Ескими
Ескими или Инуити, народ сочинет од староседелците на арктичкиот и субарктичките региони на Гренланд, Алјаска, Канада и крајниот исток на Сибир (Русија), припадници на монголоидната раса. Денес се проценува дека постојат околу 177.000 Ескими.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Во самонаречените имиња за Ескимите спаѓаат и Инуити, Инупијани, Јупик и Алутит, а сите се помалку или повеќе локални варијанти на зборот што значи „народ“. Името Еским, кое првпат е употребено од Европејците, може да потекнува од монтагнаскиот збор за чевли за снег, а ова име им се допаднало на луѓето од Арктикот што живеат на Алјаска, додека оние во Канада и од Гренланд го претпочитаат името Инуит.
Потекло
[уреди | уреди извор]Ескимите се од азиско потекло, како и американските Индијанци, но се разликуваат од нив по начинот на кој се приспособиле на климатските услови, присуството на крвната група Б и по нивниот јазик (ескимско-алеутски), кои укажуваат на тоа дека се од различно потекло.
Живот
[уреди | уреди извор]Традионалната ескимска култура е целосно приспособена на екстремниот студ, снег и мраз во кои речиси нема зеленчук, а карибуите (американски северен елен), рибите и морските цицачи се главен извор на храна. За лов на море се користат харпунот, кајакот едносед и поголеми чамци наречени умијаци. Облеката се изработува од крзното на карибуите и од кожата на фоките. Зимите ги минуваат во иглуа, кои биле изградени од блокови снег или во полуподземни куќи изработени од камен и треви, алетата во шатори од животински кожи. Санките со кучиња биле основно превозно средство. Религијата им била насочена кон шаманизмот и невидливиот свет на духовите. До крајот на XX век, моторните возила за движење по снег и пушките ги замениле кучешките запреги харпуните. Многу Ескими го напуштиле номадскиот начин на живот и лов и се преселиле во северните места и градови. некои формирале кооперативи преку кои ги продаваат рачно изработените предмети и стока.
|