[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Мост Луис I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мост Луис I
Местоположба
Карта

Мостот Луис I е комбиниран метален лачен мост над реката Дуро во Португалија. Ги поврзува градовите Порто и Вила Нова де Гаја. Изграден бил во 1886 година според дизајнот на Теофил - ученик и придружник на Густав Ајфел. Именуван по тогашниот владејачки крал Луис I.

Поглед на мостот од Вила Нова де Гаја

Мостот е со должина од 385,25 м и тежок 3045 тони, должината на заоблениот распон е 172 м, а неговата висина е 44,6 м. Горното ниво е наменето за поврзување на горната област на Порто, која се наоѓа веднаш до железничката станица Сао Бенто, со горниот дел на Вила Нова де Гаја. Од 2003 година, горниот дел од мостот е затворен за автомобили и се користи за трамваи и пешаци.

Мостот Луис I е уникатен симбол на градот Порто. Неговата слика често може да се најде на етикетите на локалното Порто вино.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]