[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Знаме на Зелениот ’Рт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знамето на Зелено’ртската Република во сооднос од 2:3

Знамето на Зелениот ’Рт е националното знаме на републиката кое било усвоено на 22 септември 1992. Знамето е составено од пет нееднакви ленти во сина, бела, црвена, бела и сина боја. Белите и црвената лента се значително помали од сините и врз нив има 10 златни ѕвезди наредени во круг.

Сината боја го означува морето и небото, белата и црвената лента го означуваат патот на независноста на државата и белата означува мир, а црвената напор. Десетте ѕвези ги означуваат островите на републиката.

Боја Семрежна боја RGB CMYK HSV
Сина #0000ff 0, 0, 255 100%, 100%, 0%, 0% 240, 100, 100%
Бела #ffffff 255, 255, 255 0%, 0%, 0%, 0% 0, 0, 100%
Црвена #ff0000 255, 0, 0 0%, 100%, 100%, 0% 0, 100, 100%
Жолта #ffff00 255, 255, 0 0%, 0%, 100%, 0% 60, 100, 100%

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]