[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Кубрат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кубрат
Владетел на Стара Велика Бугарија
Кубрат (во средина) со неговите синови
На престолок. 632 – ок. 650/665?[1]
ПретходникГостун
НаследникБатбајан
Роден(а)606
Починал(а)665
Стара Велика Бугарија
Почивалиште
Перешепина (сега во Украина)
ДинастијаДуло
ПотписКубрат's signature

Кубрат (бугарски: Кубрат, грчки: Χουβρατις) е основач и прв владетел на прабугарската племенска конфедерација Стара Велика Бугарија, којашто се наоѓала на територијата на денешна Украина во 7 век.

Стара Велика Бугарија

Во Именикот на бугарските ханови, Кубрат се споменува како Курт (Коуртъ), член на кланот Дуло, кој владеел 60 години и го наследил Гостун од кланот Ерми.

Булгарите биле туркиски номадски народ,[2] кои зеле учество во Хунската конфедерација во 5-ти век. По смртта на Атила, племињата од кои подоцна настанале Булгарите се повлекле во Понтско-Касписката степа. Западните булгарски племиња се приклучиле кон Аварскиот каганат, додека источните Булгари дошле под власта на Западнотуркискиот каганат до крајот на 6-ти век.[3]

  1. Kiril Petkov, The Voices of Medieval Bulgaria, Seventh-Fifteenth Century: The Records of a Bygone Culture East Central and Eastern Europe in the Middle Ages, 450-1450, BRILL, 2008, ISBN 9047433750, p. 1.
  2. Golden 2011, стр. 239.
  3. Hupchick 2017, стр. 8.
Претходник
Органа
Бугарски владетел Наследник
Батбајан