[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Token Ring

Од Википедија — слободната енциклопедија
Два примери на мрежи за токен прстен: а) Користење на еден MAU б) Користење на неколку MAU поврзани едни со други
Два примери на мрежи за токен прстен: а) Користење на еден MAU б) Користење на неколку MAU поврзани едни со други

Станиците во token ring локална мрежа се организирани во круг каде податоците се пренесуваат од една до наредната станица и контролен token кружи по прстенот и го контролира пристапот. Овој механизам се користи кај ARCNET, token bus и FDDI и има теоретски предности во однос на CSMA/CD и Етернет.

Шематски, token ring мрежата е поврзана како ѕвезда со разводни кутии и излези и влезови од и до секоја станица во мрежата. Каблите за поврзување најчесто се IBM “Тип 1” пар преплетени жици со IBM податочни конектори. Недостаток на конекторите е што се кревки и гломазни и за нив е потребно барем 3 x 3 cm простор.
Во 1985 година token ring работеше со брзина од 4Mbit/s, но во 1989 година IBM излезе со token ring со брзина од 16 Mbit/s и 802.5 стандардот беше прилагоден на него. Во 1981 година, Apollo Computer ja претставија нивнata Apollo token ring (ATR) мрежа со 12 Mbit/s и Proteon ја претставија нивната ProNet-10 мрежа во 1984. Сепак, мрежата IBM token ring не беше компатибилна на ATR и ProNet-10. Секоја станица ја предава и ја предава рамката token до најблиската соседна станица во мрежата. На овој начин се остварува пристап до заедничките ресурси. Станиците кои сакаат да пренесуваат рамки мора прво да добијат token па потоа да пренесуваат. Token ring мрежите обично користат Differential Manchester кодирање. IBM го популаризира користењето на token ring во средината на 80-ите со излегувањето на IBM token ring архитектура заснована на MAU (Media Access Unit) и IBM систем за каблирање. IEEE подоцна стандардизира token ring LAN систем наречен IEEE 802.5. Token ring од 4 Mbit/s and 16 Mbit/s беа стандардизирани од IEEE 802.5. Потоа беше стандардизиран 100 Mbit/s token ring додека пак во 2001 година овозможија брзина од 1000 Mbit/s, но не излезе на пазарот. Кога се појави token ring мрежа од 4 Mbit/s се слушаа гласини дека е супериорен во однос на Етернет и за тоа се водеа жестоки дебати. Со појавувањето на побрзи верзии на Етернет, token ring архитектурите излегле од употреба а големата употреба на Етернет доведе до намалување на цената. Од тогаш, token ring мрежите излегоа од употреба а Етернет со 100 Mbps стана доминантен на пазарот.