Еднорог (соѕвездие)
лат. Monoceros | |
Кратенка | Mon |
---|---|
Генитивно | Monocerotis |
Симболизам | Еднорог |
Ректасцензија | 7,15 ч. |
Деклинација | −5,74° |
Квадрант | NQ2 |
Површина | 482 (°)² (35-то) |
Главни ѕвезди | 4 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 32 |
Ѕвезди со планети | 16 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 0 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 2 |
Најсјајна ѕвезда | β Mon (3,76m) |
Најблиска ѕвезда | Рос 614 (13,3 сг, 4,09 пс) |
Месјеови објекти | 1 |
Метеорски дождови | Декемвриски Моноцериди Алфамоноцериди |
Соседни соѕвездија | Големо Куче Мало Куче Близнаци Водна Змија Зајак Орион Крма |
Видливо на ширина од +75° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец Февруари. |
Еднорог — слабовидливо соѕвездие на небесниот екватор. Μονόκερως на грчки јазик означува еднорог. Неговиот опис се должи на холандскиот картограф од XVII век, Петар Планициј. Се граничи со Орион на запад, Близнаци на север, Големо Куче на југ и Водна Змија на исток. Други помали соѕвездија со кои се граничи се Мало Куче, Зајак и Крма.
Особености
[уреди | уреди извор]Ѕвезди
[уреди | уреди извор]Еднорог е соѕвездие кое не може многу лесно да се види со голо око, со неколку ѕвезди со светлинска величина 4. Алфа Еднорог има светлинска величина 3,93, нешто посветла од Гама Еднорог со 3,98.
Но, Еднорогпоседува некои интересни особености кои можат да се набљудуваат со мал телескоп. Бета Еднорог е извонреден троен систем од ѕвезди, трите ѕвезди во облик на триаголник кои наликува како да е неподвижен. Светлинската величина на овие ѕвезди е 4,7, 5,2 и 6,1. Вилијам Хершел истото го открил во 1781 г. и за истото рекол дека е „една од најубавите глетки на небото“.
Ипсилон Еднорог е неподвижна двојна ѕвезда, со светлински величини 4,5 и 6,5.
S Еднорог, или 15 Еднорог, е сино бела променлива ѕвезда со местоположба во центарот на NGC 2264. Промената на нејзината светлинска величина е мала (4,2–4,6). Има и придружна ѕвезда со светлинска величина 8.
V838 Еднорог, е променлива ѕвезда црвен суперџин, која почнувајќи од 6 јануари 2002 година па сè до февруари истата година, имала скок во сјајноста поголем за 10.000 за еден ден. Откако овој изблик на сјајност поминал, Хабл бил во можност да го набљудува светлинско ехо, кое го осветлувало околниот прав на ѕвездата.[1]
Еднорог ја содржи и Пласкетовата ѕвезда, која всушност е масивен двоен систем чија вкупна маса се проценува дека изнаеува 100 сончеви маси.
Планети
[уреди | уреди извор]Еднорог содржи две планети-суперземји во еден планетарен систем: COROT-7b била забележана од сателитот COROT, додека пак COROT-7c била забележана од површинскиот телескоп HARPS. До откривањето на Кеплер-10b во јануари 2011, COROT-7b беше најмалата вонсончева планета чиј пречник бил 1,58 пати поголем од оној на Земјата (со што истата имала зафатнина 3,95 од онаа на Земјата). Двете планети во овој систем биле откриени во 2009 година.
