[go: up one dir, main page]

Развод (или распаѓање на бракот), конечниот престанок на брачниот сојуз, поништување на законските обврски и одговорности на бракот и укинување на брачниот договор помеѓу брачните другари (различно од поништување, со што се прогласува бракот за ништовен и неважечки). Законите за развод значително се разликуваат во целиот свет, но во повеќето држави потребно е одобрение од судот или од друг орган во судски процес. Правниот процес на развод може да вклучи и проблеми со алиментација (брачна поддршка), старателство над деца, издршка на дете, поделба на имот и распределба на долг. Во повеќе земји моногамијата е определена со закон, па така разводот дозволува секој од брачните партнери да се ожени со друг; каде што полигинијата е легална а полиандријата не, разводот дозволува жената да стапи во брак со нов маж.

Како и секоја поголема промена во животот, разводот може да биде стресно искуство. Тоа влијае на финансиите, заедничката спогодба, апаратите за домаќинство, распоредот итн. Ако семејството вклучува и деца, тогаш тие би можеле да бидат длабоко погодени.[1]

Уште од 1970-те години, голем број на земји законски го признаваат разводот, вклучувајќи ја Италија (1970 година), Португалија (1975 година), Шпанија (1981 година), Ирска (1996 година) и Малта (2011 година). Денеска, единствените земји кои не го признаваат разводот се Филипините (иако муслиманите имааат право да се разведат) и Ватикан, црковна држава, која нема постапка за развод.

,,Разведување нечии родители” е термин, кој некогаш се користи кога се зборува за еманципација на малолетници.

Западно право

уреди

Разводот како општествена појава е важна тема за истражување во социологијата. Во повеќе развиени земји, стапката на развод значително се зголемува во текот на дваесеттиот век. САД, Австралија, Германија, Нов Зеланд, Скандинавија и Велика Британија, се наоѓаат меѓу нациите во кои разводот станува секојдневие. Иако законите за развод се разликуваат меѓу судските надлежности, постојат два основни пристапи на разводот: развод кој се заснова на вина и развод кој не се заснова на вина. Меѓутоа, иако во некои правни системи не се бара едната страна да ја потврди вината на партнерот, судот сè уште може да го земе предвид однесувањето на двете страни, кога се дели имотот, долговите, старателството , плановите за грижа и поддршка. Во некои земји и региони, едниот сопружник може да биде принуден да плаќа такса за адвокатот на другиот сопружник.

Законите се разликуваат во однос на периодот за чекање пред разводот да биде делотворен. Исто така, условите за престој се разликуваат. Сепак, прашањата за поделба на имотот обично се утврдуваат со законот на судската надлежност под која се наоѓа имотот. [се бара извор]

Видови на развод

уреди

И покрај ова, во некои земји (или пак држави во САД), судовите поретко ги применуваат принципите на вина, но може доброволно да ја држат едната страна одговорна за прекршување на повереничките должности на брачниот другар (пр. дел 720 од Законикот за семејство и дел 1100 од Законикот за семејство на Калифорнија).

Во повеќето судски надлежности, разводот мора да го потврди ( или наложи судија) судот за да стапи на сила. Условите на развод, обично ги одредуваат судовите, иако во нив може да се вклучат и предбрачните, како и договорите после бракот, или едноставно да ги одобрува условите за коишто брачните другари се во согласност (оваа не е случај во САД, каде што договорите, поврзани со бракот мора да бидат предадени во писмена форма за да можат да се спроведат). Доколку не постои договор, оспорениот развод би можел да биде стресен за брачните другари. Во случај на оспорен развод, се бара еден од неколкуте проблеми, да го ислуша судијата на судењето- ова е многу поскапо, а и двете страни ќе треба да платат за изгубеното време на адвокатот и за неговата подготовка. Неодамна се појавил помалку непријателскиот пристап до спогодбите за развод, како што е посредничката и заедничка спогодба, кои преговараат за заедничко и прифатливо решение за конфликтите. Овој принцип во САД се нарекува ‘Алтернативно решение за спорот’ и продолжува да се здобива со популарност.

Во некои други земји, кога сопружниците се согласуваат на развод и на нивните услови, истиот може да се утврди од страна на неутрален административен субјект. Резултатот од разводот е тоа што, двете страни се слободни повторно да стапат во брак.

Развод кој се заснова на вина

уреди

Пред крајот на 1960 година, речиси сите земји во кои е дозволен разводот барале доказ од едниот брачен другар, дека другиот извршил акт кој не е во согласност со бракот. Ова се нарекува ,,основа’’ за развод (популарно наречено ,,вина’’) и претставувал единствениот начин да се прекине бракот. Повеќето судски надлежности низ светот сè уште го бараат овој доказ за вина. Во САД, разводот кој не се заснова на вина во сите 50 земји, што е случај и во Австралија, Нов Зеланд, Канада и други западни земји.

Разводите кои се засноваат на вина можат да се оспорат; проценката на прекршочните дела вклучува обвинувања за заговор од страна на брачните другари (соработуваат заедно за да го добијат разводот) или простување (одобрување на делото), премолчување (наведување некого во извршување на делото) или провокација од другиот брачен другар. Оспорените разводи кои се засноваат на вина може да се скапи и обично не се практични како повеќето одобрени разводи. Споредбената праведност е доктрина која се користи за да определи кој брачен другар носи повеќе вина, во случај кога двајцата брачни другари се виновни за прекршување.

Основите за развод кои би можел еден од брачните другари да ги истакне и треба да ги докаже вклучуваат ,,напуштање”, ,,одрекување”, ,,суровост” или ,,прељуба.”

