Луис Саливен
Луис Хенри Саливен | |
---|---|
Роден(а) | 3 септември 1856 Бостон, САД |
Починал(а) | 14 април 1924 Чикаго, САД |
Националност | Американец |
Зданија | Аудиториумска зграда |
Луис Хенри Саливен (3 септември 1856, Бостон – 14 април 1924, Чикаго) бил американски архитект, кој се смета за претходник на рационализмот и татко на американскиот модернизам. Бил создавач на едни од првите облакодери, како и концепцијата на ограничена архитектура. Бил истакнат претставник на чикашката школа и еден од основоположниците на прерискиот стил. Бил и учител на Френк Лојд Рајт.
Во една своја статија во 1896 година, Саливен за првпат го споменал законот според кој „формата ја следи функцијата“.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Рани години
[уреди | уреди извор]Луис Хенри Саливен[2] се родил на 3 септември 1856 година во Бостон, во семејство на танчер, иселеник од Ирска и иселеничка од Швајцарија.[3] Детството го поминал, истражувајќи ја природата на имотот на неговите баба и дедо.[4] Завршил основно училиште во 1870 година, по што се запишал во англиската гимназија во Бостон. Но, неговите интереси се промениле, па долго време поминал, скитајќи по улиците низ Бостон и набљудувајќи ги зградите, од кои бил фасциниран. Така во 1872 година ја напуштил гимназијата и се запишал на МИТ, каде што изучувал архитектура.[4] На МИТ поминал само една година, а веќе во јуни 1873 се преселил во Филаделфија, каде што работел заедно со архитектот Френк Фурнес. Во меѓувреме неговите родители се преселиле во Чикаго. Откако заминал во Чикаго, се вработил кај Вилијам Ле Барон Џени.[3]
Во 1874 година, заминал во Париз, каде што студирал архитектура, но останал само кратко. во 1875 година се вратил во Чикаго, каде што се вработил кај Џонсон Еделман.[4] Во 1876 година му била доделена задачата да ја уреди внатрешноста на „Мрачната колиба“ во Чикаго, а Саливен истата ја завршил одлично, за што добил бројни пофалби.[4]
Соработката со Адлер
[уреди | уреди извор]Со Данкмар Адлер, Саливен бил запознаен од страна на Џонсон Еделман. Во 1879 година, Еделман го напуштил Чикаго, па Саливен останал без работа, но веќе во 1880 година започнал да работи со Адлер.[5] Во 1883 година, Саливен станал соработник на Адлер, па фирмата го добила името Adler & Sullivan.[4] Двајцата, одлично соработувале и набргу го добиле признанието, „учители по архитектура“. Фирмата била ангажирана во изградба на околу 180 градби, главно административни, но и театри. Меѓу најпознатите градби, кои произлегле од соработништвото на Саливен со Адлер се „Аудиториумската зграда“, зградата на берзата во Чикаго и „Шилеровата зграда“.
Во 1887 година, во Adler & Sullivan се вработил Френк Лојд Рајт. Саливен, веднаш станал негов учител, а неговиот однос со Рајт, го потврдил и самиот Рајт, кој го нарекол „lieber-Meister“ („посакуван мајстор“).[6] Учителството на Саливен над Рајт имало големо влијание во создавањето на прерискиот стил.
Во 1895 година, Адлер го напуштил соработништвото по караница која настанала, кога овој сакал да ги вработи своите два сина во компанијата.[4]
Подоцнежни години
[уреди | уреди извор]Во март 1896 година, Саливен ја издал познатата статија „Уметнички поглед на високите административни згради“ во која за првпат го споменал законот, според кој „формата е последица на функцијата“. Во следните неколку години, бил малку активен. Сепак, во периодот од 1899 до 1904 година работел на изградбата на една од неговите најпознати градби, стоковната куќа Carson Pirie Scott во Чикаго.[4][5] Иако во помал број, во првите години од XX век, Саливен работел на изградбата на банки, придржувајќи се кон принципот на детални орнаменти. Негова најпозната градба од овој период е зградата на National Farmer's Bank во Оватона, која бил довршена во 1908 година.[4]
Обрнувајќи големо внимание на орнаментот при изградбата на градбите, Саливен работел и како цртач на орнаменти, а ја издал и книгата „Систем на архитектонскиот орнамент“, посветена на улогата на орнаментот во архитектурата.[5]
Во 1918 година, бил принуден да ја напушти својата канцеларија во Аудиториумската зграда. Бил во големи финансиски проблеми, но во 1919 година добил финансиска помошт од Френк Лојд Рајт и други пријатели.[4] Неговото здравје постепено се влошувало, имајќи бубрежни и срцеви проблеми. Починал на 14 април 1924 година во Чикаго.
