Асама
Планина Асама | |
---|---|
浅間山 | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2550 м |
Заведена како | Список на планини во Јапонија Список на 100-те најпознати јапонски планини Список на вулкани во Јапонија |
Координати | 36°24′N 138°31′E / 36.400° СГШ; 138.517° ИГД |
Географија | |
Топокарта | Географски Истражувачки Институт 25000:1 浅間山 50000:1 長野 |
Геологија | |
Старост на карпата | плеистоценско–холоценска[1] |
Вид | сложен вулкан |
Последен избув | јуни 2015 (во тек) |
Асама (јапонски: 浅間山 ) — активен сложен вулкан во централниот дел на Хоншу, главниот остров на Јапонија. Вулканот е најактивен на островот Хоншу[2]. Јапонската метеоролошка агенција го класифицира вулканот Асама во Ранг А.[3] Се наоѓа на 2,568 метри надморска височина на границата на префектурите Гунма и Нагано. Планината е вклучена во 100-те најпознати јапонски планини. Според неа бил именуван водечкиот брод на Јапонската царска морнарица, Асама.
Геологија
[уреди | уреди извор]Планината Асама се наоѓа помеѓу Изу-Бонин-Маријанскиот лак и Североисточниот Јапонски лак[2]. Планината е изградена од не-алкални мафи и пирокластични вулкански карпи кои датираат од доцниот плеистоцен[1]. Карпите главно содржат андезит и дацит[4]
Научниците од универзитетот во Токио и Универзитетот Нагоја го завршиле својот прв успешен експеримент за сликање на внатрешноста на вулканот во април 2007 година. Со откривањето на суб-атомски честички наречени миони додека минувале низ вулканот по пристигнувањето од вселената, научниците постепено можеле да изградат слика за внатрешноста, создавајќи слики од шуплини преку кои лавата минува длабоко во внатрешноста на вулканот[5].
Вулканската опсерваторија на Универзитетот во Токио се наоѓа на источната падина на планината. Емисиите на вулкански гас од овој вулкан се мерат преку повеќекомпонентен систем за анализа на гас, кој го детектира пред-еруптивното дегасирање на зголемувачките магми, со што се подобрува предвидувањето на вулканската активност[6].
Ерупции
[уреди | уреди извор]Геолошките одлики на овој активен вулкан внимателно се следат со сеизмограми и стратешки позиционирани видеокамери. Во текот на неговата историја, се забележани голем број на ерупции: 2009, 2008, 2004, 2003, 1995, 1990, 1983, 1982, 1973, 1965, 1961, 1958–59, 1953–55, 1952, 1952, 1950–51, 1949, 1947, 1946, 1944–45, 1938–42, 1935–37, 1934, 1934, 1933, 1931–32, 1930, 1929, 1929, 1927–28, 1924, 1922, 1920–21, 1919, 1918?, 1917, 1916, 1915, 1914, 1909–14, 1908, 1908, 1907, 1907, 1906, 1905?, 1904, 1903, 1902, 1902, 1900–01, 1899, 1899, 1894, 1889, 1879, 1878?, 1875, 1869, 1815, 1803, 1803, 1783, 1779?, 1777, 1776, 1769, 1762, 1755, 1754, 1733, 1732, 1731, 1729, 1729, 1728, 1723, 1723, 1722, 1721, 1720, 1719, 1718, 1717, 1711, 1710, 1708–09, 1706, 1704, 1703, 1669, 1661, 1661, 1660, 1659, 1658, 1657, 1656, 1655, 1653, 1652, 1651, 1650?, 1649, 1648, 1648, 1647, 1645, 1644, 1609, 1605, 1604, 1600, 1598, 1597, 1596, 1596, 1595?, 1591, 1590, 1532, 1528, 1527, 1518, 1427?, 1281, 1108, 887, 685.[7]
Понови ерупции
[уреди | уреди извор]Планината Асама избувнала во почетокот на февруари 2009 година, исфрлајќи пепел во висина од 2 километри и исфрлајќи карпи до 1 километар од кратерот[8]. Пепелта била забележана во Токио, 145 километри јужно од кратерот на вулканот[9]. На 16 февруари имало 13 регистрирани вулкански земјотреси и ерупција која испуштала чад и пепел во облак од 400 метри. Планината Асама продолжила да има мали ерупции, потреси и земјотреси во февруари и останала под тревога на ниво 3.
Три мали ерупции од пепел се случиле на вулканот Асама во август 2008 година[7] . Ова била прва активност на вулканот од 2004 година. Една вулканска ерупција се случила на вулканот Асама во 11:02 часот на 1 септември 2004 година, предизвикувајќи многу пожари. Ерупцијата испраќала пепел во далечина од 200 километри.
Во април 1995 година, на вулканската планина биле откриени повеќе од 1000 земјотреси. Експлозивна ерупција се случила и на 8 април 1983 година. Блескава тефра била исфрлена, а пепелта паднала 250 километри од вулканот. Експлозивни ерупции се случиле на врвот на вулканот на 26 април 1982 година.
Ерупција од 1783 година
[уреди | уреди извор]Ерупцијата од 1783 година предизвикала голема штета[10]. Тримесечниот плиниски избув којазапочнал на 9 мај 1783 година, произвел пирокластични текови, лавини текови и проширен конус. Климактичката ерупција започнала на 4 август и траела 15 часа[11].
