Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓ, ѓ — буква во македонската азбука[1] која го означува гласот /ɟ/ (звучна преднонепчена избувна согласка). Оваа буква е паралелна на српската буква Ђ, но нивниот изговор се разликува. Гласот потекнува од кириличната ћ или глаголичната .
Во своето дело За македонцките работи, македонистот Крсте Петков Мисирков користи комбинација од г' за да го претстави фонемот /ɟ/.
- ↑ Правопис на македонскиот литературен јазик стр.159 , Божидар Видоески, Тодор Димитровски, Кирил Конески, Радмила Угринова-Скаловска, Преосветно дело, Скопје, 2007