Далечни објекти
[уреди | уреди извор]Еднорог содржи многу јата и маглини,најзначајните меѓу нив се:
- M50, расеано ѕвездено јато
- Роза (NGC 2237, NGC 2238, NGC 2239 и NGC 2246) е расеана маглина во Еднорог. Вкупната светлинска величина е 6 и истата се наоѓа на растојание од 4.900 сг. од Земјата. Маглината Роза, има пречник од 100 сг. и се поврзува си ѕвездено јато и поседува многу глобули во потемните области. Истата била независно откриена од Луис Свифт (на почетокот од 1880-тите) и Едвард Ермерсон Бернард (1883 г.) барајќи комети.[2]
- Новогоришна Елка (NGC 2264) е уште едно расеано јато во Еднорог. Именувано поради својата сличност со новогодишната елка, е доволно сјајно јато со светлинска величина 3,9 и на растојание од 2.400 сг. од Земјата. Променливата ѕвезда S Еднорог го претставува трупот на елката, додека пак променливата ѕвезда V429 Еднорог го претставува врвот.[3]
- Конус (NGC 2264), се поврзува со ѕвезденото јато Новогодишна Елка, станува збор за многу темна маглина во облик на конус. На фотографиите се гледа јасно, но тешко се забележува со телескоп. Маглината содржи неколку Хербиг-Ароови тела, кои се мали неправилни променливи маглини. Тие се поврзани со новите протоѕвезди.[4]
- NGC 2254 е расеано ѕвездено јато со вкупна светлинска величина 9,7, на растојание од 7.100 сг. од Земјата. Станува збор за објект кој се класифицира како Шеплиева класа f и Трумплерова класа I 2 p, што всушност дека значи дека е доста интересно јато, иако има помалку од 50 ѕвезди. Се разликува од позадинските ѕвезди е сконцентрирано во самиот центар на јатото, ѕвездите се со просечна светлинска величина.[5]
- Хабловата променлива маглина (NGC 2261) е маглина со приближна светлинска величина 10, 2.500 сг. од Земјата. Иако е именува по името на Едвин Хабл, истата била откриена во 1783 година од страна на Вилијам Хершел. Хабловата променлива маглина е осветлена од страна на R Еднорог, млада променлива ѕвезда во внатрешноста на маглината, заемодејството на ѕвездата со материјалот во маглината , истата ја прави истовремено да биде и оддавна маглина и отсјајна маглина. Една претпоставка за ова заемодејство е дека маглината и ѕвездата се почетниот дел од развојот на планетарниот систем.[6]
Историја
[уреди | уреди извор]Еднорог е релативно современо соѕвездие. Првпат се споменува во глобусот на холандскиот картограф Петар Планицј во 1612 или 1613 година[7] а подоцна било исцртано од Јакоб Барч под името Unicornu на неговата ѕвездена карта од 1624 година.[8]
Хајнрих Вилхелм Олберс и Лудвиг Идлер[9] тврдат (според Ричард Хинкли Ален) дека соѕвездието е можеби постаро, притоа наведувајќи ја астролошката работа[10] од 1564 година во која се споменува „ вториот коњ меѓу соѕвездијата Близнаци и Рак кој имал многу ѕвезди, кои не биле многу сјајни“, овие спомнувања може да се дело на Мајкл Скот од XIII век, но да се однесуваат на некаков си коњ а не на еднорог, а воедно и местоположбите не им се исти. Јосиф Скалигер е споменат[11] како пронаоѓач на Еднорог на стара персиска сфера. Ками Фламарион верувал дека старото соѕвездие, Непер, се простирало на таа област на небото каде што се соѕвездијата Еднорог и Микроскоп, но ова тврдење е оспорено.[8]
Кинеските астеризими Це Фу, Четрите Големи Канали, Гвангу и Ве Чу, Надворешна Кујна, сите се сместени во рамките на соѕвездието Еднорог.[8]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Големо Куче (соѕвездие)
- Мало Куче (соѕвездие)
- Близнаци (соѕвездие)
- Водна Змија (соѕвездие)
- Зајак (соѕвездие)
- Орион (соѕвездие)
- Крма (соѕвездие)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Wilkins, Jamie; Dunn, Robert (2006). 300 Astronomical Objects: A Visual Reference to the Universe (1. изд.). Buffalo, New York: Firefly Books. ISBN 978-1-55407-175-3.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Levy 2005, стр. 104.
- ↑ Levy 2005, стр. 82-83.
- ↑ Levy 2005, стр. 83.
- ↑ Levy 2005, стр. 85.
- ↑ Levy 2005, стр. 105-106.
- ↑ Le costellazioni di Petrus Plancius on atlascoelestis.com
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Allen, p. 290.
- ↑ Ideler, Ludwig (1809). Untersuchungen über den Ursprung und die Bedeutung der Sternnamen: Ein Beytrag zur Geschichte des gestirnten Himmels. Berlin. стр. 354..355. freely available HERE
- ↑ Himmels Lauffs Wirkung und natürliche Influenz der Planeten Gestirne und Zeichen aufs Grund der Astronomie. Frankfurt. 1564.
- ↑ Allen, Richard Hinckley (1899). Star Names - their lore and meaning, online link. Dover. стр. 290. Надворешна врска во
|title=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Еднорог (соѕвездие)“ на Ризницата ? |
- VISTA Reveals the Secret of the Unicorn — ESO Photo Release
- The Deep Photographic Guide to the Constellations: Monoceros
- The Constellations Web Page - Monoceros
- Star Tales – Monoceros
- Monoceros Constellation at Constellation Guide
|
|