Јакобинци
Друштвото на пријателите на Уставот (француски: Société des amis de la Constitution), преименувано во Друштво на Јакобинците, пријатели на слободата и еднаквоста ( Société des Jacobins, amis de la liberté et de l'égalité) од 1792 година попознат како Јакобински клуб ( Club des Jacobins ) или едноставно Јакобинци, бил највлијателен политички клуб за време на Француската револуција. Времето на нивната политичка моќ го опфаќа и периодот на владеење на теророт, кога во Франција преку 10.000 луѓе биле судени и погубени, најчесто за политички злосторства.
Историја
[уреди | уреди извор]Јакобинскиот клуб бил основан во 1789 година од антиројалистички пратеници од Бретања,[1] и набргу клубот прераснал во национално републиканско движење, со преку половина милион членови. Во тоа време состаноците се одржувале во тајност, и немало никаква евиденција за тоа што се случило или каде се свикале состаноците.[1]
За да го сместат растечкото членство, Јакобинците за своите состаноци ја изнајмиле трпезаријата на манастирот Св. Јаков во улицата Сен Оноре, во непосредна близина на седиштето на Собранието.[2][3] Подоцна, своето име го добиле по името на овој манастир. Своето име го промениле во Друштво на пријателите на Уставот (Société des amis de la Constitution), иако уште тогаш нивните противници веќе ги нарекувале „Јакобинци“ (според името на манастирот каде што било првото седиште во Париз).[1][3] Јакобинскиот клуб бил хетероген и ги вклучувал двете истакнати парламентарни фракции од раните 1790-ти, Монтањарите и Жирондинците.
Јакобинскиот клуб ја поддржувал монархијата сѐ до предвечерјето на републиката (20 септември 1792 година). Тие не ја поддржале петицијата од 17 јули 1791 година за детронизирање на кралот, и објавијле своја петиција во која барале замена на кралот Луј XVI.[4]
Поларизација помеѓу Робеспјеристите и Жирондинците
[уреди | уреди извор]Кон крајот на 1791 година, група Јакобинци во Законодавното собрание се залагале за војна со Прусија и Австрија.[4]
Максимилијан Робеспјер, исто така јакобинец, јасно се изјаснил против војна со Прусија и Австрија - но во Јакобинскиот клуб, а не во Собранието каде што немал мандат. Робеспјер им се обраќал со презир на Јакобинците кои ја посакувале војна и ги нарекол „фракција од Жиронд“; некои, но не сите, навистина биле од департманот Жиронд. Во април 1792 г. Собранието конечно одлучило да им се објави војна на Австрија и на Прусија, застапувајќи ја „жирондинската“ линија, но Робеспјер сега добил поистакнато место меѓу Јакобинците.[4]
Во Законодавното собрание, кое управувало со Франција од октомври 1791 до септември 1792 г., доминирале Жирондинците. Но, по јуни 1792 година, Жирондинците сè помалку го посетувале Јакобинскиот клуб, каде што Робеспјер, нивниот жесток противник, станувал сè подоминантен.[4]
На 21 септември 1792 година, по падот на монархијата, Јакобинскиот клуб по прогласувањето на уставот од 1791 година го променил своето име во Друштво на јакобинците, пријатели на слободата и еднаквоста (Société des Jacobins, amis de la et de l'égalité) Во новоизбраниот Национален конвент, кој управувал со Франција од 21 септември 1792 година, Максимилијан Робеспјер се вратил во центарот на француската моќ.[4] Заедно со неговиот 25-годишен штитеник Луј Антоан де Сен-Жист, Мара, Дантон и други соработници биле сместени на највисоките седишта од просторијата за седници: затоа таа група предводена од Робеспјер била наречена Монтањари (француски: la Montagne, les Montagnards - во буквален превод Планина, Планинци).
Некои историчари претпочитаат да ја идентификуваат парламентарната група околу Робеспјер како Јакобинци,[5][6] што може да биде збунувачки бидејќи не сите Монтањари биле Јакобинци, а нивните главни противници - Жирондинците, претходно исто така биле Јакобинци. Во септември 1792 година, Робеспјер веќе бил доминантен во Јакобинскиот клуб.[4]
На 6 април 1793 година, Конвентот го основал Comité de salut public (Комитетот за јавен просперитет, или Комитет за јавен спас) како еден вид извршна влада составена од девет, подоцна дванаесет членови, и одговорна пред Националниот конвент. Првично, во Комитетот немало жирондинци и само еден или двајца Монтањари, но постепено влијанието на Монтањарите во Комитетот растело.[4]
Жирондинците исклучени од Националниот конвент
[уреди | уреди извор]Во Конвентот се воделе долги и жестоки дебати меѓу Монтањарите и Жирондинците. Жирондинците се потпирале на гласовите од мнозинството пратеници, но поради инсистирањето на Жирондинците да ги монополизираат сите позиции на власт за време на Конвентот и нападите врз лидерите на Монтањарите, пратениците полека почнале да гравитираат кон Монтањарите.
