ISO 639-1
ISO 639-1:2002, Кодови за претставување на имињата на јазиците — Дел 1: Алфа-2 код, е првиот дел од серијата на ISO 639 меѓународни (ISO) стандарди за јазични кодови. Дел 1 ја покрива регистрацијата на двобуквени кодови. Има регистрирано 136 вакви кодови. Во регистарот се опфатени позначајните јазици во светот.
Кодовите се корисни кратенки за меѓународно и формално претставување на еден јазик. На пример:
- Македонскиот е претставен со mk
- Англискиот е претставен со en
- Францускиот е претставен со fr
- Германскиот е претставен со de (од ендонимот Deutsch)
- Јапонскиот е претставен со ja (иако ендонимот му е Нихонго)
- Португалскиот е претставен со pt
- Шпанскиот е претставен со es (од ендонимот Español)
Првичниот стандард за јазични кодови ISO 639 е одобрен во 1967. Бил поделен на два дела, а во 2002 ISO 639-1 станал нова ревизија на тој стандард. Најновиот код е ht додаден на 26 февруари 2003, претставувајќи го хаитскиот креолски јазик. Употребата на овој стандард се препорачува од IETF-јазичните ознаки, воведени со RFC 1766 во март 1995, продолжени во RFC 3066 од јануари 2001 и RFC 4646 од септември 2006. Моменталната верзија е RFC 5646 од септември 2009. ISO 639-1 кодовите се регистрираат во службата Инфотерм (Меѓународен информативен центар за терминологија).
Не се додаваат нови ISO 639-1 кодови ако веќе постои ISO 639-2 код, така што системите кои користат ISO 639-1 и 639-2 кодови, со поретпочитање за 639-1 кодови не би биле приморани да ги менуваат постоечките кодови.[1]
Ако се користи ISO 639-2 код кој покрива група јазици, неговата употреба може да се замени за јазиците кои ќе добијат свој ISO 639-1 код.
ISO 639-1 | ISO 639-2 | Име | Додаден | Претходно под |
---|---|---|---|---|
io | ido | Идо | 2002-01-15 | art |
wa | wln | Валонски | 2002-01-29 | roa |
li | lim | Лимбуршки | 2002-08-02 | gem |
ii | iii | Сичуански Ји | 2002-10-14 | sit |
an | arg | Арагонски | 2002-12-23 | roa |
ht | hat | Хаитски Креол | 2003-02-26 | cpf |
Нема наведено посебно правило за постапување со микројазици (видете ISO 639-3).
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ISO 639-1/RA (англиски)
- ЧПП од Регистарската служба на ISO 639-2 (англиски)
Оваа статија од областа на стандардизацијата или метрологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |