[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Кукуш

Координати: 40°59′N 22°52′E / 40.983° СГШ; 22.867° ИГД / 40.983; 22.867
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кукуш
Κιλκίς
Поглед на Кукуш зиме
Поглед на Кукуш зиме
Кукуш is located in Грција
Кукуш
Кукуш
Местоположба во областа
Кукуш во рамките на Кукуш (општина)
Кукуш
Местоположба на Кукуш во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°59′N 22°52′E / 40.983° СГШ; 22.867° ИГД / 40.983; 22.867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Управа
 • ГрадоначалникБаласкас Вагелис
Површина
 • Општина1.599,6 км2 (6,176 ми2)
 • Општ. един.319,8 км2 (1,235 ми2)
Надм. вис.&10000000000000280000000280 м
Население (2011)[1]
 • Општ.51.926
 • Општ. густина3,2/км2 (8,4/ми2)
 • Општ. един.28.745
 • Општ. един. густина9,0/км2 (23/ми2)
Заедница
 • Население24274
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.611 00
Повик. бр.23410
Рег. таб.NI, ΚΙ*
Мреж. местоwww.e-kilkis.gr

Кукуш (грчки: Κιλκίς, Килкис, турски: Kılkış, Килкиш) — град во Егејска Македонија, седиште на Општина Кукуш и Кукушкиот Округ, денес во областа Централна Македонија во Грција. Според податоците од пописот, во 2011 година во градот живееле 22.914 луѓе, во општинската единица биле евидентирани 28.745 луѓе и 51.926 во општината.

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Кукуш се наоѓа во регион кој во минатото бил мултиетнички и бил познат по неколку различни имиња. Името на градот во времето на Византија било Каликон додека кај Грците бил познат како Калкис или Килкис. Во еден црковен кодекс од 1732 година името на градот се споменува како Килкиси (Κηλκήση).[2] На јазиците на Јужните Словени, името на градот е познато како Кукуш.[3], додека од страна на Турците, градот е познат како Килкиш.

Географија

[уреди | уреди извор]

Кукуш се наоѓа 35 километри северно од Солун. Тој е расположен на една ридеста месност, која на североисток се слева со Круша Планина (Карадаг) и е сред една од најбогатите рамнини во Македонија. Го опфаќа пространството во југозападниот правец на Долновардарската Низина, во подножјето на ридот Свети Ѓорѓи, наречена по светецот-заштитник на Кукуш.

Историја

[уреди | уреди извор]

Антички период

[уреди | уреди извор]

Археолошките податоци кои биле пронајдени во близина на градот датираат уште од бронзеното и железното време, вклучувајќи антички гробници од 2 милениум пред нашата ера. Во класичната антика, поширокиот регион на Кукуш бил управуван од страна на Кралство Македонија. Во тоа време, Кукуш се наоѓал во центарот на регионот наречен Крестонија. Кога Филип II Македонски ја посетил Крестонија, месните жители му понудиле маслинки од Крестонската долина, нешто што тој никогаш не го имал вкусено претходно[4]. Во тоа време многу градови започнале да се развиваат во регионот, како во регионот, како што биле Идомени, Аталанти (Бојмица во денешно време), Гортинија (Горгопик во денешно време), Планиница, Терпилос итн.

Римско-византиски период

[уреди | уреди извор]

Во 148 п.н.е., Римјаните ја освоиле областа каде денеска се наоѓа Кукуш. Во доцната антика регионот бил цел на напади и инвазии на различни племиња како што биле Готите, Хуните, Аварите и Словените, а некои од нив постепено се населиле на Балканскиот Полуостров.

Во средниот век, Кукуш често бил освојуван од страна на Византија, Бугарија и Македонија во времето на цар Самуил. Во времето кога бил освоен, дел од жителите на Кукуш го напуштиле регионот и заминале во Калабрија, во јужниот дел на Италија, каде го основале селото Галицијано. За време на владеењето на Палеолозите, во регионот биле завршени голем број на важни инфраструктурни работи.

Отомански период

[уреди | уреди извор]
Опожарениот Кукуш во 1912 година
Кукуш
Британски војници кај Кукуш
Археолошки музеј

Периодот на просперитет завршил во 1430 година, кога Солун и целиот регион на Македонија бил освоен од страна на Османлиите.

Градот бил основан како вакафско село, меѓутоа постепено ја менувал својата народносна структура и станал типична македонска средина, во која се создале услови за развој на македонската просвета и култура. Кон крајот на 19 и почетокот на XX век, Кукуш бил дел од Солунскиот вилает во рамките на Отоманското Царство.

Во првата половина на XVIII век Кукуш било евидентирано како село[5]. Населбата која тогаш била чифлик, настрадала за време на Грчкото востание од 1821 година, според податоците од ферманот од август 1828 година.

