[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Вотје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вотје
Сателитска снимка на атолите Ерикуб и Вотје.
Географија
МестоТихи Океан
Координати09°26′30″N 170°01′00″E / 9.44167° СГШ; 170.01667° ИГД / 9.44167; 170.01667
АрхипелагРатачки Острови
Вкупно острови75
Површина8,18 км2
Држава
Демографија
Население1000 (2007)
Етнички групиМаршалци


Вотје (маршалски: Wōjjā[1]) е корален атол во Маршалските Острови. Атолот е дел од Ратачките Острови и е составен од 75 мали островчиња. Вотје е една од општините во Маршалските Острови. Вкупната копнена површина на атолот е 8.18 км2, има лагуна со 624 км2 и тоа го прави атолот еден од најголемите во државата. Според податоците од 1999 година на атолот живееле 900 жители, додека во 1997 година имало 1000 жители, вклучувајќи ги и 200-те ученици кои се образуваат на атолот. Некои од поголемите островчиња на атолот се Вотје, Бодао, Енеџелталк, Укон, Ветвирок, Кајкен, Вормеџ, Кимаџо, Нинум и Кабен.

На Вотје има 4 цркви, неколку продавници, четири училишта, од кои три се државни а едно приватно. Атолот со остатокот од земјата е поврзан по морски пат, но на атолот се наоѓа и Аеродромот Вотје.

Климатски податоци за Вотје
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 29
(84)
30
(86)
30
(86)
30
(86)
30
(86)
30
(86)
30
(86)
30
(86)
30
(86)
30
(86)
30
(86)
29
(84)
29.8
(85.7)
Прос. ниска °C (°F) 25
(77)
25
(77)
25
(77)
25
(77)
25
(77)
25
(77)
25
(77)
25
(77)
25
(77)
25
(77)
25
(77)
25
(77)
25
(77)
Прос. врнежи мм (ин) 109
(4.3)
80
(3)
114
(4.5)
180
(7.1)
236
(9.3)
244
(9.6)
250
(10)
264
(10.4)
290
(11.4)
295
(11.6)
287
(11.3)
206
(8.1)
2.555
(100,6)
Извор: Weatherbase [2]
  1. Marshallese-English Dictionary - Place Name Index
  2. „Weatherbase: Historical Weather for Wotje, Marshall Islands“. Weatherbase. 2011. Посетено на November 24, 2011.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]