Жирондинците биле убедени дека нивните противници се стремат кон крвава диктатура, но Монтањарите сметале дека Жирондинците се подготвени на секаков компромис со конзервативците, па дури и со ројалистите, за да останат на власт. На крајот двете партии прифатиле здружување со опасни коалициони партнери: Жирондинците се здружиле со ројалистите, а Монтањарите со санкилотите.[7]
Воените неуспеси против Првата коалиција, пребегнувањето на Шарл Франсоа Думурие на страна на непријателот и Вандејската буна, која започнала во март 1793 година, биле користени како аргументи на Монтањарите и санкилотите за да ги прикажат Жирондинците како меки.
Последната пресметка била поттикната од судењето на Жан-Пол Мара и апсењето на сецесионерите. На 25 мај, Париската комуна влегла во Конвентот и побарала ослободување на активистите. Претседавачот со Конвентот, започнал со говор кој потсетува на манифестот на Бранзвик : „Ако се изврши напад врз лицата кои ја претставуваат нацијата, тогаш во името на целата земја изјавувам дека Париз ќе биде уништен“. Следниот ден Јакобинците се изјасниле дека се во востаничка состојба. На 28 мај, било договорено организирање на востание. На 29 мај, делегатите од 33 секции формирале востанички комитет од девет члена.[8] На 2 јуни, 80.000 вооружени санкилоти го опколиле Конвентот. На хаотична седница, тој ден бил усвоен декрет од страна на Конвентот, со кој од него биле исфрлени 22 водечки жирондинци, меѓу кои биле и Ланжуине, Иснар и Фаше.[4][9] Така Жирондинците престанала да постојат како политичка сила.[8]
Владеење на Монтањарите и граѓанска војна
[уреди | уреди извор]Во јуни 1793 година, Максимилијан Робеспјер и некои од неговите соработници (Монтањари) добиле поголема моќ во Франција.[4] Многу од нив, како и самиот Робеспјер, биле Јакобинци: Фуше, Коло д'Ербоа,[4] Било-Варен, Мара,[4] Дантон,[10] Сен Жист.[11] Тројца други моќни Монтањари [4] не биле познати како Јакобинци: Бертранд Баер, Жак Ебер и Жорж Кутон. Меѓутоа, по 1793 година, групата околу Робеспјер која доминира во француската политика во периодот јуни 1793 до јули 1794 година честопати се означува како „Јакобинци“.[5][6]
Периодот на владеење на Монтањарите ( јуни 1793 година до крајот на јули 1794 година) се нарекува Владеење на теророт. Поради ширењето на граѓанската војна од Вандеја и сè поголемите непријателски војски кои ја опкружувале Франција од сите страни, со декрет од 5 септември револуционерната влада одлучила да го воспостави „Теророт како секојдневица“ и да преземе остри мерки против оние за кои се сомнева дека се непријатели на револуцијата. Освен погубувањето на политичките непријатели, Теророт имал и своја економска страна олицетворена во Максимумот, мерка за контрола на цената на основните намирници и религиозна страна преку програмата за дехристијанизација што ја спроведувале следбениците на Жак Ебер. Со Законот од 22 праирал година II (10 јуни 1794 година) на осомничените им се одзело правото на јавно судење и правна помош и поротата можела да бира само помеѓу слобода или смрт. По донесувањето на овој закон следел перодот на „Големиот терор“ (француски: la Grande Terreur ), во кој биле погубени околу 1.400 лица, и придонел за падот на Робеспјер на 27 јули (9 Термидор).
Затворање на клубот
[уреди | уреди извор]На 9 Термидор (27 јули 1794) во Националниот конвент имало заговор против Робеспјер, кој управувал со Комитетот за јавен спас. Жан-Ламбер Талиен, член и поренешен претседател на Националниот конвент ја осудил тиранијата на Робеспјер.[12] Потоа била донесена наредба да се уапсат Робеспјер и неговите следбеници. Истиот ден, Робеспјер бил погубен заедно со 21 негови најблиски соработници.
