Koenigsegg
Вид | акционерско друштво |
---|---|
Дејност | автомобилска |
Основано | 1994[1] |
Основач | Кристијан фон Кенигсег |
Седиште | , |
Клучни личности | Кристијан фон Кенигсег Борд Екер |
Производи | спортски автомобили |
Вработени | 400 (2021) |
Мреж. место | koenigsegg.com |
Koenigsegg („Кенигсег“) — шведски производител на егзотични спортски автомобили. Претпријатието е основано во 1993 г. од страна на Кристјан фон Кенигсег, сега нејзин извршен директор. Во 2004 г. на Женевскиот автосаем го претставија моделот „CCR“ кој неколку месеци подоцна, на патеката Протоипо Нардо во Итлија го сруши рекордот за најбрз сериски автомобил постигнувајќи брзина од 387 км/ч. За големо достигнувње на производителот се смета моделот „CCX“ кој не претставува напредок во перформанси но е прилагоден за најголемиот пазар на егзотични автомобили — САД.
Во 2011 г. е претставен моделот „Agera“ во три варијанти, секоја со мотор со работна зафатнина од 5.000 см³ и над 1.000 коњски сили. Уредништвото на списанието Top Gear го прогласило возилото за „Хиперавтомобил на годината“.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]- 1993 г. Проектот „CC“ е започнат. Уште на почетокот замислата била јасна, двосед, со мотор пред задната оска и технологија од Формула 1. Работено е во мрежа на способни дизајнери и инженери од шведските универзитети и претпријатија.
- 1995 г. Претпријатието е преселенао во Улофстрем, јужна Шведска. За само година и пол, првиот прототип е подготвен за проби.
- 1996 г. Година на проби, како во воздушниот тунел на Волво и Техноошкиот институт „Чалмерс“ така и на патеката каде возачи како Пико Троберг, Кале Росенблад и Рикард Ридел биле оставени без здив од перформансите на автомобилот.
- 1997 г. Нов, подобрен прототип е составен и претставен на филмскиот фестивал во Кан. Новиот автомобил има нов монокок како и нов модул кој дозволува лесно менување на различни сетинзи на автомобилот.
- 1998 г. Година на уште проби. За да се докаже дека е безбеден за патот, автомобилот поминал низ 57 различни проби. Претпријатието е повторно преселена, овојпат во Енгелхолм исто така во јужна Шведска.
- 1999 г. Се вработуваат висококвалификувани инженери со искуство од претпријатија како каоко Saab, Bentley и Bugatti. Со помош на компјутерски програми (CAD/CAM) почнато е планирање на деловите на автомобилот
- 2000 г. Трет прототип „CC“ е подготвен за премиера на Парискиот автосаем на 28 септември. Производна линија е започната во просториите на претпријатието
- 2001 г. Моделот привлекува големо внимание, артикли се објавени во скоро сите светски списанија и добива неколку награди за дизајн меѓу кои и престижната награда „Red Dot“. Читателите на шведското списание Automobil го избираат за автомобил на годината. Списанието Car and Driver, после извршените проби пишува дека „CC“ е подобар од конкурентите во категориите на забрзување, сопирање и управливост.
- 2002 г. Првиот сериски модел „CC8S“ е составен и предаден на првиот сопственик на Женевскиот автосаем. Уште 4 автомобили се составени од кои 2 за спектакуларната премиера во Сеул, Јужна Кореја.
- 2003 г. Извршени се мали измени на суспензијата и дизајнот на моделот. Поради позар во старата фабрика, претпријатието се сели уште еднаш, овојпат во поранешна база на шведското воздухопловство во Енгелхолм. Top Gear го именува моделот како најбрзиот автомобил што тие некогаш го испробувале.
- 2004 г. Историскиот модел „CCR“ е претставен на Женевскиот автосаем. Автомобилот има измени кои ги зголемуваат перформансите над тие од сите конкуренти, 806 кс и проектирана брзина од 395 км/ч. Неколку месеци подоцна го руши рекордот за најбрзиот автомобил во сериско производство.
- 2005 г. Составување нови автомобили за продажба и усовршување на автомобилот.
- 2006 г. Претставување на новиот модел за американскиот пазар наречен „CCX“. Со овој модел претпријатието ја прославува 10-годишнината од првиот прототип и влегува во најголемиот пазар за овој вид на автомобили.
Технички одлики на „CCR“
[уреди | уреди извор]мотор: алуминиумски, 8 цилиндри во форма на латинската буква B, 4700 кубни сантиметри каросерија: јеглеродни влакна, алуминиум и челик пренос: шестстепен рачен менувач, погон на задни тркала тежина: 1230 кг димензии: 4190 x 1990 x 1070 см воздушен отпор: 0,297 <math>\scriptstyle C_\mathrm d\ ефект: 806 кс (900 ако се вози на етанол) 920 Њм при максимални 7600 врт/мин 0 до 100 км/ч: 3,2 секунди 0 до 200 км/ч: 8,2 секунди четвртина милја: 9,7 с (при 245 км/ч на крајот) максимална брзина: 395 км/ч
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Koenigsegg Agera (2011)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Службен портал на Koenigsegg“. Koenigsegg. Архивирано од изворникот на 2010-01-02. Посетено на 2010-04-17. (англиски)
- ↑ „Награди на TopGear за 2010 г.: Хиперавтомобил на годината“. Top Gear. Архивирано од изворникот на 2015-05-12. Посетено на 5 септември 2011. (англиски)