[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Канкун

Координати: 21°09′38″N 86°50′51″W / 21.16056° СГШ; 86.84750° ЗГД / 21.16056; -86.84750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Канкун
Cancún
Гесло: Сјајниот град
Местоположба на Канкун во Кинтана Ро
Местоположба на Канкун во Кинтана Ро
Канкун is located in Мексико
Канкун
Канкун
Местоположба во Мексико
Координати: 21°09′38″N 86°50′51″W / 21.16056° СГШ; 86.84750° ЗГД / 21.16056; -86.84750
Земја Мексико
Сој. државаКинтана Ро Кинтана Ро
Општина Бенито Хуарез
Основан20 април 1970
Управа
 • ГрадоначалникХилијан Рикалде Магања (PRD)
Површина
 • Вкупна1,978,75 км2 (0,76.400 ми2)
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Најг. вис.&1000000000000001000000010 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2010[1])
 • Вкупно722,800
 • Густина370/км2 (950/ми2)
Час. појасCST (UTC−6)
 • Лето (ЛСВ)CDT (UTC−5)
Пошт. бр.77500
Повик. бр.998
Мреж. местоcancun.gob.mx

Канкун (шпански: Cancún) — важен крајбрежен град во мексиканската сојузна држава Кинтана Ро и се наоѓа на источниот дел од полуостровот Јукатан. Канкун брои 722.800 жители по пописот во 2010, за 20% повеќе од 2005. Сместен е во каналот Јукатан, кој го двои Мексико од Куба и Големите Антили. Регионот околу градот е познат како Мексиканските Кариби и Мајска Ривиера.

Канкун е седиште на општината Бенито Хуарез и е светски познато туристичко одморалиште. Градот е сместен на главното копно, кое се поврзува со Ничупте и останатите лагуни и заедно формираат остров во форма на седмица, на кој се наоѓаат модерни хотели во туристичката зона.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според изворите, за време на колониите, древните Маи го нарекувале островот што го формира Канкун- Низуц (мајски Nizuc -niʔ suʔuk), што би значело или ’рт или “точка на трева“. Години по колонизацијата, поголем дел од мајското население изумре или мигрираше поради болестите, војните, пиратството и гладот, што на крај остави само неколку населби на Островот Мухерес (Остров на жените) и островот Козумел.

Името Канкун (Cancūn, Cancum или Cankun) на мапите се појавува за првпат во 18 век. Значењето на зборот е непознато и исто така непознато е дали е од мајско потекло. Ако е, можни преводи на зборот се: “место/седиште/престол на змијата“ или “маѓепсаната змија“. Иконографијата за змијата постоела на Низуц,уште пред колонизацијата.

На 23 јануари, кога започна развојот, на островот Канкун имаше само 3 жители, луѓе кои работеа на плантажите за кокос на Дон Хосе де Хесус Лима Гутиерез, кој живееше на островот Мухерес, а таму пак живееја само 117 луѓе во околината на селото Пуерто Хуарез(воена база, место на кое риболовот бил главна окупација).

Бидејќи инвеститорите се колебале да вложат во непозната област, мексиканската влада мораше да ги финансира првите 9 хотели. Првиот хотел што беше финансиран е “Хајат Канкун Карибе“, но првиот изграден хотел е “Плаја Бланка“, кој подоцна стана Блу Беј Хотел, а сега е одморалиште Темптејшн. Канкун е елитно туристичко одредиште, позната по белите песочни плажи.

Повеќето “канкунци“ се од Јукатан и други мексикански држави. А остатокот, доаѓаат од Северна и Јужна Америка и Европа. Властите вложуваат големи напори за го контролираат константниот проток на луѓе, како и да се ограничи бројот на дивите станари и дивоградбите, кои окупираат 10-15 проценти од внатрешноста и крајбрежјето на градот.