По погубувањето на Робеспјер и другите водечки Монтањари и Јакобинци, започнала Термидорската реакција. Јакобинците станале мета на термидорските и антијакобинските весници,[13] при што Јакобинците се жалеле дека контрареволуционерните памфлети „го трујат јавното мислење“.[14] Започнале судења на истакнати членови од Теророт вклучени во злосторствата во Нант. [14]
Биле формирани организирани банди, jeunesse doree или Мускадини, кои ги малтретирале и ги напаѓале Јакобинците, и ја нападнале салата на Јакобинскиот клуб во Париз.[13] На 21 Бример, Конвентот не поддржал декрет за заштитата на клубот. [14] Доцна вечерта, Комитетот за општа безбедност одлучил да ја затвори салата за состаноци на Јакобинците, и таа била заклучена во четири часот утрото.[14]
На следната седница 22 Бример (12 ноември 1794 година), без дебата, Националниот конвент речиси едногласно донел декрет за трајно затворање на Јакобинскиот клуб.[15][16][17] [14] Јакобинските клубови биле затворени низ целата земја.[18]
Список на претседатели на Јакобинскиот клуб
[уреди | уреди извор]На почетокот нов претседател се избирал на секои два месеци, а подоцна на секои две недели:[19]
- 1789 - Жак-Франсоа Мену, Исак Рене Ги ле Шапелие
- 1790 – Оноре Габриел Мирабо, Dubois-Crancé ; Максимилијан Робеспјер, крајот на март-3 јуни 1790 година [20]
- 1791 – Пјер-Антоан Антонел;
- 1792 – Жан Пол Мара
- 1793 – Антоан Барнав, 3 јуни-23 јули; Максимилијан Робеспјер, 7-28 август 1793 година [21]
- 1794 - Жозеф Фуше, 11 јули; Николас Франсоа Вивие, 27 јули; укината во ноември
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Phillips, Walter Alison (1911). . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica. 15 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 117–119.CS1-одржување: ref=harv (link) Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Phillips 1911, pp. 117–119.“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Alpaugh, Micah (2014). „The British Origins of the French Jacobins: Radical Sociability and the Development of Political Club Networks“. European History Quarterly. SAGE Publications. 44: 594. doi:10.1177/0265691414546456.
- ↑ 3,0 3,1 Kennedy, Michael L. (December 1979). „The Foundation of the Jacobin Clubs and the Development of the Jacobin Club Network, 1789-1791“. The Journal of Modern History. The University of Chicago Press. 51: 701–733. doi:10.1086/241987. JSTOR 1877163.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 (на холандски) Noah Shusterman – De Franse Revolutie (The French Revolution).
- ↑ 5,0 5,1 Brown, Charles Brockden (2009) [1799]. Barnard, Philip; Shapiro, Stephen (уред.). Ormond; or The Secret Witness: with Related Texts. Indianapolis: Hackett Publishing. стр. 360. ISBN 978-1-6038-4126-9. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „brown“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 6,0 6,1 Shariatmadari, David (27 January 2015). „Is it time to stop using the word 'terrorist'?“. The Guardian. Посетено на 8 July 2017. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „guard.“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Hampson 1988.
- ↑ 8,0 8,1 Soboul 1974.
- ↑ „Historic Figures: Maximilien Robespierre (1758–1794)“. BBC. Посетено на 18 August 2011.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Hampson, Norman (1991).
- ↑ de Maillane, Durand; Lanjuinais, Jean-Denis (1825). Histoire de la Convention Nationale. Paris: Baudouin Freres. стр. 200.
- ↑ 13,0 13,1 Gendron, François (1993). „1. The Awakening of Moderate Opinion: The Closure of the Jacobin Club“. The Gilded Youth of Thermidor. Преведено од James Cookson. Montreal: McGill-Queen's University Press. ISBN 0-7735-0902-X. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „chapter“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 Gendron 1993.
- ↑ Corinne Gomez-Le Chevanton; Françoise Brunel, уред. (2005). „Archives Parlementaires de 1787 à 1860 - Première série (1787-1799)“. Archives Parlementaires de la Révolution Française (француски). Lyon, France: Persée. 101 (1): 167–8. Недостасува
|editor1=
(help) - ↑ de La Touche, Méhée (November 13, 1794). „Convention Nationale: Séance du 22 Brumaire“. L'Ami des Citoyens: Journal du Commerce et des Arts. Paris: Tallien and a Societe de Patriotes: 8.
- ↑ Gomez-Le Chevanton, Corinne; Brunel, Françoise (July 2015). „The National Convention as Reflected in the Parliamentary Archives“. Annales historiques de la Révolution française. Armand Colin. 381: 24. Посетено на 29 March 2022.
- ↑ Durant, Will; Durant, Ariel (1975). „Chapter IV. The Convention“. The Age of Napoleon – A History of European Civilization from 1789-1815. The Story of Civilization Part XI. New York: Simon & Schuster. стр. 83.
- ↑ Projet de réglement pour la Société des amis de la Constitution: séante aux Jacobins de Paris [Draft regulation for the Society of Friends of the Constitution: meeting at the Jacobins of Paris] (француски). Paris: The French Patriot. 1791. Посетено на 10 June 2019.
- ↑ A. Aulard (1897) La Société des Jacobins p. 714
- ↑ A. Aulard (1897) La Société des Jacobins p. 717
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Schama, Simon (1989). Citizens: A Chronicle of the French Revolution. Knopf. ISBN 0-394-55948-7.
- Shusterman, Noah (2014). The French Revolution. Faith, Desire, and Politics. Routledge: London/New York.
- Thompson, J.M. (1988). Robespierre. New York, NY: B. Blackwell. ISBN 978-0631155041.
Примарни извори
[уреди | уреди извор]- Stewart, John Hall, уред. (1951). A documentary survey of the French Revolution. New York: Macmillan. стр. 454–538. Посетено на 16 April 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јакобинците Архивирано на 27 ноември 2020 г. Место на курсеви за колеџ во Маунт Хољок
|