Наскански линии
- За други значења на поимот Наска видете Наска (појаснување)
14°43′00″S 75°08′00″W / 14.71667° ЈГШ; 75.13333° ЗГД
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | културно: i, iii, iv |
Навод | 700 |
Запис | 1994 (18-та заседание) |
Насканските линии се низа на стари геоглифи кои се наоѓаат во пустината Сечура во Перу. Тие се денес дел од светското културно наследство на УНЕСКО. Површината кои ја зафаќаат линиите е околу 80 километри помеѓу градовите Наска и Палпа. Иако некои од линиите и приказите наликуваат на елементи од културата на Паракас, сепак научниците тврдат дека тие се всушност дел од културата на Наските кои датираат од 200 п.н.е. до 700 година. Линиите се во форма на различни животни.
Линиите се создадени со помош на копање, односно со отстранување на црвеникавата површина и со појавување на посветла почва. Голем број од формите имаат геометриска структура, но има и во форма на живони како на пример птица, мајмун, риба и човекови форми. Најголемата фигура е долга 200 метри. Денес има голема дебата за причините за создавање на линиите, но голем дел од истражувачите веруваат дека тие имале религиозна цел.
Поради сувата клима која владее во тој дел од Перу, линиите денес се доста добро зачувани. Мали промени на климата во пустинскиот дел може да оштети голем дел од формите.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Користена литература
[уреди | уреди извор]- Aveni, Anthony F. (ed.) (1990). The Lines of Nazca. Philadelphia: American Philosophical Society. ISBN 0-87169-183-3
- Haughton, Brian. (2007). Hidden History: Lost Civilizations, Secret Knowledge, and Ancient Mysteries. Career Press. ISBN 1-56414-897-1
- Lambers, Karsten (2006). The Geoglyphs of Palpa, Peru: Documentation, Analysis, and Interpretation. Lindensoft Verlag, Aichwald/Germany. ISBN 3-929290-32-4
- Reinhard, Johan (1996) (6th ed.) The Nazca Lines: A New Perspective on their Origin and Meaning. Lima: Los Pinos. ISBN 84-89291-17-9
- Stierlin, Henri (1983). La Clé du Mystère. Paris: Albin Michel. ISBN 2226018646
- von Däniken, Erich (2003). Arrival of the Gods: Revealing the Alien Landing Sites of Nazca. Vega, London. ISBN 1-84333-053-9; first published (1977) as "Zeichen für die Ewigkeit". Bertelsmann Verlag, Munich.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Наскански линии“ на Ризницата ? |
- Наскански линии на Curlie (англиски)
- Насканските линии на Google Земја Архивирано на 26 октомври 2019 г.
|