[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

TrackBack

Од Википедија — слободната енциклопедија

TrackBack е механизам за интеркомуникација меѓу блогови: ако еден блогер напише пост, во кој коментира, или се повикува на напис кој се наоѓа на друг блог, и двете блогерски платформи го поддржуваат TrackBack протоколот, блогерот кој го пишува постот може да го извести другиот блог со TrackBack ping.

Блогот кој го прима известувањето (пингот) може да испише краток преглед или резиме и врски до сите постови кои го коментираат или се повикуваат на оригиналниот пост. Ова овозможува делотворно разработување на една иста тема на повеќе блогови кои корисниците можат лесно да ги следат.