Хенри III
Хенри III Henry III of England Henri III d'Angleterre | |
---|---|
Крал на Англија | |
На престол | 18 октомври 1216 – 16 ноември 1272 ( | 56 години и 29 дена)
Крунисување | 28 октомври 1216, Глостер 17 мај 1220, Вестминстерска опатија |
Претходник | Јован |
Наследник | Едвард I |
Регент | Вилијам Маршал, Прв Ерлс на Пембрук (1216–1219) Хуберт фр Бург, Прв Ерл од Кент (1219–1227) |
Почивалиште | Вестминстерска опатија, Лондон |
Сопруга | Елеонора Прованска |
Деца | Едвард I Маргарита Беатриса Едмунд |
Династија | Династија Плантагенет |
Татко | Јован |
Мајка | Изабела Ангулемска |
Хенри III (1 октомври 1207 — 16 ноември 1272[[1]) (англиски: Henry III of England; француски: Henri III d'Angleterre) бил крал на Англија во периодот од 1216 до 1272 година, наследувајќи го својот татко Јован Безземниот. Неговото владеење било одбележано со неколку конфликти со бароните, а посебно со Симон Монфор. Тој бил наследен од страна на неговиот син Едвард I.
Рани години
[уреди | уреди извор]По смртта на неговиот татко, за нов крал на земјата бил избран Хенри, во 1216 година, на само девет години. Тој бил првиот малолетен крал на Англија. Добил поддршка од бароните, кои претходно барале од страна на францускиот крал Луј VIII, неговиот татко да биде симнат од престолот. Бидејќи бил малолетен и немал право да управува, со земјата де факто управувале бароните, кои уште на почетокот започнале да ја спроведуваат Големата повелба за правата, која била издадена под притисок од неговиот татко, а подоцна одбил истата да ја прифати. Регентите со земјата управувале до 1227 година, кога Хенри наполнил полнолетство.
Управување
[уреди | уреди извор]Во времето кога Хенри станал полнолетен тој настојувал да го обнови кралскиот авторитет, огледувајќи се на францускиот модел. Тој бил доста побожен како човек, па честопати доцнел на патувањата поради неговото инсистирање да присуствува на црковните служби по неколкупати во денот. Тој бил обземен од култот на Едвард Исповедник, крал кој владеел до 1066 година. Едвард ја основал Вестминстерската опатија. Главно поради тоа, тој повикал неколку архитекти од Франција да ја реновираат катедралата во готски стил. Во централниот дел од катедралата бил сместен гробот на Едвард.
Оксфордски прописи
[уреди | уреди извор]Хенри бил принуден да го финансира походот на папата во Сицилија. Голем број на барони започнале да сметаат дека Хенри ги продолжил реформите на својот татко. За таа цел, тој во 1258 година ги зголемил даноците за да ги плати своите долгови кои се зголемиле за време на војната со Велс. Поразителната дипломатија и сите порази го принудиле на Хенри да се откаже од земјите во Франција. Во времето кога тој се согласил да ги почитува папските одредби, бароните во земјата започнале силно да му се спротивставуваат.
Симон Монфор во тоа време станал водач на бароните, кои барале од кралот да ги почитува одредбите од Големата повелба. Во 1258 година, Хенри бил принуден да започне со спроведувањето на Оксфордските прописи, според кои требало да биде укината апсолутната власт на монархот, а власта да се предаде на 15 барони, кои де факто би владееле. Освен тоа, би бил создаден парламент. Овие прописи во употреба биле само неколку години, поради разделувањето на бароните на повеќе фракции. Хенри повторно ја повратил својата апсолутна власт во земјата, поништувајќи ги Оксфордските прописи. Ова било причина за започнување на Граѓанска војна во 1264 година. Принцот на Велс, Едвард и најголемиот син на Хенри ги раководите кралските војски, додека на другата страна застанале силите на Монфор. Во една од битките, Монфор успеал да го победи на принцот Едвард и да го зароби Хенри III, со кое тој добил апсолутна власт во земјата. Бароните го подржиле на Монфор главно поради роднинските врски со кралот (му бил сват), и поради почитувањето на Оксфордските прописи. Во 1264 година, тој ги повикал рицарите, свештениците од секоја грофовија да биде создаден парламент. Во 1265 година биле повикани и граѓаните од различни делови на земјата.
Враќање на власта
[уреди | уреди извор]Во текот на 1265 година, Симон Мофор дошол до конфликт со еден од најмоќните грофови од Глостер, а принцот Едвард успеал да побегне од затвор. Едвард и Глостер собрале армија и го поразиле на Монфор. По ова, Монфор бил убиен а Хенри пуштен од затвор. Хенри ја вратил својата власт, но владеењето било целосно препуштено на Едвард. По 56 години од владеењето, тој починал во 1272 година.
По неговата смрт, тој бил наследен од страна на неговиот син Едвард I.
Наводи
[уреди | уреди извор]Хенри III Роден(а): 1 октомври 1207 Починал(а): 16 ноември 1272
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Јован |
Крал на Англија Владетел на Ирска 1216 – 1272 |
Наследник Едвард I |
Претходник Хенрик V Палатински |
Наследник Ричард, Прв Ерл од Корнвел | |
Владејачки титули | ||
Претходник Јован I |
Војвода од Аквитанија 1216 – 1272 |
Наследник Едвард I |
|
|