Извештајот на Исак Тисинг за ерупцијата на Асама бил постхумано објавен на француски јазик во Париз во 1820 година[12], а англискиот превод бил објавен во Лондон во 1822 година[13]. Овие книги се засновани на јапонски извори; и делото било прво од ваков вид во Европа и на запад[14].
Вулканот предизвикал големи штети. Голем дел од земјоделското продуктивно земјиште во провинциите Шинано и Козуке останало необработливо во следните четири или пет години[15]. Ефектите од оваа ерупција се влошиле бидејќи, по годините на вистински глад, ниту властите, ниту народот не оставиле никакви резерви[16]. Во ерупцијата од 4 август загинале до 1.400 луѓе[17] до дополнителни 20.000 смртни случаи предизвикани од глад[18].
Ерупција од 1108 година
[уреди | уреди извор]Ерупцијата на планината Асама во 1108 година била предмет на студии од модерната наука[19]. Податоците покажуваат дека големината на оваа ерупција била двојно поголема од онаа од 1783 година[20].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Hokuriku“. Seamless Digital Geological Map of Japan. Geological Survey of Japan, AIST. 2007. Архивирано од изворникот на 2009-02-06. Посетено на 2 February 2009.
- ↑ 2,0 2,1 „Asama“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2 February 2009. (англиски)
- ↑ „List of Active Volcanoes in Japan“. Quaternary Volcanoes in Japan. Geological Survey of Japan, AIST. 2006. Архивирано од изворникот на 2012-12-09. Посетено на 3 February 2009.
- ↑ „ASAMA-YAMA“. Quaternary Volcanoes in Japan. Geological Survey of Japan, AIST. 2006. Архивирано од изворникот на 2012-12-19. Посетено на 3 February 2009.
- ↑ Tanaka, Hiroyuki K. M.; Nakano, Toshiyuki; Takahashi, Satoru; Yoshida, Jyunya; Takeo, Minoru; Oikawa, Jun; Ohminato, Takao; Aoki, Yosuke; Koyama, Etsuro; Tsuji, Hiroshi; Niwa, Kimio (2007). „High resolution imaging in the inhomogeneous crust with cosmic-ray muon radiography: The density structure below the volcanic crater floor of Mt. Asama, Japan“. Earth and Planetary Science Letters. 263: 104. Bibcode:2007E&PSL.263..104T. doi:10.1016/j.epsl.2007.09.001.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Real-Time Multi-GAS sensing of volcanic gas composition: experiences from the permanent Etna and Stromboli networks, Geophysical Research Abstracts, Vol. 11, EGU2009-5839“ (PDF).
- ↑ 7,0 7,1 VolcanoLive.com: Asama
- ↑ "Volcano erupts close to Tokyo," BBC. 2 February 2009.
- ↑ [1] Архивирано на 21 февруари 2009 г. 18 February 2009.
- ↑ Titsingh, Isaac. (1834). Annales des empereurs du japon, p. 420.
- ↑ Richards, John F. (2003). The Unending Frontier: An Environmental History of the Early Modern World. University of California Press. стр. 177. ISBN 9780520939356. Посетено на 2 August 2013.
- ↑ Titsingh, Isaac. (1820). Mémoires et Anecdotes sur la Dynastie régnante des Djogouns, Souverains du Japon.
- ↑ Titisngh, Isaac. (1822). Illustrations of Japan: consisting of private memoirs and anecdotes of the reigning dynasty of the Djogouns, or sovereigns of Japan.[мртва врска]
- ↑ Screech, T. (2006), Secret Memoirs of the Shoguns: Isaac Titsingh and Japan, 1779–1822, pp. 146–148.
- ↑ Hall, John. (1955). Tanuma Okitsugu, 1719–1788: Forerunner of Modern Japan, p. 122.
- ↑ Hall, p. 170.
- ↑ Stoltman, Joseph P.; Lidstone, John; Dechano, Lisa M. (11 March 2007). International Perspectives on Natural Disasters: Occurrence, Mitigation, and Consequences: Occurrence, Mitigation, and Consequences. Springer. стр. 172–73. ISBN 9781402028519. Посетено на 2 August 2013.
- ↑ Bowman, John Stewart (2000). Columbia Chronologies of Asian History and Culture. Columbia University Press. стр. 185. ISBN 9780231110044. Посетено на 2 August 2013.
- ↑ Centre national de la recherche scientifique (CNRS) Архивирано на 25 февруари 2009 г., France: Yoshida, Minoru and Aoyagi, Ryugi. "Fluorine and chlorine contents in the products of the 1108 (Tennin) eruption of Asama volcano," Архивирано на 6 јуни 2012 г. Bulletin of the Volcanological Society of Japan (Kazan). Vol. 49, No. 4 (2004). pp. 189–199.
- ↑ Hayakawa, Yukio and Hideko Nakajima. "Volcanic Eruptions and Hazards of Asama Written in Historical Records" (abstract), Архивирано на 20 февруари 2012 г. Bulletin of the Volcanological Society of Japan (Kazan). 19 July 2006.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Асама“ на Ризницата ? |
- Asamayama – Japan Meteorological Agency (јапонски)
- „Asamayama: National catalogue of the active volcanoes in Japan“ (PDF). – Japan Meteorological Agency
- Asama Volcano – Geological Survey of Japan
- Asamayama – Smithsonian Institution: Global Volcanism Program