[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Азавад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Независна држава Азавад
ⴰⵣⴰⵓⴷ  (тифинашки)
أزواد‎  (арапски)
Azawād  (француски)
2012–2013
Flag of Азавад
Flag
Азавад во зелена боја во рамките на Мали во темна сива боја.
Азавад во зелена боја во рамките на Мали во темна сива боја.
Статуснепризната држава
Главен градТимбукту[1]
Largest cityГао
Уредувањепреодна влада
Водач на НДОА 
• 2012 – 2013
Билал аг Чериф
Историја 
• Основана
2012
• Независност од Мали
6 април 2012[2][3]
• Престанала да постои
26 – 28 јуни 2013
Временска зонаUTC+0 (GMT)
Driving sideдесно
Повикувачки број223
Претходници
Наследници
Мали
Мали

Азавад (арапски: أزواد‎, тифинашки: ⴰⵣⴰⵓⴷ[4], француски: État indépendant de l’Azawad) е област во североисточниот дел на Мали. На 6 април 2012 година, Националното движење за ослободување на Азавад еднострано прогласило независност од Мали. Досега, ниту една земја членка на ООН ја нема признаено независноста на Азавад.[2]

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Според Роберт Браун, „Азавад“ е арапски погрешен изговор на берберскиот збор „Azawagh“, кој е речен басен во западен Нигер, североисточно Мали и јужен Алжир.[5] Зборот значи „савана“.[6]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во раниот 14 век, Азавад бил дел од Империјата Мали. Во 1324 година, кралот Муса Први кон оваа територија, со мирна анексија, го додал регионот Тимбукту. Во 15 век, над оваа територија, најголема доминација имале племето Туарег. Во доцниот 15 век, Азавад станува дел од Империјата Сонгај. Периодот на владеењето на Аскиа Мохамед Први (1493–1528) се нарекува златна ера на Империјата. Во тој период, регионот Тимбукту, со главен град Гао, уживал широка автономија. Трговијата со злато и робови во замена за сол од Тегаза (град во северен Мали) биле особено развиени.

Во 1591 година во битка северно од Гао, Џудар-паша го освојува регионот и го припојува кон мароканската империја на Ахмед Први ал-Мансур од династијата Саади. Следи период на економски и интелектуален пад, а развој на трговијата со робови.

Во 1737 година Туарег-племињата ја преземаат контролата врз територијата и градот Гао. Меѓу 1826 и 1865, регионот Тимбукту паѓа под власт на Империјата Масина (југозападна Африка), по што влегува во рамки на Тукулерската империја предводена од Ел Хаџи Умар Тал.

Француска власт

[уреди | уреди извор]

По Берлинската конференција од 1884 година, територијата меѓу 14тиот меридијан и Милту (во Чад, вклучително и Азавад) станува француска територија. Во 1893, Азавад станува дел од Француски Судан (денешен Мали), колонија на Франција. Во 1899 година, територијата на Азавад е поделена од страна на француските власти меѓу колониите Горен Сенегал (Сенегамбија) и Среден Нигер.

Република Мали

[уреди | уреди извор]
Туарези, Тимбукту, јануари 2012.

По добивањето независност од Франција во 1960 година, Азавад станува дел од Република Мали. До 2012 година, регионот претрпува четири вооружени бунта: Првиот туарешки бунт (1962-64), бунтот од 1990-1995 година, бунтот од 2007-2009 година и Бунтот на Националното движење за ослободување на Азавад (2012).

Во првите години на 21 век, регионот станува средиште на трговијата со дрога и криминалните групи во овој дел на Африка. Според некои истражувања, Азавад е богат со некои природни ресурси, како сурова нафта и ураниум.

На 17 јануари 2012 година, Националното движење за ослободување на Азавад објави почеток на бунтот против владата на Мали. Според Движењето, „бунтот ќе продолжи сè додека владата во Бамако не го признае Азавад како посебен ентитет“.

На 22 март 2012 година, Претседателот на Мали Амаду Тумани Туре беше симнат од власт со државен удар организиран од војската, еден месец пред закажаните претседателски избори.

Прогласување на независност

[уреди | уреди извор]
Територија на која НДОА прогласи независност на Азавад од Мали.

На 6 април 2012 година, Националното движење за ослободување на Азавад го прогласи Азавад за независна држава втемелена на демократија, која целосно ќе ги почитува принципите на ООН. Во интервју за францускиот канал France 24 на 6 април 2012 година, гласноговорникот на НДОА (Моса аг Атаер) изјави: „Мали е во состојба на анархија. Затоа национално-ослободителното движење формира армија која е способна да обезбеди сигурност и извршна власт способна да формира демократски институции. Од денес, објавуваме независност на Азавад.“ Тој истакна дека новата држава ќе ги почитува границите на своите соседи и повика на меѓународно признавање.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Азавад ги опфаќа малиските региони Гао, Тимбукту, Кидал и североисточниот дел на Мопти. Така, во Азавад се наоѓаат градовите Томбукту, Гао и Кидал. Според некои извори, Азавад ги опфаќа и северните делови на Нигер и јужните делови на Алжир.[7]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Густината на населението во Азавад е 1.5 жители на километар квадратен.[8] Населението по региони е според пописот во Мали од 2009 година.[9]

регион површина (км2) население
Гао 170,572 544,120
Кидал 151,430 67,638
Томбукту 497,926 681,691

Етнички групи

[уреди | уреди извор]

Областа традиционално е населена од Туарези, Мори, Сонгајци и Фулани. Сонгајците, Фуланите и Морите сочинувале 95% од населението, според податоците од 1950.[10] Исто така има и Бамбари кои се населиле по 1960 година.

Најзборувани јазици во Азавад се туарешки јазик, арапски јазик, фулански јазик и сонгајски јазик. Бамбарскиот јазик се зборува во поголемите градови.

Религија

[уреди | уреди извор]

Повеќето од населението се Муслимани.

  1. http://www.biyokulule.com/view_content.php?articleid=4503
  2. 2,0 2,1 „Tuareg rebels declare the independence of Azawad, north of Mali“. Al Arabiya. 6 April 2012. Посетено на 6 April 2012.
  3. „Déclaration d'indépendence de l'Azawad“. mnlamov.net. 6 April 2012. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 5 April 2012.
  4. „Mouvement National de Liberation de l'Azawad“. Mouvement National de Liberation de l'Azawad. Mouvement National de Liberation de l'Azawad. Архивирано од изворникот на 2013-04-14. Посетено на 10 January 2018.
  5. Robert Brown (1896). „Annotations to The history and description of Africa, by Leo Africanus“. The Hakulyt Society. Посетено на 3 April 2012.
  6. Ritter, Hans (2009), Wörterbuch zur Sprache und Kultur der Twareg, Harassowitz Verlag, стр. 227
  7. „Who are the Tuareg?“. Al Jazeera. 14 July 2008. Посетено на 3 April 2012.
  8. Mali - Population, Encyclopedia of the Nations, retrieved 2 April 2012
  9. Resultats Provisoires RGPH 2009 (PDF) (француски), République de Mali: Institut National de la Statistique, Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-22, Посетено на 2012-04-06.
  10. http://commons.wikimedia.org/wiki/File:Statistiques.JPG

Поврзано

[уреди | уреди извор]