Џалуит (маршалски: Jālwōj или Jālooj[1]) е корален атол во Тихиот Океан составен од 91 мало островче. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови и претставува една од општините во државата. Атолот има вкупна површина од 11.34 км2 и лагуна од 690 км2. Атолот се наоѓа на околу 220 км југозападно од Маџуро. Според податоците од 1999 година на атолот имало 1.669 жители.
Во 1884 година атолот бил под германска контрола и дел од Германска Нова Гвинеја. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. Во 1986 година Маршалските Острови станале независни и атолот станал дел од новата држава.