Барањето за потврда на основата за развод се изменува (и повлекува) со одредбите на статутот за разводот кој не се заснова на вина, којшто станува популарен во Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Јужна Африка и Нов Зеланд во периодот од крајот на 1960- тите години па сè до почетокот 1970- тите години. Според судските надлежности за разводи кои не се засновани на вина, едноставното, општо тврдење за ,,ненадминливите разлики” или ,,неповратното распаѓање” во однос на бракот, доволно е за да се стави крај на бракот.

Развод кој не се заснова на вина

уреди

Некои западни судски надлежности немаат систем за развод кој не се заснова на вина, којшто не бара обвинување или доказ за вина од ниту еден брачен другар. Најоскудните тврдења се доволни. На пример, во земјите кои бараат ,,неповратно распаѓање”, самото тврдење дека бракот се распаднал го задоволува судскиот службеник. Во други , пак, судски надлежности кои бараат непремостливи разлики, самото тврдење дека бракот е непоправлив поради овие разлики, е доволно за да се одобри разводот. Судовите нема да бараат факти. ,,Да” е доволно, дури и ако другиот брачен другар жестоко се спротивставува.

Барањето може да го направи едниот или двата брачни другари заедно.

Во оние судски надлежности коишто го усвојуваат принципот на разводот кој не се заснова на вина во постапките за развод, некои од судовите сè уште ги земаат предвид, однесувањето на брачните другари при поделбата на името, долговите, старателството и дополнителните факти кои речиси секогаш имаат значителна вредност при погрешните постапки. При случаите за доделување на старателство, судовите може да ги земаат предвид факторите, кои се појавуваат како проблеми врз основа на вина, но навистина се поврзани со заштитата на детето или децата. Тие може да ги вклучат, но не и да се ограничат на злоупотребата од страна на едниот или двата родители, историјата на насилството, суровост, нестабилност, занемарување или загрозеност.

Развод со забрзана постапка

уреди

Разводот со забрзана постапка (или едноставен) развод, достапен во некои судски надлежности, се користи кога сопружниците исполнуваат одредени барања или кога може да се договарат за клучните прашања однапред.

Клучни фактори: • Краток брак (помалку од 5 години) • Брак без деца (или во некои држави, кога брачните другари го решиле старателството и ја одредиле алиментацијата за децата од бракот) • Минимален или никаков имот (без хипотека) • Брачниот имот е под прагот (околу 35.000 долари, не вклучувајќи возила) • Личниот имот на сопружниците е под прагот (обично исто како брачниот имот)

Неоспорни разводи

уреди

Се проценува дека повеќе од 95 % од разводите во САД се ,,неоспорни”, затоа што и двата брачни другари се во можност да се договорат ( независно со или без адвокати/ посредници/ заеднички советници) за имотот, децата и прашањата за издржувањето. Кога брачните другари можат да се договорат и да се појават на судот со фер и правичен договор, одобрувањето за разводот е речиси загарантиран. Доколку двете страни не можат да постигнат договор, бараат од судот да одлучи како да го подели имотот и кому да го додели старателството на нивните деца. Иако ова може да биде потребно, судовите претпочитат брачните другари да постигнат договор пред да се појават пред судот.

Каде што проблемите не се сложени и брачните другари соработуваат, спогодбата често може да биде директно постигната меѓу нив. Во поголемиот дел од случаите, формите се стекнуваат од нивните соодветни државни мрежни места и се плаќа такса на државата. Повеќето држави во САД наплаќаат помеѓу 175долари и 350 долари за обично заведување на разводот.

Заеднички постигнатиот развод и разводот со посредство на преговарачи, се сметаат за неоспорни.

Во САД, многу државни судски системи се соочуваат со зголемување на бројот на ,,про сè’ (англ. pro se) (односно, тужителите се претставуваат себеси без адвокат) во случаите на развод. На пример, во Сан Диего, бројот на барањата за развод кои влучуваат барем еден тужител кој самиот се претставува, се зголемува од 46% во 1992 година на 77% во 2000 година, а во Флорида од 66% во 1999 година на 73% во 2001 година. Урбаните судови во Калифорнија даваат извештај дека околу 80% од новите барања за развод ги поднесуваат самите тужители.

Развод на заедничко барање

уреди

Разводот на заедничко барање е метод при кој паровите кои се разведуваат постигнуваат договор за проблемите при разводот. При овој развод, брачните другари доаѓаат до заедно решение со помошта на адвокати кои се обучени за процесот на разводот на заедничко барање и за посредување, па често со помошта на неутрален финансиски специјалист и/ или инструктори за развој. Брачните другари се овластени да ги направат своите одлуки основани врз сопствените потреби и интереси, но со целосна информација и целосна професионална поддршка. Откако разводот на заедничко барање започнува, адвокатите се исклучуваат од претставување на брачните другари во оспорената законска постапка, заедничкиот законски процес би требало да заврши предвреме.

Повеќето адвокати кои го применуваат разводот на заедничко барање, тврдат дека истиот може да биде поделотворен од другите методи на развод, како на пример, појавувањето на суд. Тие велат дека трошокот треба да се погледне од финансиска и емоционална гледна точка. Исто така, искуството од заедничкото работење ја подобрува комуникацијата помеѓу брачните другари, особено кога се вмешуваат заедничките инструктори, па така можноста за повторно појавување на суд по разделбата или разводот се намалува. Во текот на соработката, брачните другари не треба да постигнуваат никакви договори, никакви документи или информации кои се разменуваат во процесот на соработка не смеат да се употребат во судот, освен со договор меѓу брачните другари.

