Еднорогот — митолошкоживотно слично на бел коњ со еден рог на челото. Еднорогот бил прикажан во уметноста на Месопотамија, како и во древните митови од Индија и од Кина. Најраниот опис на еднорогот бил откриен во старогрчкатта литература во периодот околу 400 г. пред нашата ера и можно е да се однесувал на носорог од Индија.
Се верувало дека еднорогот бил див и тежок за фаќање, но ако пред него била донесена девица во тој случај еднорогот легнувал и ја ставал главата во нејзиниот скут. Се верувало дека неговиот рог може да послужи како заштита од отров. Писателите од средниот век еднорогот го доведувале во врска со Исус, а ловот на еднорог бил честа тема во средновековната уметност.