија меѓу другите градови.[13] Исто така на 30 јуни 2011 LMFAO изведуваа на Островот од MTV 2011 Маlta Special на Фосос (Granaries) во Флоријана, Малта пред толпа од 50 000 заедно со Far East Movement и Снупдог (Snoop Dogg).[14]
Покрај тоа Групата е фокусирана на растењето на нивната Party Rock модна линија и отворањето на турата на Американската пејачка Кеша „Get Sleazy Tour“ заедно со Spank Rock и Наталија Килс за третиот и петтиот пат од турнејата во 2011. На 13 август 2011 година, за Кеша на фестивалот во Квебек, Канада, отворија балон со топол воздух кој привлече близу 100,000 обожаватели.
На 29 Август 2011 година го снимија спотот за нивниот нов сингл „Sexy and I know It“, на Venice Beach во Калифорнија.[15] Порнографскиот глумец Рон Џереми е вклучен во спотот и се фокусира тематски на машките гениталии. Глумците Симон Рекс и Вилемер Валдерама, драмскиот автор Даниел Каненгејтер и боречкиот артист Алистер Оверим исто така направи камеја појавувања. Песната постигна сличен успех како Rock Party Anthem наоѓајќи се на врвот од топ листите низ целиот свет. Sexy and I’m know It стана второто дуо број еден во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.
Групата на 20 септември 2011 учествуваше на првото елиминационо шоу на 13-тата серија од Танцување со ѕвездите кое се емитуваше во живо.
Во октомври 2011, песната Party rock Anthem беше употребена во хаус шоу на Ноќ на вештерките , кога Јужно Калифорниски човек темпира време на популарната песна. По видеото од You Tube куќата беше вирусна, дури и добивање вести за покриеност , дуото ја посети куќата и сними Киа комерција вклучувајќи ја и куќата.[16]
Влијанија
[уреди | уреди извор]LMFAO наведуваат широк спектар на различни влијанија, како што се рапери како Тупак Шакур, хип-хоп групи како The Black Eyed Peas, и Р&Б изведувачи како Џејмс Браун и Мајкл Џексон и рок бенодви како Битлси и Лед Цепелин.[17] И двајцата се посветени обожаватели на Мајкл Џексон и употребуваат многу од неговите танцови чекори во нивната танцова рутина. Австралискиот танцов стил Melbourne Shuffle е карактеристичен во голема мера во видеоклипот на Party Rock Anthem фузирано со хип-хоп елементи. Исто така LMFAO наведуваат огромна инспирација од Адам Голдстајн, повеќе познат како Dj AM кој прв ги запозна со електронската музика.[18] Имено, Редфу е поранешен зет на Џермејн Џексон постариот брат на Мајкл Џексон и исто така тој е и чичко на Џермен Џексон. Во 2007 година LMFAO учествуваше на Зимската Музичка Конференција во Мајами, Флорида за којшто дуото изјави дека тоа било искуство што го инспирирал нивниот музички и креативен стил.[19]
Бизнис интереси
[уреди | уреди извор]Редфу е поранешен трговец и беше избран во шоуто на CNBC, Mad Money заедно со Џим Крамер.[20]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Party Rock (2009)
- Sorry for Party Rocking (2011)
- Party Rock Business (2012)
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]Година | Награда | Категорија | Дело | Резултат |
---|---|---|---|---|
2010 | Греми Награди | Најдобар Денс/Електро Албум | Party Rock | Номинација |
Hip-Hop Nation Awards | Најдобра Рап Песна со Група | „Shots“ во соработка со Lil Jon | Номинација | |
Најдобра Рап Група | LMFAO | Номинација | ||
Најдобар Нов Артист | LMFAO | Номинација | ||
2011 | Најдобра Рап Песна | „Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRock | Добитник | |
Најдобра Рап Песна со Група | „Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRock | Номинација | ||
Најдобра Рап Група | LMFAO | Добитник | ||
Teen Choice Awards | Најдобра Летна Песна | „Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRock | Номинација | |
MTV Video Music Awards | Best Choreography | „Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRock | Номинација | |
American Music Awards | Омилена Поп/Рок Бенд/Дуо/Група | LMFAO | Номинација | |
MTV Европски Музички Награди | Најдобро ново | LMFAO | Номинација | |
Најдобро пробивање | LMFAO | Номинација | ||
2012 | People's Choice Awards | Омилена Песна на Годината | „Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRock | Во очекување |
Омилено Музичко Видео на Годината | „Party Rock Anthem“ во соработка со Лаурен Бенет & GoonRock | Во очекување |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Chareunsy, Don. „Photos: Kourtney Kardashian, Lo Bosworth promote new endeavors“. Las Vegas Sun. Посетено на April 19, 2011.
- ↑ Caramanica, Jon. „Early-Morning Party With Club Rap and Female Audience Participation“. New York Times. Посетено на April 10, 2011.
- ↑ DeClerk, Hannah. „Q&A RedFoo, from LMFAO“. University Daily Kansan. Архивирано од изворникот на 2012-06-16. Посетено на April 10, 2011.
- ↑ McCabe. „Yo Happy Birthday SkyBlu!“. KAMP-FM. Посетено на April 22, 2011.
- ↑ Karmali, Ziyah. „Interview: LMFAO“. Shave Magazine. Архивирано од изворникот на 2010-01-24. Посетено на July 8, 2011.
- ↑ „LMFAO Los Angeles Times Review“. Interscope.com. Архивирано од изворникот на 2012-06-23. Посетено на April 25, 2011.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-04-22. Посетено на 2012-01-11.
- ↑ Trust, Gary (2011-07-06). „LMFAO Brings the 'Party' to Top of Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2011-07-06.
- ↑ Singles Release Diary – Music Архивирано на 26 мај 2011 г.. Digital Spy. Посетено на 2011-10-05.
- ↑ „Is "Vulcan Grip" Rapper Sky Blu, Who Tussled With Mitt Romney, the Nerdiest Hip-Hop Artist Ever?“. The Wall Street Journal. February 19, 2010. Посетено на October 19, 2011.
- ↑ Mitt Romney's Plane Fight Was Against LMFAO, Trick!
- ↑ Orr, Jimmy (February 19, 2011). „Rapper Sky Blu says Mitt Romney used 'Vulcan grip' on him in plane fiasco“. The Christian Science Monitor. Посетено на October 19, 2011.
- ↑ „LMFAO Live in Malaysia, Philippines & Singapore“. mistazam.com. Архивирано од изворникот на 2021-10-26. Посетено на April 22, 2011.
- ↑ „Spectacular Isle of MTV on the Granaries“. timesofmalta.com. Посетено на July 2, 2011.
- ↑ LMFAO “Sexy and I Know it” Video and Interview. Yo! Venice!. Посетено на 2011-10-05.
- ↑ „The Kia Soul Shuffle Slam with LMFAO at Halloween House“. Посетено на November 11, 2011.
- ↑ „20 Questions: LMFAO (Bamboozle Festival)“. popmatters.com. Посетено на April 19, 2011.
- ↑ „LMFAO Interview“. youtube. Посетено на May 25, 2011.
- ↑ „LMFAO Biography“. artistdirect.com. Архивирано од изворникот на 2011-12-24. Посетено на April 22, 2011.
- ↑ LMFAO's RedFoo Tops Music and Stock Charts CNBC. August 19, 2011. Retrieved 2011-08-21.
|