Значајни дела
[уреди | уреди извор]- Гробницата на Мартин Раеерсон на гробиштата Грејсленд, Чикаго (1887);
- „Аудиториумска зграда“, Чикаго (1889);
- „Железничка зграда“, Сент Луис (1890);
- Гробницата на Кери Елиза Гети на гробиштата Грејсленд, Чикаго (1890—1891);
- „Транспортна зграда“, Чикаго (1893—1904);
- Облакодерот „Бафало“ (1894—1895);
- стоковна куќа Carson Pirie Scott, Чикаго (1899);
- „Зградата Шлезингер и Маер“, Чикаго (1899—1904);
- руската православна црква „Света Троица“, Чикаго (1903);
- зградата на National Farmer's Bank, Оватона (1908);
- зградата на Peoples Savings Bank, Кедар Репидс (1910—1911);
- „Зграда Хенри Адамс“, Алгона (1913);
- „Ван Аленова зграда“, Клинтон (1914);
- зградата на Merchants' National Bank, Гринел (1914);
- зградата на Home Building Association Company, Неварх (1914);
- „Музичка продавница Краус“, Чикаго (1922).
Галерија на слики
[уреди | уреди извор]-
Зградата на берзата во Чикаго
-
Руската православна црква во Чикаго
-
Транспортната зграда во Чикаго
-
Стоковната куќа Carson Pirie Scott во Чикаго
-
Орнамент на „Ван Аленовата зграда“ во Клинтон
-
Гробницата на Кери Елиза Гети на гробиштата Грејсленд во Чикаго
-
Реконструкција на влезот на чикашката берза од страна на Уметничкиот институт од Чикаго
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The tall office building artistically considered
- ↑ Hugh Morrison, Louis Sullivan: Prophet of Modern Architecture, Norton, New York, 1998, 2.
- ↑ 3,0 3,1 Louis Henry Sullivan, Architect.architecture.com
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Louis Sullivan, Praire Styles
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Louis Sullivan at 150 Архивирано на 18 октомври 2010 г., Chicago History Museum
- ↑ Frank Lloyd Wright: Genius and the Mobocracy, Duane, Sloan and Pearce, New York, 1949.
Литература
[уреди | уреди извор]- Columbian Gallery – A Portfolio of Photographs of the World’s Fair, The Werner Company, Chicago, 1894.
- Condit, Carl W., The Chicago School of Architecture, University of Chicago Press, Chicago, 1964.
- Connely, Willard, Louis Sullivan as He Lived, Horizon Press, Inc., New York City, 1960.
- Engelbrecht, Lloyd C., "Adler and Sullivan’s Pueblo Opera House: City Status for a New Town in the Rockies", The Art Bulletin, Published by the College Art Association of America, June 1985.
- Gebhard, David, in Journal of the Society of Architectural Historians, May 1960.
- Morrison, Hugh, Louis Sullivan – Prophet of Modern Architecture, W.W. Norton & Co., Inc. New York City, 1963.
- Sullivan, Louis, The Autobiography of an Idea, Press of the American institute of Architects, Inc., New York City, 1924.
- Sullivan, Louis, Kindergarten Chats and Other Writings, Dover Publications, Inc., New York City, 1979.
- Sullivan, Louis H. Louis Sullivan: The Public Papers Ed. Robert Twombly, Chicago University Press, Chicago & London, 1988
- Thomas, Cohen and Lewis, Frank Furness – The Complete Works, Princeton Architectural Press, New York City, 1991.
- Twombly, Robert, Louis Sullivan – His Life and Work, Elizabeth Sifton Books, New York City, 1986.
- Vinci, John, The Art Institute of Chicago: The Stock Exchange Trading Room, The Art Institute of Chicago, 1977.
- Weingarden, Lauren S. "Louis H. Sullivan: A System of Architectural Ornament" [1924]. Co-published by the Art Institute of Chicago and Ernst Wasmuth Verlag (Germany); distributed by Rizzoli International (U.S.), Wasmuth (Germany), Mardaga (France), 1990.
- Weingarden, Lauren S. "Louis H. Sullivan: The Banks". Cambridge, Mass.: MIT Press, 1987.
- Sullivan, Louis H. Twombly, Robert C.: Louis Sullivan: the public papers, University of Chicago Press, 1998, ISBN 0-393-73023-9; ISBN 978-0-393-73023-4.
- Frank Lloyd Wright: Genius and the Mobocracy, Duane, Sloan and Pearce, New York 1949.
- Claude Massu: L'architecture de l'école de Chicago, Dunod, Paris, 1993.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Луис Саливен“ на Ризницата ? |
- Lieber-Meister - The Louis Sullivan Page
- Louis Henry Sullivan, Architect.architecture.comсж
- Sullivan at 150 - extensive list and photos Архивирано на 29 септември 2007 г.
- Tribute to Louis Sullivan - 150 Years Архивирано на 26 мај 2008 г.
- Article on fragments of Adler and Sullivan Buildings in Chicago[мртва врска]
- Louis Sullivan, Prarie Styles
- "Sullivan's Banks", Хајнц Емигхолц
|