Од Википедија — слободната енциклопедија
Ћ (кирилица: ћ; глаголица: ) — 23 буква од српската азбука. Буквата потекнува од старословенската буква Ћ која имала вредност /ɟ/. Денес буквата има вредност /t͜ɕ/ и е слична со изговор со македонската буква Ќ, но разликата е во тоа што македонската буква Ќ е помека во изговор. При транскрипција, најчесто се пишува како Ć.
Прв ја користел Доситеј Обрадовиќ, како обид за оживување на буквата ѓерв (Ꙉ), а подоцна била прифатена и од Вук Стефановиќ Караџиќ во неговиот речник од 1818 година.[1][2] Исто така, и Кирил Пејчиновиќ во своето дело Огледало од 1816 година ја користи буквата ћ.