Никој од професионалниот тим кој се задржува во процесот на соработка не може да биде изнесен пред суд. Во суштина, тие ја имаат истата заштита како и во посредништвото. Постојат два исклучоци: 1) Секоја писмена изјава под заклетва во текот на соработката и документацијата за сведоштвата го потврдуваат истото и 2) Секоја времена спогодба која се прави или се отпишува во текот на соработката или преписката во врска со нив. Брачните другари, под контрола на времето подготвени се да соработуваат. На некои луѓе потребно им е многу време да го завршат процесот, додека на други им се потребни само неколку состаноци за да најдат решение. Заедничките адвокати нудат строго организиран модел со состаноци, закажани две недели однапред и избор на точки на кои ќе се дискутира, распределени уште пред потпишувањето како и сè повеќето незавршени процеси, за кои одлучуваат самите клиенти.

Развод преку посредништво

уреди

Разводот преку посредници е можно решение на традиционалната разводна судска постапка. Во сесијата на развод преку посредници, посредникот ја олеснува дискусијата помеѓу двајцата брачни другари, преку комуникација и обезбедување информации и предлози за решавање на разликите. На крајот на процесот на посредство, одделните страни вообичаено го развиваат прилагодениот договор за развод кој може да биде изнесен пред суд. Сесиите за посредство можат да ги вклучат и адвокатите на брачните другари, неутрален адвокат или пак, посредник- адвокат кој би можел да ги информира и двете страни за нивните законски права, но не обезбедува совет на ниедна страна или може да се спроведе со помошта на посредникот кој ја олеснува и ја изменува постапката, без воопшто адвокатите да бидат присутни. Посредниците во разводот можеби се адвокати кои имаат искуство со случаи на развод, или пак тие би можеле да бидат професионални посредници, кои не се адвокати , но имаат обука конкретно во областа на семејни судски прашања. Разводот преку посредништво може значително да биде поевтин од судските постапки, и на финансиски и на емоционален план. Стапката на почитување на посредничките договори е многу повисока, за разлика од онаа за почитување на судските наредби.

Полигамија и развод

уреди

Полигинија е значаен структурен фактор, кој го регулира разводот во земјите каде што ова е дозволено. Литл- ту- ноу анализата се извршува за да ја објасни експлицитно врската меѓу брачната нестабилност и полигинијата, која води до развод. Зачестеноста на разводите во полигиниските бракови расте, во однос на моногамните врски. Во рамките на полигиниските заедници, разликите во брачната стабилност се случуваат со женската наредба. Постојат 3 главни механизми преку кои полигинијата влијае на разводот: економска воздржаност, сексуално задоволство и немањето на деца. Многу жени ја избегнуваат економската возржаност со разведување од нивниот брачен другар, кога ним им се дозволува да го покренат барањето за развод.

 
"Just Divorced!" hand-written on an automobile's rear window.

Последици од разводот

уреди

Некои од последиците коишто се поврзани со разводот ги вклучуваат проблемите со однесувањето, академските и психолошките проблеми. Иако, ова не може секогаш да биде вистина, студиите укажуваат на тоа дека поверојатно е децата од разведени семејства да доживеат проблеми во однесувањето, отколку оние од неразведените семејства.

Разводот и односите

уреди

Истражувањето направено на Универзитетот во Северен Илиноис за студиите за семејство и дете укажуваат дека разводот може да има позитивно влијание на семејствата поради помалиот број на конфликти во домот. Сепак, постојат многу случаи во кои односот родител- дете може да настрада во текот на разводот. Многупати финансиската поддршка се губи кога возрасен човек минува низ развод. За да ја задржи финансиската стабилност, тој е обврзан да работи дополнителна работа. Во спротивно, ова може да доведе до негативен однос помеѓу родителот и детето. Односот, исто така може да настрада поради недостигот на внимание кон детето, како и минимален родителски надзор. Освен тоа, студиите покажуваат дека вештините на родителите се намалуваат по разводот; сепак, овој резултат е само привремена промена. ,,Повеќето истражувања покажуваат дека неурамнотеженоста, вклучувајќи ги и намалените родителски вештини, се јавува во годината што следи по разводот, но по две години од разводот се случува повторно стабилизирање и родителските вештини се подобруваат”.

Во една студија, спроведена од Американската психолошко здружение на преселувањето на родителите после разводот, истражувачите откриле дека овој потег има долгорочно влијание врз децата. Во првата студија за влијанијата од преселувањето на родителите кое се поврзува со благосостојбата на нивните деца после разводот, направена меѓу 2.000 студенти, истражувачите наишле на големи разлики. Во разведените семејства каде што едниот родител се преселил, студентите добиваат помала финансиска поддршка од нивните родители, во споредба со разведените семејства каде ниту еден родител не се преселил. Овие наоди исто така имплицираат и други негативни резултати за овие студенти, како што е поголемата вознемиреност поврзана со разводот и немањето чувство за емоционална поддршка од нивните родители. Иако податоците укажуваат на негативни исходи за овие студенти чиишто родители се преселиле по разводот, не постои истражување кое би можело само по себе да ја докаже општата благосостојба на детето. А, пак, понова студија во списанието за семејна психологија покажува дека родителите кои се преселуваат подалеку од своите деца по разводот, се многу помалку имашливи од оние родители кои остануваат на истата локација.

Разводот и академските достигнувања

уреди

Оние деца кои го искусиле разводот, често имаат пониски академски достигнувања во однос на децата на неразведените семејства. Во преглед направен врз факторите, семејство и училиште, поврзан со академските достигнувања на адолесцентите, се забележува дека е двапати поверојатно за дете од разведено семејство да се откаже од средното училиште, за разлика од детето од неразведено семејство. За децата од разведените семејства е помалку веројатно да се запишат на колеџ, што резултира со прекин на нивната академска кариера.

Многупати, академските проблеми се поврзуваат со оние деца со еден родител. Студиите покажуваат дека овој проблем може директно да се поврзи со економското влијание на разводот. Разводот може да резултира и со преселување на родителот и децата во некоја област со поголема стапка на сиромаштија и лош образовен систем, и сето тоа да се должи на финансиската борба на еден од родителите.

