Џон Херт
Сер Џон Херт ЗБИ | |
---|---|
Херт во 2015 година | |
Роден(а) | 22 јануари 1940 Честерфилд, Англија |
Починал(а) | 25 јануари 2017 Кромер, Англија | (возр. 77)
Занимање | Глумец |
Активен период | 1961–2017 |
Сопружник | Анет Робертсон (1962–1964) Дона Пикок (1984–1990) Џоан Далтон (1990–1996) Анвен Рис-Мајерс (2005– до неговата смрт 2017) |
Деца | 2 |
Сер Џон Винсент Херт, ЗБИ (22 јануари 1940 – 25 јануари 2017) — англиски глумец чија кариера траела шест децении. Тој првично станал познат по споредната улога Ричард Рич во филмот Човек за сите времиња (1966). Подоцна, тој играл главни улоги, и тоа како Џон Мерик во биографскиот филм Човекот-слон (1980), Винстон Смит во 1984 (1984), Г-дин. Брадок во драмата Убиство (1984) и Стивен Ворд во драмата Скандал (1989). Тој е исто така познат по телевизиските улоги како Калигула во Јас, Клавдиј (1976) и како воениот доктор во Доктор Ху.[1][2]
Херт исто така играл значајни улоги во затвореничката драма Полноќен експрес (1978), научно-фантастичниот хорор филм Осмиот патник (1979), авантуристичкиот филм Роб Рој (1995), политичкиот трилер О за одмазда (2006), натприродниот трилер Клуч на тајни (2005), научно-фантастичниот авантуристички филм Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп (2008), филмскиот серијал Хари Потер (2001–11), суперхеројските филмови Хелбој (2004) и Хелбој: Златната војска (2008) и шпионскиот филм Мислител, кројач, војник, шпион (2011). Последната сцена на неговиот лик во филмот Осмиот патник била прогласена од бројни публикации како една од најнезаборавните сцени во филмската историја.[3]
Еден од последните филмови на Херт е биографскиот филм Џеки (2016). Негов последен филм во кариерата ќе биде филмот Најтемниот час, кој ќе биде издаден во ноември 2017 година, во кој тој ќе го толкува британскиот премиер Невил Чемберлен. Во својата богата кариера, тој добил две номинации за Оскар, еден Златен Глобус и четири БАФТА награди, од кои последната е за животно остварување за неговиот извондреден придонес кон британската кинематографија.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jones, Paul. „Doctor Who 50th anniversary: John Hurt to play "part of the Doctor"“. Radio Times. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 18 May 2013.
- ↑ Tobin, Christian. „John Hurt teases 'Doctor Who' 50th anniversary special role“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 2015-09-25. Посетено на 18 May 2013.
- ↑ Sources that refer to the final scene of Hurt's character in Alien as one of the most memorable in cinematic history include these:
- BBC News (26 April 2007). „Alien named as top 18-rated scene“. British Broadcasting Corporation. Посетено на 31 May 2010.
- Kermode, Mark (19 October 2003). „All fright on the night“. The Guardian. UK. Посетено на 1 February 2010.
- „Scariest movie scenes ever“. Virgin Media. Посетено на 18 January 2010.
- Green, Graeme. „John Hurt talks Harry Potter, flamenco and chestbursters“. Metro. Посетено на 18 January 2010.
- „The 100 Scariest Movie Moments“. Bravo. Архивирано од изворникот на 30 October 2007. Посетено на 29 May 2010.
- „The making of Alien's chestburster scene“. The Guardian. UK. 13 October 2009. Посетено на 18 January 2010.
- ↑ „John Hurt 'thrilled' with Bafta lifetime achievement honour“. bbc.co.uk. BBC News. Посетено на 13 April 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џон Херт“ на Ризницата ? |
- Џон Херт на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|