Од Википедија — слободната енциклопедија
Округла омега (глаголица: ) — збунувачко уникодно име за буквата Он широко (Ѻ, ѻ), варијатна на регуларната кирилична буква „Он“ (О, о). Он широко го наоѓаме во црковнословенското писмо како правата буква на коренот од зборот: на прва позиција (ѻгнь, ѻтрокъ), по приставка (праѻтецъ), и кај повеќеосновски зборови (ѻбоюдуѻстрый). Исто така се среќава и кај 2 географски поими (iѻрданъ—реката Јордан, iѻппiа—градот Јафа) и од нив изведените зборови, и како бројчен знак за бројот 70 (додека омега означува 800).