Влијанието на разводот врз децата

уреди

Социолозите имаат мали сознанија за последиците врз децата кои се помали од три или четири години. Децата на возраст од 3- 5 години, го сфаќаат разводот како нивна вина. Постарите деца, искусуваат чувство на лутина, тага и срам.

,,Луѓето мислат дека родителството после разводот е лесно, но во суштина многу е тешко, и како од око, моето искуство е дека колку поинтелигентен е родителот толку потежок е спорот за решавање. Не постои ништо полошо, за повеќето деца, од тоа да нивните родители меѓусебно се уништуваат. Родителите едноставно не ја сфаќаат штетата која им ја нанесуваат на нивните деца, со борбите кои ги водат преку нив. Родителите кои се разделени ретко се однесуваат разумно, иако тие мислат дека го се однесуваат така и дека другата страна постапува неразумно.”- г-дин Николас Скот (претседател на Одделот за семејство при Врховниот суд).

И покрај тоа што родителите немаат намера, ставањето на децата во средината на конфликтот е особено штетно. Примери за ова се: барајќи од децата да пренесуваат пораки меѓу родителите, мачејќи ги децата за активностите на другиот родител, кажувајќи им на децата дека другиот родител не ги сака и навредувајќи го другиот родител пред децата. Сериозната расправија меѓу родителите, може да го зголеми ризикот на децата за проблемите при однесувањето, депресија, дрогирање и зависност, погрешно општествено однесување и слаби академски достигнувања. За среќа, постојат пристапи со кои професионалците за развод можат да им помогнат на родителите да го намалат конфликтот. Опциите вклучуваат посредство, разводи на заедничко барање, семејно советување и родителското координирање.

Како детето ќе го доживее разводот зависи до бројни фактори, како: возраста на детето, присуството на детето во текот на кавгите меѓу родителите, неговиот однос со двајцата родитела, начинот на којшто родителите го преживуваат разводот итн. За некои деца, разводот претставува олеснување, зашто сфаќаат дека тоа е крај на нетрпеливоста меѓу родителите, додека кај други деца разводот предизвикува страв од непознатото. Ефектите на разводот врз детето се поизразени особено во периодите кога детето тргнува на училиште, во случај на смрт на некој член на семејството итн. Сепак, за правилен развој на детето, подобро е родителите да се разведта, отколку тие да живеат во лош брак, исполнет со постојани кавги и со нетрпеливост. Некои истражувања покажуваат дека децата кои растат само со еден родител ги остваруваат истите академски резултати како и децата што растат со двајцата родители.[2]

Децата на разведените родители, понекогаш, во односите со другите деца имаат лоши сеќавања, потиснати емоции и тешкотии во контролата на своето однесување. Како детето го прифаќа разводот зависи и од односот на родителите кон него, зашто детето што се чувствува сакано и прифатено полесно го прифаќа разводот. Во тој поглед, важно е, по раводот, на детето да му се обезбеди контакт со другиот родител. Во постапката на разведување, важно е како тоа ќе му се соопшти на детето, а најдобро е тоа да се направи рационално и смирено, со цел детето да сфати дека тоа е одлука на двајцата родители. Притоа, важно е на детето да му се нагласи дека тоа нема никаква вина за разводот. На детето треба да му се каже со кого ќе продолжи да живее и на кој начин ќе контактира со другиот родител.[3]

Развод меѓу постари лица

уреди

Според статијата од ,,Њујорк Тајмс” ( англ. “New York Times”), ,,Повеќето Американци се откажуваат од бракот во 50-тите години и подоцна”, во последните 20 години, стапката на развод се зголемува за 50% кај оние кои се родени во периодот на беби бумот. Сè повеќе возрасни остануваат сами и според анализата на податоците од пописот, спроведени на Универзитетот Боулинг Грин (англ. ,,Bowling Green State University” ) во Охајо, се вели дека бројот на разводи ќе продолжи да расте. На луѓето родени во периодот на беби бумот кои не се во брак, шансите да живеат во сиромаштија се пет пати поголеми, во споредба на оние кои се во брак.

Според статистиката, ќе им биде трипати потешко да добијат и купони за храна, социјална помош или пак инвалидски плати. Социолозите веруваат дека зголемениот број на повозрасни Американци кои не се во брак е резултат на факторите, како што се долговечноста и економијата. Жените, особено, стануваат сè повеќе финансиски независни, што им овозможува да се чувствуваат посигурни што се сами. Во претходните генерации, за разлика од сега, се гледало поинаку на тоа да бидеш разведен или сингл. Ова резултирало со помал притисок врз луѓето родени во периодот на беби бумот, да влезат во брак или да останат во брак.

Статистика

уреди

Во просек, првите бракови кои завршуваат со развод траат околу осум години. Од првите бракови, во периодот од 1955 до 1959 година, околу 79% од жените ја прославиле својата 15-та годишнина, во споредба со само 57% од жените кои се омажиле за првпат од 1985 до 1989 година. Просечното време помеѓу разводот и вториот брак, било три и пол години. Во 2009 година, стапката на развод се намалила. Студија од 1995 година, покажува широк спектар на фактори кои се поврзуваат со стапката на развод, вклучувајќи ја зачестеноста на секс, богатството, расата и религиозната посветеност.

