Гараш (торта)
Изглед
Други имиња | Гарашова торта |
---|---|
Вид | Торта |
Главни состојки | Ореви, белки, кристален или шеќер во прав |
Гараш ― чоколадна торта од бугарската кујна. Создаден е од австроунгарецот Коста Гараш во 1885 година, во Русе. За тоа време управувал со големиот хотел „Ислах Хане“, кој се наоѓал веднаш до седиштето на бугарскиот књез Александар Батенберг. Гости на хотелот биле кралски личности како што се Карол I, Милан I и Оскар II. По повод ваквите високи приеми, Коста Гараш ја создал својата позната торта „Гараш“.
Подготовка
[уреди | уреди извор]Пет кружни кори од 2 мм се направени од течно тесто кое се состои од 200 гр мелени кернели од ореви, 8 белки и 220 гр кристален или шеќер во прав. Откако ќе бидат испечени и изладени, редени се едно врз друго и се матени помеѓу, одозгора, а од страните со слатка павлака и чоколадо. Потоа колачот е прелиен со чоколадна глазура.