Кон крајот на 19 почетокот на XX век Кукуш бил голем речиси чист македонски град. Градот одиграл голема улога во текот на македонското преродбеничко движење во средината на XIX век. Поради својата пробуденост Кукуш бил наречен политичко гнездо,[6] а градот бил овековенчен во песната Т'га за југ од Константин Миладинов.[7] Културно-политичката атмосферата која била создадена во родното место на Гоце Делчев, благотворно повлијаела врз изградувањето на идниот организатор на македонското национално-ослободително движење.[6]

Во 1840 година во градот започнал да предава Димитар Миладинов на грчки јазик, но наскоро бил протеран од црковните власти, се закана да биде заточен. На негово место дошол Андроник Јосифчев. Во 1857 година Миладинов се вратил да предава во Кукуш заедно со Рајко Жинзифов, во бугарското училиште. Владиката Мелетиј Византиски на ова се побунил, но без успех. Во следниот период жителите на градот побарале и свој владика, на кое се спротивставила Цариграската патријаршија. Поради постојаните конфликти во грчките верски водачи, излезот за македонската национална самобитност бил побаран преку обид за унија[8] со Римокатоличката црква.[9]

Во исполнување на условот за запирање на унијатското движење во Кукуш, на 29 октомври 1859 година Партенија Зографски бил ракоположен за епископ во Дојран, по кое пеењето во црквата било црковнословенски јазик. Ова назначување било дочекано со восхит од страна на македонското црковно движење, како и од Кукушките Македонци. Партениј застанал на чело на македонската црковна борба. Тој започнал со обиколување на епархијата, ја проширил употребата на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите и помагнал за отворање на училишта. Постепено владиката ја изгубил поддршката од населението и тој бил принуден да ја напушти епархијата и да се врати во Цариград во 1867 година. Во 1867 година постот повторно бил заземен од Мелетиј, кој бил познат противник на македонското движење.

Во почетокот на 1874 година шест општини (Солунска, Дојранска, Воденска, Кукушка, Струмичка и Малашевска) застанале против Егзархијата. Три од нив (Солунска, Воденска и Кукушка) побарале од Егзархијата да биде формирана нова самостојна епархија со центар Кукуш, а епископот Нил Изворов да стане нејзин митрополит. По добиениот отказ од страна на Егзархијата, општините се обратиле кон англискиот конзул за да бидат примени во Англиканската црква на чело со својот епископ. По одбивањето на Англичаните тие се обратиле кон епископот Рафаел Попов, глава на Бугарската унијатска црква, кој одговорил позитивно на нивното прашање за можно пристапување кон Рим.

Унијатите во градот, на чело со владиката Епифаниј Шанов, ги држеле двете големи цркви „Свети Ѓорѓи“ и „Света Богородица“, а за православните останала малата „Свети Атанасиј“. Во рацете на унијата поминало и училишното здание кое ги принудило на православните да го окупираат епископскиот дом на избрканиот во 1879 година владика Мелетиј и таму било префрлено егзархиското училиште до изградба на новата училишна зграда. Во бугарското основно училиште учеле Гоце Вангелов, Гоце Делииванов и Гоне Ковачев. Во класното училиште Христо Бучков предавал турски и француски, поп Атанас од Охрид историја и географија, Туше Делииванов македонски народен јазик, Христо Тенчев аритметика, Петар Мавродиев природна историја[10].

Во времето на т.н. борба за Македонија во Кукушк бил формиран Кукушки револуционерен реон, кој спаѓал под Солунскиот револуционерен округ на МРО. Од друга страна во реонот делувале и грчките андартски чети на чело со Георгиос Самарас, Јоанис Доиранлис и Петрос Кукидис. Голема поддршка за грчките сили дало семејството Чацијапостулу кое имало голема фарма во Јанешево, и која служела за нивно засолниште[11].

Балкански војни

[уреди | уреди извор]

Кон 1912 година во Кукуш имало мешано трикласно училиште, три главни мешани училишта и две забавишта. Главен учител бил Никола Хрлев, а освен него во градот предавале А. Георгиев, М. Стаматов, Ст. Хаџиев, М. Зенгилеков, Н. Попова, В. Тенчева, С. Гркова, Б. Чичеклиев, А. Чокаранова, Елена Кавракирова, Марија Измирлиева и Е. Тодорова. Во селата околу градот учеле уште Велика Чопова, Вера Сакова, Елена Атанасова и Марија Зографова[12]. Во градот во 1912 година по иницијатива на државјанството и со помош на општината е отворена бугарска болница со главен лекар Константин Станишев. Во февруари 1913 година во Кукушко околијата, под негово раководство започнала вакцинација против вариола. Во Кукуш во тоа време имало и католичка болница под водство на отец Иван, под раководство на игуменот на локалниот манастир Густав Миштел.[13].

Градот Кукуш бил заземен на 23 октомври 1912 година од Македонско-одринските доброволни чети, предводени од Гоце Междуречки и Тодор Александров. Во градот била организирана локална власт која го разоружила турското население и собирало 1400 пушки[14]. Во градот била воспоставена бугарска воено-административна управа на чело со Тодор Александров[15].

Во текот на Втората балканска војна, Кукуш бил опожарен од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Во текот на пожарот биле изгорени 1.846 куќи, 612 дуќани и 6 водениции[16]. Во областа биле разурнати и опожарени манастирот „Свети Ѓорѓи“ и 40 други села.