Во 2001 година, браковите меѓу луѓето од различни вери имале трипати поголеми шанси да се распаднат, во однос на оние бракови склучени меѓу луѓе од иста вера. Во една студија од 1993 година, членовите на две водечки простестантски религии имале 20% шанси да се разведат во рок од 5 години; на католичката и евангелистичката 33% шанси; на јудаизмот и христијанската религија 40% шанси. Една студија на групата Барна, што спроведува анкети од интерес за христијаните, покажува дека повисоката стапка на развод се поврзува со честата посетеност на црквите. Додека соживотот се поврзува со високата стапка на развод, една студија покажува дека паровите кои се склони на разводи имаат тенденција прво да живеат заедно, па така тој соживот самиот по себе ја зголемува веројатноста за развод. Во Саскачеван, Канада, соживотот на сопружниците се третира идентично како граѓанскиот брак во Судот за семејно право. Успехот во бракот се поврзува со високото образование и подоцнежната возраст. 81% од дипломираните, над 26- годишна возраст, кои стапиле во брак во 1980-тата година, сè уште биле во брак 20 години подоцна. 65% од дипломираните под 26 години, кои стапиле во брак во 1980-тата година, сè уште биле во брак 20 години подоцна.

Студиите за населението покажуваат дека во 2004 г. и 2008 г., државите со демократски избори имаат ниска стапка на развод, во однос на државите со недемократски избори, можеби затоа што луѓето во демократските држави имаат тенденција да чекаат подолго за да се омажат. Во 2009 година, 2,9% од возрасните на возраст од 35-39 години без диплома се развеле, во споредба со 1,6% со високо образование. Извештајот од Националниот центар за статистика за здравјето, покажува дека од 1975 г. до 1988 г. во САД, во семејствата со деца, сопругите поднеле барање за развод во приближно две- третини од случаите. Во 1975 година, 71,4% од случаите биле покренати од жените, а во 1988 година, 65% од случаите. Се проценува дека повеќе од 95% од разводите во САД се ,,неспорни”, затоа што двајцата брачни другари се способни да дојдат до договор без расправа (со или без адвокати/ посредници/ заеднички советници) за имотот, децата и прашањата околу издржувањето.

Студијата на Џенифер Л. Братер и Розалин Б. Кинг од 2008 година, спроведена во име на Информативен центар за образовни ресурси истражува дали преминувањето преку расните граници го зголемува ризикот од развод. Користејќки го Националното истражување за проширување на семејството од 2002 година (циклус VI), се споредувала веројатноста за развод кај парови од различни раси и онаа кај парови од иста раса. Споредбата кај брачните другари открива дека, генерално, меѓурасните двојки имаат повисока стапка на развод, особено за оние кои стапиле во брак во текот на доцните 1980-ти години. Авторите откриваат дека родот има значајна улога во динамиката на меѓурасниот развод: Според прилагодените модели кои предвидуваат развод на 10-тата година од бракот, меѓурасните бракови, воедно и најранливи вклучуваат бели жени и мажите кои не се белци ( со исклучок на белите жени/ мажите Хиспанци), во однос на двојките, во кои и двата партнери се белци. Браковите на бела сопруга и маж црнец, се двапати поверојатни дека ќе се распаднат до 10- тата година од бракот, во споредба со двојките каде и двајцата партнери се белци, додека браковите на бела жена со маж, Азиец се 59% поверојатни дека ќе завршат со развод во однос на заедниците со двајца белци. Спротивно на тоа, двојките каде мажите се белци а жените не, покажажуваат или многу мала или никаква разлика во стапката на развод. Браковите на жена, Азијка и белец, покажуваат само 4% поголема веројатност за развод до 10- тата година од бракот, во однос на двојките каде и двата партнери се белци. Во случајот со брак на црнка со белец, разводот до 10- тата година од бракот е со 44% помала веројатност, во однос на заедниците со двајца белци. Мешаните бракови, кои не ја преминале расната граница, што било случај со двојките од бела жена и Хиспанец, покажуваат статистички слични веројатности за развод како кај браковите каде и двата партнери се белци.

Студија од 2011 година, покажува дека 1% пораст на стапката за невработеност се поврзува со намалувањето на стапката на развод од 1%, веројатно затоа што повеќе луѓе биле финансиски способни да си ги дозволат правни постапки.

Европа

уреди

Една студија проценува дека правните реформи учествуваат со околу 20% од порастот на стапката на разводите во Европа помеѓу 1960 г. и 2002 г.[4]

Автралија

уреди

Во Австралија, речиси секој трет брак завршува со развод. По достигнувањето на врвот со стапката на разводи, со 2,7 на 1000 жители во 2001 година, австралиската стапка се намалила на 2,3 на 1000 жители во 2007 година.[5]

Јапонија

уреди

Во Јапонија, разводите имале општ тренд на накачување од 1960-тите до 2002 година, кога тие го достигнале врвот со 290. 000 разводи. Оттогаш, и бројот и стапката на разводите континуирано се намалува, во текот на шест години. Во 2010 година, бројот на разводите изнесува 251.000, а стапката на разводите 1,99 ( на 1.000 жители).[6]

Развод на истополови бракови (САД)

уреди

Некои земји дозволуваат истополови бракови. Законот за истополови двојки во САД сè уште се оформува и помалку од јасно е, како ваков вид на зедници може да бидат легално распуштени во друга земја. На пример, доколку истополовата двојка склучува брак во држава каде се признати геј браковите, но се враќа да живее во држава каде не се, тие би можеле да се најдат во ситуација каде што нивната држава, која не сакала да ја признае нивната заедница сега не им овозможува ни развод. Покрај тоа, поделбата на финансиските средства на двојката може да се покаже како тешко, како и одредувањето кој од сопружниците ќе го има старателството над децата.

Правата на сопружниците за старателството над децата

уреди

По раскинувањето на истополовите бракови, остануваат правните прашања околу правата на сопружниците, за старателството над биолошките деца на нивните брачни другари. Нерешени правни прашања изобилуваат во оваа област.

