[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Асгард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Игдрасил
Исландски ракопис од 18 век

Во нордиската митологија, Асгард (старонордиски: Ásgarðr) е еден од деветте светови и е дом на племето Ејсиер составено од богови. Один и неговата сопруга, Фриг, се владетели на Асгард.

Една од најпознатите локации во Асгард е Валхала, во која владее Один.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Асгард доаѓа од старонордиски āss, бог и garðr, комплет; од индоевропскиот корен ansu- дух, демон (сродно на ахура; и асура) и gher- фаќа, комплет (сродно со градина и двор), со значење „градина на боговите“.[1]

Темелите на митот за Асгард доаѓаат од „Проза еда“, напишана во 13 век од страна на исландкиот автор Снори Стурлусон, и „Поетската еда“, напишана во 13 век врз основа на многу постари скалдски поеми.

Поетската еда

[уреди | уреди извор]

Волушпа, првата песна во делото, споменува многу од одликите на Асгард споменати од страна на Снори, како што се Јгдрасил и Идаволер. Асгард се составен од 12 царства, меѓу кои Валхала, Трудхејм, Брејдаблик каде владеат Один, Тор и Балдр соодветно.[2]

Прозна еда

[уреди | уреди извор]

Во Проза еда се претставени два ставови во однос на Асгард. Во Прологот Снори дава објаснување на митовите и приказните, кое е евхемеризирано и под влијание на христијанството. Тој претпоставува дека Асгард е дом на Ејсир, со значење „луѓе од Азија“, а не божества, кои се доселиле од Азија на север, а некои од нив се измешале со локалните луѓе што веќе живееле таму. Сноти натаму пишува дека Асгард е многу плодна земја, каде има изобилство на злато и накит. Ејсирите се одликувале со сила, убавина и талент.

Снори ја дава локацијата на Асгард а тоа е Троја, центарот на земјата, каде имало 12 кралства и 12 владетели. Едниот од нив се оженил со ќерката на Пријам, Троан, и со неа го имал синот Трор односно Тор на старонордиски јазик. На 12 годишна возраст, бил побел од слонова коска, имал светла коса посјајна од злато, и можел да крене 10 мечкини кожи одеднаш. неговиот татко, Один, започнал преселба кон северните земји, каде мажите се женеле со тамошните девојки кои им раѓале деца, и на тој начин целата територија на север била населена со Ејсир. Еден од синовите на Один бил Ингви, основачот на Инглингите, најстарото кралско семејство во Шведска. Овие записи биле напишани 200 години по христијанизирањето на Исланд.[3]

Слика на создавањето на светот од страна на Один, Вили и Ве. Илустрација на Лоренц Фролих.

Во првиот дел по Прологот на „Прозна еда“, наречен Гјулфагининг, Снори ја дава митолошката верзија. Во древниот Асгард владеел постар бог, таткото на сè, кој имал 12 имиња. Тој бил владетел на сè и создавач на небото и земјата. Подоцна, синовите на Бор го создале Асгард да биде дом на Ејсирите, кои биле божества. Один е претставен како таткото на сè, а Асгард како место на земјата. Мост од виножито, Бифрест, бил врската меѓу Асгард и небото. Во Асгард постои храм за 12 богови, и друг храм за 12 божици. Рамнината Идавол е центарот на Асгард. Боговите секој ден имале средби, под пепелното дрво Игдрасил, каде расправале за судбината на луѓето и боговите. Кон крајот на овој дел од „Прозната еда“, Сноти го опишува Рагнарок, самракот на боговите.

Сага за Инглингите

[уреди | уреди извор]

Во Сага за Инглингите се појавува името Асагарт како главен град на Асаленд, што се наоѓа во Азија, крај реката Дон, и каде живеат Вани. Один е главниот во Асагарт, и од таму раководи со воени експедиции низ цел свет. Кога Один не е присутен, неговите двајца браќа Вили и Ве владеат со Асаленд.

  1. „Asgard“. American Heritage Dictionary of the English Language (4. изд.). New York: Houghton Mifflin Company. 2000.; See also ansu- and gher-1 in "Appendix I: Indo-European Roots" in the same work.
  2. „Asgard | Norse mythology“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2017-08-28.
  3. „From Troy to Scandinavia – Old Norse topographies“. www.unibas.ch (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-08-28. Посетено на 2017-08-28.