1238
< XII век | XIII век | XIV век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1238 MCCXXXVIII |
Ab urbe condita | 1991 |
Ерменски календар | 687 ԹՎ ՈՁԷ |
Асирски календар | 5988 |
Балиски календар | 1159–1160 |
Бенгалски календар | 645 |
Берберски календар | 2188 |
Будистички календар | 1782 |
Бурмански календар | 600 |
Византиски календар | 6746–6747 |
Кинески календар | 丁酉年 (огн. петел) 3934 или 3874 — до — 戊戌年 (зем. куче) 3935 или 3875 |
Коптски календар | 954–955 |
Етиопски календар | 1230–1231 |
Еврејски календар | 4998–4999 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1294–1295 |
- Сачка ера | 1159–1160 |
- Кали-југа | 4338–4339 |
Холоценски календар | 11238 |
Игбоански календар | 238–239 |
Ирански календар | 616–617 |
Исламски календар | 635–636 |
Јапонски календар | Катеј 4 / Рјакунин 1 (暦仁元年) |
Јавански календар | 1147–1148 |
Јулијански календар | 1238 MCCXXXVIII |
Корејски календар | 3571 |
Мингуо-календар | 674 пред Р. Кина 民前674年 |
Нанакшахи | −230 |
Тајландски сончев календар | 1780–1781 |
Тибетски календар | 阴火鸡年 (женски оган-петел) 1364 или 983 или 211 — до — 阳土狗年 (машка земја-куче) 1365 или 984 или 212 |
1238 (MCCXXXVIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1238 година од новата ера, 238. од вториот милениум, 38. од XIII век и деветта од 1230-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6746 и 6747 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5988 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4998 и 4999 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1991.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1238 година се протега во 3874 и 3875, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3934 и 3935 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1781. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 635 и 636 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]По место
[уреди | уреди извор]Европа
[уреди | уреди извор]- 4 март - Монголска инвазија на Русија - Битка кај реката Сит: Монголските Орди на Бату-хан ги поразуваат Русите, на чело со Јуриј II.
- 28 септември - Јаков I го освојува градот Валенсија од Маврите, кои се повлекуваат во Гранада.
- Седиштето на Патријархот од Аквилеја е префрлено во Удине.
- Симон V Монфорт се оженува за Елеонора Лестерска, сестра на Хенри III.
- Ливонскиот ред ја предава Северна Естонија на Данска.
- Монголските Орди освојуваат Москва, во тоа време мал град.
- Осветена е катедралата во Питерборо.
- Основачот на Насридската династија, Мухамед I, ја започнува изградбата на Алхамбра.
- Основан е Манастир Товадра во Бутан.
- За првпат се споменува градот Ошац.
- За првпат се споменува градот Лесниц.
- Ицехо добива градски права.
- Реновирена е црквата Сант Еусебио во Рим.
Азија
[уреди | уреди извор]- Основано е Кралство Сухотај во Тајланд.
Родени
[уреди | уреди извор]- 1 мај - Магнус VI Норвешки, крал на Норвешка (п. 1280)
- 3 мај - Емилија Бикери, италијански светец (п. 1314)
- ноември - Хенри де Монфорт, син на Симон де Монфорт, шестиот Ерл од Лестер (п. 1265)
- непозната дата
- Низамудин Аулија, индиски светец (п. 1325)
- Фридрих III, војвода од Лорен (п. 1302)
- Мајнхард II (п. 1295)
Починале
[уреди | уреди извор]- 4 март
- 19 март - Хенрик I Пјаст, војвода од Долна Шлеска (р. 1165)
- 9 јуни - Питер де Рош, епископ на Винчестер
- датум непознат
- Малик ел-Камил, султан на Египет
- Хју Ле Деспенсер, англиски благородник
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ ed., Elizabeth Ewan (2006). The biographical dictionary of Scottish women : from the earliest times to 2004 (Reprinted.. изд.). Edinburgh: Edinburgh Univ. Press. стр. 400. ISBN 0-7486-1713-2.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)