Политиката на старателството над децата, вклучува неколку упатства кои одредуваат со кого ќе живее детето после разводот, колку време е определено при ситуации на заедничко старателство и правата за посети. Најчестото упатство кое се применува при доделување на старателството е стандардот ,,најдобрите интереси за детето”, кој ги зема предвид параметрите на родителите и децата, интеракциите меѓу родителите и децата, прилагодувањето на децата и менталното и физичкото здравје на членовите на семејството.

Истополовиот развод во државата што не го признава истополовиот брак

уреди

Откако истополовите бракови не се признаени во повеќе земји, двојките кои се венчани во држави каде истите се признаваат, ќе се најдат во состојба да бидат исклучени од можноста да се разведат во државата во која живеат. Кога се случува ова, ќе останат неодговорени правните прашања како што и законите на државата ќе се применуваат за да ги утврдат правата на секој од разведените партнери. Покрај тоа, посебни проблеми ќе им се појават кога истополовите двојки не можат да се разведат во држави каде се признаваат истополовите бракови зошто не се жители на такви држави.

Историја

уреди

Грчко- римската култура

уреди

Античките Атињани либерално дозволувале развод, но лицето кое бара развод морало да поднесе барање до судијата, па потоа судијата утврдувал дали дадените причини се доволни за развод.

Разводот, бил реткост во почетокот на римската култура, но како нивната империја се зголемила, стекнала моќ и авторитет, римското граѓанско право ја прифатило максимата "matrimonia debent Esse libera" (,,бракови треба да бидат слободни"), па или маж или жена може да се откаже од бракот по волја. Иако граѓанските власти ретко имале интервенции за разводи, социјалните и семејните совети гарантирале дека разводот се случил само по сериозни набљудувања. Христијанските цареви Константин и Теодосиј го забраниле разводот, но тоа било променето од страна на Јустинијан во шестиот век.

Средновековна Европа

уреди

По падот на Римското Царство, семејниот живот бил регулиран повеќе од црковниот авторитет отколку од граѓанските власти. Сè до периодот на деветти или десетти век, стапката на разводи била значително намалена под влијанието на црквата, која го сметала бракот за света тајна покрената од страна на Бог и Христос и за нераскинлив од страна на човекова активност. http://history.hanover.edu/texts/trent/ct24.html. Session the Twenty-Fourth. London: Dolman. 1848. стр. 192–232 http://history.hanover.edu/texts/trent/ct24.html. Посетено на 2006-09-18. Отсутно или празно |title= (help)</ref>

Иако разводот, како што е познато денес, главно бил забранет по десеттиот век, разделувањето на мажот и жената и поништување на бракот биле добро познати. Она што денес се нарекува ,,посебно одржување" (или ,,законска разделување") се нарекувало " divorce Менса et thoro" (,,развод од креветот-и-одбор"). На мажот и жената коишто биле разведени, им било забрането да живеат заедно, иако нивната брачна врска не била целосно прекината. Граѓанските судови немале власт над бракот или разводот. Основата за поништување се утврдувала од страна на црковниот авторитет и се пирименувала во црковните судови. ,,Во случај на конечен развод, бракот се прогласува за ништовен, како да бил незаконски уште од почетокот (лат.“ab initio).” Црквата сметала дека светата тајна на бракот создава една личност со две, неразделни една од друга : ,,Со стапување во брак, мажот и жената се едно лице за законот: тоа е, самото битие на правно постоење на жената е суспендирано за време на бракот, или барем е приклучено и консолидирано во онаа на сопругот, под чие крило, заштита и покритие, таа врши се. ,,Бидејќи мажот и жената стануваат едно лице во бракот, кое единство може да се поништи само ако страните на неисправен начин влегле во брак на бракот.

Секуларизацијата во Европа и САД

уреди

По преродбата, бракот почнал да се смета за граѓански договор во не-католичките региони, и врз таа основа цивилните власти постепено ја добиваат нивната моќ на декретот "divortium на vinculo matrimonii", или "развод од сите обврзници на брак". Бидејќи не постоеле претседатели да ги дефинираат околностите под кои бракот може да биде распуштен, граѓански судови во голема мера се потпирале на претходните определби на црковните судови и слободно усвоените барања, утврдени од тие судови. Кога граѓанските судови ја презеле власта да ги распуштаат браковите, судовите добро ги толкувале околностите под кои тие ќе го дадат развод и имале предвид разводот да биде во спротивност на јавната политика. Бидејќи развод се сметал за спротивен на јавниот интерес, граѓански судови одбивале да даваат развод ако доказите откривале какво било навестување за соучесништво меѓу мажот и жената да се разведат, или ако тие се обидувале да создадат основа за развод. Разводот се одобрувал, само затоа што едната страна во бракот ја прекршил светата завет на ,,невиниот брачен другар". Доколку и мажот и жената биле виновни ,,ниеден од нив не можел да избега од границите на бракот”. На крајот, идејата дека бракот може да се растури во случаи кога еден од брачните другари го прекршил светиот завет, постепено дозволила проширување на основата врз која разводот може да биде доделен, од основите кои постоеле во времето на бракот па сè до основите после него, но кои го претставиле насилството на тој свет завет, како што е напуштањето, прељубата или ,,екстремната суровост”.

Јапонија

уреди

Во периодот на Едо (1603-1868), само мажите може да се разведат од сопругата со пишување писма за развод. Но всушност, нивните роднини или наговорници за брак често ги задржувале ваквите писма и се обидувале да го задржат бракот. На жените не им се дозволувало да се разведат од нивните сопрузи. Некои жени биле во можност да се здобијат со светилиште во одредени Шинтоизам ,,развод храмови" за неколку години, и со тоа тие биле во можност да се здобијат со развод. Во 19 век во Јапонија, барем еден во осум бракови завршил со развод. Постојат четири видови на развод во Јапонија: развод по договор во кој разводот е заеднички, развод со посредство што се случува во семејниот суд, разводот со одлука на семејниот суд што се случува, кога двојката не може да ги завршува обврските, развод преку посредување и разводот со пресуда од Окружниот суд.

