[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Ифтар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од темата

Ислам



Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунизамШиизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилозофија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Поврзано

Исламски лексикон
Индекс на статии за исламот

Ифтар[1] (арапски: إفطار‎‎; буквално појадок) – вечерен оброк во текот на исламскиот месец на рамазан, односно јадење кое се консумира во првиот самрак, непосредно по заоѓањето на Сонцето. Со ифтарот се завршува денот на пост, а најчесто се зема пред вечерната молитва акшам-намаз.

Ифтарот е една од позначајните одлики на месецот рамазан и често се врши во склоп на заедницата, каде се собираат поголем број лица заедно да го завршат денот на постот. Ифтарот започнува веднаш по заоѓањето на Сонцето под хоризонтот. Традиционално, но не и задолжително, ифтарот почнува со јадење три плода од датула, бидејќи тоа се смета за суна, т.е. дека тоа го правел божјиот пратеник Мухамед. Многу муслимани сметаат дека е исклучително побожно и добро дело да се нахранат сиромашните и да им се понуди ифтар, што исто така се смета за суна.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]