Во 21 век, градот ги избегнуваше крвопролевањата поврзани со трговијата на дрога, но сепак Канкун се смета за познат пункт на претоварување на колумбиски кокаин и наводно познат како центар за перење на пари и продажба на дрога на туристи. Овие линкови датираат од почетокот на 90-тите па до 2000, кога целата област ја контролираа картелите Хуарез и Голфо. Според управата за сузбивање на дрога во САД, последниве години, криминалната група Лос Цетас, која се издвои од Голфо картелите, ја презеде контролата на повеќето шверцерски рути во Јукатан.

Во 2010 Обединетите Нации, одржаа конференција за климатските промени во Канкун, која траеше од 29 ноември 2010 до 10 декември 2010.

Мајски археолошки наоѓалишта

[уреди | уреди извор]

Во Канкун постојат релативно малку остатоци од мајската цивилизација. Во хотелската зона се наоѓаат рушевините на Ел Реј; урнатините Ел Меко се наоѓаат на крајот од градот, северно од патот за Пунта Сам.

Близу областите Ривиера Маја и Гранд Коста Маја, во јужниот дел на Јукатан, се наоѓаат остатоци од древните градови: Коба, Мујил, Поле, Коунлик, Кинцина, Дицибанче, Окстанака, Тулум и Чакобен. Чичен Ица е познато археолошко наоѓалиште и соседна држава на Јукатан.

Распоред на градот

[уреди | уреди извор]

Покрај островскиот дел- туристичката зона (кој всушност е и дел од вториот најголем коралски брег во светот), жителската зона на градот, позната како Ел Центро (центарот), е изградена според план кој се состои од градбите “суперманзанас“ (суперблокови), кои личат на огромни трапезоиди со отворени центри во кои нема жители, на улици кои се во форма на буквата – у. Во овие отворени центри има тротоари крај централниот парк, фудбалските игралишта, библиотеките итн. што го прави “мексиканскиот“ дел на Канкун погоден за велосипедисти. Овој дел на градот има трговски центар, кој на наликува на “аутлет“, и шарени згради.

Тулум е главната северно-јужна сообраќајница, која го поврзува центарот со аеродромот, кој се наоѓа 30км (19милји) јужно од центарот. Тулум го делат авенијата Коба, која се наоѓа источно од Авенија Кукулкан, главниот пат кој води до патот островот седмица, односно хотелската зона. Авенијата Тулум завршува северно од авенијата Пасео Хосе Лопес Портиљо, која се поврзува со главниот автопат, западно од Чичен Ица и Мерида. Авенијата Бонампак е уште еден од огромните патишта, кој поврзува север-југ и се движи паралелно до авенијата Тулум. Главното фери за до островот Мухерес се наоѓа во Пуерто Хуарез на авенијата Пасео Хосе Лопес Портиљо.

По ураганот Гилберт 1988, со цел да се заштеди на инсталирање на канализациски системи и многу други работи, нацртот на градот се осврна на многу грд план. До скоро, повеќето згради во центарот беа на 4 ката или помали; од 2005, имаше навала за изградби на кондоминиум и продажба на луксузни и канцелариски простори, концентрирани на Бонампак авенија.

Центарот на Канкун скршна од оригиналниот план што беше предвиден; градбите беа распрскани насекаде. Областа крај плажите и лагуните, кои се наоѓаат во хотелската зона, е сè уште во фаза на развој. Други вакви туристички зони освен хотелската се Пуерто Канкун и Малекон Канкун.

Лагуната Ничупте се наоѓа на спротивната страна од Карипското Море, и се користи за едрење, скијање на вода и сл. Канкун е како порта на Ривиера Маја, каде што можат да се најдат повеќе археолошки наоѓалишта, како на пр. Коба и Тулум и многуте “ценоти“ (т.н вртачи – дупки во земјата исполнети со изворска вода, типични за Јукатан и карипскта област). Англискиот вајар Џејсон Де Каирес Тејлор направи подводен музеј во националниот парк во Канкун. Ноќниот живот е енергичен.