Индија

уреди

На сите нивоа во Индија, Законот за посебен брак бил донесен во 1954 година и Законот за хинду брак, во 1955 година со кој законски се дозволува развод на Хиндусите и другите заедници кои избрале да стапат во брак во рамките на овие акти. Развод може да се бара од страна на мажот или жената на одредени основи, вклучувајќи: прељуба, суровост, дезертерство за две години, вера, ментална абнормалност, венерични болести и лепрата. Развод исто така бил легален, врз основа на заемна согласност на двајцата брачни другари, кој може да се поднесе по најмалку една година на одделно живеење. Заемна согласност за развод не можела да се добие со жалба и законот предвидувал минимален период од шест месеци (од времето кога се поднесува барање за развод) за разводот да биде одобрен.

Официјалните бројки на разводи не се достапни, но се проценува дека 1 од 100 или 11 од 1.000 бракови во Индија завршуваат со развод.

Различните заедници се раководат од страна на конкретно брачно законодавство, различно на Актот за хинду брак и следствено имаат свои закони за развод: • Бракот Парси и Актот на развод, од 1936 година • Поништувањето на актот на муслиманскиот брак, од 1939 година • Актот на надворешен брак, од 1969 година

Измената и дополнувањето на брачните закони за да се овозможи разводот врз основа на ,,неповратно распаѓање на бракот" (како што е наведено од страна на еден од брачните другари) е предмет на разгледување во Индија. Во јуни 2010 година, Кабинетот на унијата на Индија го одобрила Законот на брачните закони (Амандман) во 2010 година, кој, ако се прифати од страна на Парламентот, ќе го воспостави ,,неповратното распаѓање", како нова основа за развод.

Ислам

уреди

Во исламскиот закон за брачно право, разводот е наведен како талак (“talaq”). Кула (“khula”) е правото на жената во исламот да се разведе или да се раздели од нејзиниот сопруг. Тројниот талак е механизам за развод, кој постои во сунитска секта на исламот, а е одбиена од страна на шиитската секта. Талак (конфликт) се занимава со односот помеѓу верските и секуларните системи за престанок на бракот во конфликтот на законите.

Според Јосеф Рапапорт, во 15 век, стапката на разводи била повисока за разлика од денес, во современиот Близок Исток, кој вообичаено има ниска стапки на развод. Во 15 век во Египет, Ал- Сакави ја запишал брачната историја на 500 жени, што претставува најголемиот примерок за брак од средниот век и открил дека најмалку третина од жените во султанатот Мамелук од Египет и Сирија се мажеле повеќепати, од кои многумина по три или повеќепати. Според Ал- Сакави, три од десет бракови завршувале со развод, во 15 век. Во почетокот на 20-от век, некои села во западна Јава и Малајскиот полуостров имале стапка на развод, висока до 70%.

Филипините

уреди

Партијата на жените на Габриела го регистрира предлог- законот на Парламентот со бр. 1799, што претставува предлог-закон за развод на Филипините кој е донесен на 27 јули 2010 година. Поништување е легално на Филипините. Разводот може да се одобри во согласност со законот, ако се повторува физичкото насилство или грубото навредливо однесување кон подносителот, заедничкото дете или детето на подносителот; хомосексуалноста, напуштање и многу повеќе.

Причини за развод

уреди

Годишна студија во Велика Британија спроведена од менаџмент консултантите на Грант Торнтон, ги проценува главните причини за развод врз основа на истражувањата на брачните адвокати.

Главните причини во 2004 година биле:

• Прељуба; вонбрачен секс; неверство – 27 • Семејно насилство - 17% • Криза на средовечност - 13% • Зависност, на пр. алкохолизам и коцкање - 6% • Зависност од работа- 6%

Според ова истражување, во 75% од случаите, сопрузите се впуштаат во вонбрачни односи; сопруги во 25% од случаите. Во случаите на напнатост во семејството, во 78% од нив, сопругата е основниот извор на напнатост, во споредба со 22% од случаите кога сопрузите претставуваат основен извор. Емоционалната и физичката злоупотреба била порамномерно распределена, каде жените биле повредени во 60% и сопрузите во 40% од случаите. Во 70% од случаите со зависност од работа мажите биле причина за развод, а во 30% од случаите, сопругите. Истражувањето од 2004 година, покажува дека 93% од случаите на развод биле на барање од страна на жените, од кои многу малку виле оспорени. 53% од разводите, биле разводи на бракови кои траеле од 10 до 15 години, а пак 40% на бракови кои траеле од 5 до 10 години. Во текот на првите 5 години релативно се дозволува разводот, а доколку бракот опстанува повеќе од 20 години, веројатно е дека нема да заврши со развод.

Социјалните научници ги проучуваат причините за развод, во однос на основните фактори кои би можеле да поттикнат развод. Еден од овие фактори, е возраста на која едно лица стапува во брак; одложувањето на бракот може да обезбеди повеќе можности или искуство при изборот на соодветен партнер. Односот на платата, приходите и сексот, претставуваат други такви основни фактори кои се вклучени во анализите од страна на социолозите и економистите.

Религијата и разводот

уреди

Во некои земји (најчесто во Европа и Северна Америка), владата ги дефинира и управува браковите и разводите. Додека церемониите може да се извршат од страна на верски претставници во име на државата, граѓанскиот брак а со тоа и граѓанскиот развод (без вклучување на религијата) се исто така можни. Поради различните стандарди и постапки, една двојка може да не биде законски во брак, да биде во брак, или пак да се разведе со законска одредба, но двојката има различен статус кој се дефинира од страна на религиозен ред. Други земји пак, го користат верскиот закон за управување со браковите и разводите, елиминирајќи ја оваа разлика. Во овие случаи, верските службеници обично се одговорни за изложувањето и спроведувањето.