По крајот на Балканските војни, Кукуш бил вклучен во составот на Грција. По протерување на македонското население, новиот Кукуш бил изграден во близина железничката пруга која води кон Солун, околу црквата „Св. Ѓорѓи“. На ова место се доселиле погрчени Македонци, во најголем дел од Струмица. Овде тие ја изградиле црквата посветена на Петнаесетте тивериополски маченици, именувана по истоимената црква која се наоѓа во Струмица.

Во средината на 1920-тите години, по крајот на Грчко-турската војна и поразот на Грција, во градот се населиле грчки бегалци од Мала Азија според договорот од Лозана, додека муслиманското население заминало од регионот кон Турција. Ова населување довело до зголемување на бројот на населението.

За време на окупацијата на Грција од страна на Оската во Втората светска војна, Кукуш бил вклучен во Бугарската окупациона зона, која се проширила и на префектурите на Кукуш и Халкидик, откако нацистите го дозволиле тоа. Во текот на војната во регионот постојано доаѓало до судири помеѓу Грчката народно-слободителна армија и Тагмата асфалиас.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според отоманскиот попис од 1530 година, во Кукуш имало 195 христијански домаќинства[17].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кукуш е наведен како град со 1170 семејства, 155 муслимани, 40 цигани и 5325 Македонци[18][19]. Според Ванчо Ѓорѓиев, во последната деценија на XIX век, градот имал 12.000 жители, односно 2.000 македонски куќи и 200 турски.[9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 7750 жители, од кои 750 Турци и 7000 Македонци[18][20]. Целиот град во практика бил под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кукуш живееле 9712 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, 40 србомански патријаршисти, 592 македонски унијати и 16 протестанти. Во градот имало две основни и едно средно училиште[21].

Голем дел од македонското население по крајот на Балканските војни заминало од селото кон Струмица и околните села а дел побегнале кон Бугарија[22]. Поради тоа, на пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 1590 жители. Голем дел од нив биле населени од Струмица, поради кое градот меѓу населението бил познат како Нова Струмица[23]. Во 1920 година биле евидентирани 2236 жители, додека во 1928 година имало 1679 бегалски семејства со 6433 лица[24].

Во 1940 година селото броело 8356 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 9702 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 10947 жители, во 1971 година имало 10538 жители, во 1981 година имало 11148 жители, додека во 1991 година имало 12139 жители[25] а во 2001 имало 198 жители. Денеска, населението на селото е 22914 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 8356 9702 10947 10538 11148 12139 17730 22914
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Администрација

[уреди | уреди извор]
Димитар Влахов
Гоце Делчев

Општината Кукуш била формирана по реформата на локалната власт во 2011 година со спојување на следните 7 поранешните општини, кои станале општински единици[26]:

Општината располага со површина од 1,599.604 км2, општинската единица 319,834 км2[27].

Кукуш е домаќин на фудбалскиот клуб ФК Килкиаијакос кој учествува во втората грчка фудбалска лига и ракометниот клуб на ГАС Кукуш која го има освоено грчки куп.

Личности

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Doumpia, Historical documents
  3. [Article in Greek: Georgios Echedoros, Published in newspaper "Machitis tou Kilkis / Μαχητής του Κιλκίς", (Kilkis Fighter), Kilkis 8 January 1996]
  4. ["N.G.L. Hammond, A History of Macedonia I" (1972)]
  5. Хилендарската кондика от XVIII век. Претставена от Божидар Райков, София 1998, с. 41, 43 (записи в кондика на Хилендарския манастир от 1741 г.).
  6. 6,0 6,1 Христо Андонов - Полјански, Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978.
  7. Димитар Димески, Гоце Делчев, Битола, 1990
  8. Радев, Симеон. Македония и Българското възраждане, Том I и II, Издателство „Захарий Стоянов“, Фондация ВМРО, София, 2013, стр. 116.
  9. 9,0 9,1 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003.
  10. Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 40.
  11. [In Greek: "Christos Intos: Centres of Organization, Action and Resistance of the Greeks of Kilkis Prefecture during the Macedonian Struggle" Proceedings of Conclave "100 Years after Pavlos Melas' Death", Company of Macedonian Studies, Thessaloniki 2004]
  12. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 37
  13. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 50
  14. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр.110
  15. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 125
  16. Македонски мартиролог, съставител Цочо Билярски, Анико, София, 2005, стр.162.
  17. Harun Yeni, Demography and Settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region According to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri Dated 1530, Supervisor: Prof. Halil İnalcık, Bilkent University, Department of History, Σεπτέμβριος 2006, σελ. 96
  18. 18,0 18,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  19. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161.
  20. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164.
  21. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 98-99.
  22. Симовски, Тодор (1998). „1“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 96.
  23. [in Greek: "Trapped...the Greeks of Skopje", Dimitrios Alexandrou, Erodios, Thessaloniki 2008]
  24. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  25. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  26. Kallikratis law Архивирано на 15 мај 2011 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  27. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]