Men at Work
Men at Work | |
---|---|
Men at Work во 1983 Горе: Џон Рис; на средина: Џери Спајзер, Рон Страјкерт, Колин Хеј; долу: Грег Хем | |
Животописни податоци | |
Потекло | Мелбурн, Викторија, Австралија |
Жанрови | |
Период на активност | 1978 (повремени обединувања до 2012), 2019 –денес | –1986 , 1996 –2002
Издавачи | |
Соработници | The Black Sorrows |
Членови | |
Колин Хеј | |
Поранешни членови | |
|
Men at Work ― австралискa рок-група основана во Мелбурн во 1978 година. Oсновач бил Колин Хеј, кој бил фронтмен и гитарист во групата. Веќе во 1979 групата имала целосна постава и настапувала во хотелот Cricketers Arms во Мелбурн. Менаџер на групата бил Расел Депелер, пријател на Хеј од студентските денови. Оваа постава забележала меѓународен успех во првата половина од 1980-тите.
Тие добиле Греми награда за најдобар нов изведувач во 1983 година, биле примени во „Куќата на славните на ARIA“ во 1994 година и продале преку 30 милиони албуми ширум светот. Во мај 2001 година, „Down Under“ се нашла на четврто место на списокот од „30 најдобри австралиски песни“ според здружението APRA, а Business as Usual се нашол во книгата „100 најдобри австралиски албуми“ (октомври 2010).
Историја
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Групата Men at Work била основана во Мелбурн во јуни 1979 година со Колин Хеј како фронтмен и гитарист, Рон Страјкерт на бас гитара и Џери Спајзер на тапани. Ним им се придружиле Грег Хем (флејта, саксафон и клавијатури) и Џон Рис (бас гитара), при што Страјкерт се префрлил на водечка гитара.
Меѓународен успех (1981–1983)
[уреди | уреди извор]Првиот сингл, „Keypunch Operator" го издале во 1980 година. Следната година потпишале договор со CBS Records, австралиска подружница од CBS Records International (која подоцна станала Sony Music).
Нивниот прв студиски албум, Business as Usual во Австралија бил издаден во ноември 1981 година и во април 1982 година во САД. Албумот девет недели бил на врвот на австралиската топ-листа за албуми. Австралискиот омот имал црно-бел дизајн; странските изданија имале сличен дизајн, но во црно-жолта комбинација на бои.
Business as Usual бил еден од најуспешните албуми на меѓународно ниво за Men at Work. Поминал дотогаш рекордни 15 недели на прво место на американскиата топ-листа Билборд 200 и пет недели на прво место на британската топ-листата за албуми. Business as Usual исто така бил еден од најпродаваните австралиски албуми во раните 1980-ти, со 6 милиони примероци испорачани во САД. Во јануари 1983 година, тие биле први австралиски музичари кои истовремено имале албум и сингл на прво место на Билбордовите топ-листи во САД: Business as Usual и „Down Under“ (1981), соодветно.
Вториот албум на групата, Cargo, бил издаден во април 1983 година. Албумот се искачил на прво место во Австралија и на второ место во Нов Зеланд. Албумот бил завршен кон средината на 1982 година, но неговото издавање било одложено поради успехот на нивниот прв албум на меѓународниот пазар. Групата имала голема светска турнеја во 1983 година.
Последен албум и распаѓање (1984-1986)
[уреди | уреди извор]Во 1984 година, по долготрајни несогласувања, на Спајзер и Рис им било речено дека „не се потребни“ во групата. Хеј, Хем и Страјкерт продолжиле како трио и со сесиски музичари го снимале нивниот трет студиски албум Two Hearts (објавен на 23 април 1985). За време на снимањето на албумот, Страјкерт решил да си замине. Набргу по објавувањето на Two Hearts во 1985 година, си заминал и Хем, а Хеј останал како единствен член. На почетокот од 1986 година Хеј одлучил да продолжи како соло-музичар, а името на Men at Work било пензионирано.
Делумни обединувања
[уреди | уреди извор]Од 1996 до 2002 година, Хеј и Хем ја возобновиле групата и под името Men at Work (придружувани од нови членови на групата) биле на многу турнеи во: Јужна Америка, Австралија, Европа и САД. На 19 април 2012 година, Хем бил пронајден мртов во својот дом од очигледен срцев удар.[6]
Во 2019 година, Хеј, заедно со уште една нова група музичари, повторно почнал да настапува под името Men at Work и започнал со турнеја. Ниту еден друг претходен члед од Men At Work не бил вклучен во тековната постава.
Членови
[уреди | уреди извор]Колин Хеј бил единствен постојан член во сите состави на групата.
Сегашни
- Колин Хеј – водечки вокал, ритам гитара, бас (1978–1986, 1996–2002; повремени настапи до 2012; 2019–сега)
Поранешни
- Рон Страјкерт – главна гитара, бас, вокал (1978–1985)
- Џери Спејзер – тапани, перкусии, придружни вокали (1979–1984)
- Грег Хем – клавијатури, вокал, саксофон, хармоника, флејта (1979–1985, 1996–2002; повремени изведби до 2012 година; починал во 2012 година)
- Џон Рис – бас, придружен вокал (1980–1984)
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Business as Usual (1981)
- Cargo (1983)
- Two Hearts (1985)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. „Men at Work – Artist Biography“. AllMusic. Посетено на 24 April 2015.
- ↑ Hyden, Steven (19 April 2012). „Greg Ham of Men At Work, originator of the flute riff in "Down Under", found dead“. The A.V. Club. Посетено на 24 April 2015.
- ↑ Tortorici, Frank (28 June 1999). „Men At Work's Colin Hay“. MTV. Архивирано од изворникот на 2022-05-03. Посетено на 24 April 2015.
- ↑ Brandle, Lars (30 July 2009). „Men At Work Loses First Stage In Copyright Dispute“. Billboard. Посетено на 24 April 2015.
- ↑ Fletcher, Alex (30 July 2009). „Men At Work accused of plagiarism“. Digital Spy. Посетено на 2 July 2014.
- ↑ Pena, Shirley (19 April 2014), „Remembering Greg Ham: 1953–2012“, examiner com
|