Исламот дозволува развод, кој може да биде покренат или од сопругот или сопругата. Сепак, иницирањата се предмет на одредени услови и периоди на чекање, кои се наменети да го принуди оној кој го покренува барањето уште еднас да размисли. Религиите кои се засновани на концептот Дарма не дозволуваат развод. Христијанските гледишта за развод се разликуваат, со католичкото учење се дозволува само поништувањето, но повеќето другите вери не го поддржуваат, но го дозволуваат разводот. Еврејски погледи за разводот се разликуваат, но со реформите во јудаизмот граѓанските разводи се прифатливи. Конзервативниот и православен јудаизмот бараат од сопругот да даде согласност за развод на неговата сопруга во форма на документ.

Милет системот, каде што секоја религиозна група ги уредува сопствените бракови и разводи, сè уште е присутен во различни степени во некои земји како Ирак, Сирија, Јордан, Либан, Израел, Палестина, Египет и Грција. Неколку земји го користат шеријатот (исламскиот закон) да управуваат со бракови и разводи на муслиманите. Така, бракот во Израел се управува, одделно од страна на секоја верска заедница (евреи, христијани, муслимани и друзите), и не постои одредба за меѓуверски бракови, освен онаа за стапување во брак во друга земја. За Евреите, бракот и разводот се управуваат од страна на православна рабини. Партнерите може да поднесат барање за развод или во рабинскиот суд или во израелскиот граѓански суд.

Родот и разводот

уреди

Според една студија објавена во Американски закон и економски преглед , малку повеќе од две третини од разводите во САД се покренуваат на барање на жените.[7] Постои некоја разлика во државите, и во бројките, кои се менуваат со текот на времето, со околу 60% од барањата за развод се од страна на жените во поголемиот дел од 19 век, а над 70% од барањата за развод се поднесени од страна на жените во некои држави, откако во нив се воведува разводот кој не се заснова на вина. Се докажува дека меѓу високо образованите двојки, процентот на разводи иницирани од страна на жените е околу 90%.

Една студија покажува дека браковите меѓу бела жена и маж црнец, и меѓу бела жена и маж Азиец сè повеќе склони да дојдат до развод, за разлика од паровите во кои и двата партнери се белци. Спротивно на тоа, заедниците меѓу мажите белци и жените кои се од други раси (и меѓу Хиспанците и лицата од нехиспанско потекло) имаат слични или пониски ризици за развод, за разлика од браковите помеѓу белци.Во однос на спогодбите за развод, во согласност со истражувањето на Грант Торнтон од 2004 година во Велика Британија, жените добиле подобра или значително подобра спогодба отколку мажите, во 60% од случаите. Во 30% од случаите, имотот бил поделен 50-50, а во само 10% од случаите, мажи постигнале подобра спогодба (намалување за 24% од претходната година). Во извештајот се заклучува дека процентот на налозите за заедничко живеалиште треба да се зголеми, за да се направат поправични финансиски распределби, и притоа тоа да стане норма.

Некои судски надлежности даваат нееднакви права на мажите и жените при поднесувањето барање за развод.

За парови кои се придржуваат на Законот на конзервативни и православни Евреи (што според граѓанското право на Израелците ги вклучува сите Евреи во Израел), мажот мора да побара од неговата сопруга развод преку документ наречен ‘get’. Ако мажот одбие, жената може да поднесе жалба до судот или заедницата, за да изврши притисок врз сопругот. Жената, чијшто сопруг одбива да издаде ‘get’ или кој се води за исчезнат, се нарекува агуна (приковена- зацврстена жена во синџири) и таа е сè уште во брак, па затоа не може да се премажи. Според православниот закон, децата од вонбрачна афера со мажена Еврејка се сметаат за незаконити (mamzerim) и тие не може да стапат во брак со оние што се законски признати (non-mamzerim).

Разводот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Развод“ — кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[8]
  • „Развод“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[9]
  • „Разводот на камионџијата“ (англиски: Truck Driver Divorce) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa) од 1984 година.[10]
  • „Хаиќански развод“ (англиски: Haitian Divorce) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1976 година.[11]
  • „Песна за разводот“ (англиски: Divorce Song) — песна на американската рок-музичарка Лиз Фер (Liz Phair) од 1993 година.[12]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. NIH
  2. М.А.М., „На децата им се потребни двајца здрави родители“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 12-13.
  3. М.А.М., „На децата им се потребни двајца здрави родители“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 14.
  4. „The Effect of Divorce Laws on Divorce Rates in Europe“.
  5. „Divorce Statistics AUSTRALIA - Marriage and Divorce Research and Statistics“. Mydivorce.com.au. 2009-03-01. Архивирано од изворникот на 2010-06-11. Посетено на 2010-06-11.
  6. „Statistical Handbook of Japan: Chapter 2 - Population“.
  7. Brinig, Margaret; Douglas W. Allen (2000). „These Boots Are Made for Walking: Why Most Divorce Filers are Women“. American Law and Economics Review. 2 (1): 126–129.
  8. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 160-161.
  9. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 385.
  10. Zappa* – Them Or Us (пристапено на 28.1.2024)
  11. [htttps://www.discogs.com/master/16969-Steely-Dan-The-Royal-Scam Steely Dan – The Royal Scam (пристапено на 20.4.2024)]
  12. Discogs, Liz Phair ‎– Exile In Guyville (пристапено на 30.9.2019)

Надворешни врски

уреди