Во Канкун има меѓународен аеродром, кој располага со многу летови за Северна, Средна и Јужна Америка, Азија и Европа. Сместен е на северно-источниот дел од полуостровот Јукатан и во просек го посетуваат повеќе од 10 милиони патници годишно. Оддалечен е 12 милји од хотелската зона, 20 минути пат со кола. Во хотелската зона има и јавен превоз. До островот Мухерес може да се стаса со брод од Пуерто Хуарез.

Канкун има тропска клима, може да биде и влажна и сува, со малку разлики во температурите меѓу сезоните. Општо земено, во градот е жешко во текот на целата година, но понекогаш топлото време е проследено со крајбрежни пасати. Годишната просечна температура изнесува 27 C (80, 8 °F). На полуостровот Јукатан, морските ветрови донесуваат високи температури, кои можат на попладневијата да достигнат 35 °C (95 °F). Годишните врнежи на дожд изнесуваат 1, 340 милиметри (52.8 инчи), присутни во 115 денови во годината. Умерените температури доаѓаат во ноември и траат до Февруари, проследени се со освежувачки ветар од север, посуво е, и пак се стоплува во март и Април. Најжешко е од Мај до Септември, што се должи на карипското влијание, а влажноста е повисока поради сезоната на ураганите ( 70% од деновите се без дожд). Хотелската зона е сместена во Карипското Море, и е опколена од океанот, така што дневните температури се движат со 1-2 степени помалку и ветровите се значително почести, за разлика од областа околу аеродромот, кој се наоѓа во внатрешноста, каде што е главната метеролошка станица.

Сезоната на тропските бури трае од Мај до Декември,а дождовната сезона продолжува до Јануари со кулминација во септември. Од Февруари до Мај обично е суво, со ретки краткотрајни врнежи. Канкун е сместен на една од ударните точки на ураганите во Карибите. Иако катастрофалните урагани се ретки, во последниве години се случија неколку во близина на Канкун. Ураганот Вилма во 2005 е најголемиот досега. Ураганот Гилберт удри директно на хотелската зона во Канкун и хотелите мораа да се обноват. По ураганите, федералните, државните и општинските власти беа спремни да се справат со последиците што ги оставија. И ураганот Дин остави трага на градот во 2007.

Ураган Гилберт

[уреди | уреди извор]

Ураганот Гилберт е вториот најсилен ураган кој се случил на Атлантскиот Океан. Откако помина низ островот Козумел, застана кај Јукатан. Во регионот на Канкун, беше проценета штета од 87 милиони долари, поради загубите во туризамот во октомври, ноември и декември 1988.

Ураган Вилма

[уреди | уреди извор]

Ураганот од четврта категорија- Вилма, пристигна на копното на Јукатан, со брзина на ветрот од 150 mph (240 км/ч). Окото на ураганот најпрво помина низ островот Козумел и потоа околу полноќ на 22 октомври ја фати плажата Плаја Дел Кармен во сојузната држава Кинтана Ро, со движење на ветрот околу 140 mph (230 км/ч). Делови од Козумел го искусија мирното око на Вилма и по неколку часови се забележа сино небо и сонце. Окото (центарот) продолжи да се движи северно, поминувајќи западно од Канкун-Кинтана Ро. Властите побараа од надлежните за туризмот да го откажат праќањето на туристи, кога ураганот почна да се приближува.

Образование

[уреди | уреди извор]

Иако Канкун е познат како туристичко одредиште, во последниве години се отворија и колеџи кои нудат високо образование на мексикански и странски студенти.

Првата високообразовна институција што беше основана е Институтот за Технологија, Канкун. По него се: Универзитетот Ла Сале Канкун, Универзитет Анахуак Канкун, Технолошки Универзитет на град Канкун, Универзитет на Карибите и Тех Милениум.

  1. 2010 census tables, MX: INEGI, Архивирано од изворникот на 2018-12-25, Посетено на 2015-03-21