[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Linkin Park

Од Википедија — слободната енциклопедија
Linkin Park
Линкин Парк во 2024 година: (од лево на десно) Дејв Фарел, Бред Делсон, Џо Хан, Емили Армстронг, Колин Бритен и Мајк Шинода
Животописни податоци
Познат(а) и како
  • Xero (1996–1999)
  • Hybrid Theory (1999–2000)
ПотеклоАгура Хилс, Калифорнија, САД
ЖанровиАлтернативен рок[1][2]
Алтернативен метал
Ну метал
рап-рок
поп-рок
Период на активност
  • 1996–2017
  • 2023–денес[3]
ИздавачиWarner Bros.
Machine Shop
Членови
Поранешни членови

Linkin Park (транскрипција: Линкин парк) — американска рок-група основана во Агура Хилс, Калифорнија во 1996 година. Групата е составена од: пејачот и ритам-гитарист Мајк Шинода, главниот гитарист Бред Делсон, диџејот Џо Хан, басистот Дејв Фарел, пејачката Емили Армстронг и тапанарот Колин Бритајн. За првите седум студиски албуми од групата во членувале и Честер Бенингтон и тапанарот Роб Бурдон; по самоубиството на Бенингтон во јули 2017 година групата објавила дека заминува на неодредена пауза. Во септември 2024 година, било објавено возобнувањето на Линкин Парк при што им се приклучиле Армстронг и Бритајн.

Со нивниот прв студиски албум, Hybrid Theory, постигнале светска слава. Вториот студиски албум, Meteora, продолжува нивниот успех. Познати се и по неколку соработки, најмногу со раперот Џеј-Зи и нивниот заеднички албум Collision Course, и соработка со многу уметници на Reanimation. Албумот бил меѓу најпродаваните со скоро 625.000 копии. Имајќи ги адаптирано ну метал и рап рок жанровите до радио-пријателски, но сепак густо-слоевит стил, бендот истражи други жанрови во нивниот следен студиски албум, Minutes To Midnight. Иако на почетокот беше критикуван поради отстапката од дотогашниот стил, сепак го достигна нивото што го заслужува и претставува еден вид на еволуција на бендот.

Со продадени над 100 милиони плочи, Линкин Парк се вбројуваат меѓу музичарите со најголема продажба во 21-виот век.[4] Освоиле две Греми награди, шест Американски музички награди, две Билбордови музички награди, четири MTV видеомузички награди, 10 MTV Европски музички награди и три Светски музички награди. Во 2003 година, МТV2 ги ставило Линкин Парк на шесто место на списокот од најуспешни групи во ерата на музичкото видео и на трето место на списокот од најдобри групи од новиот милениум. Во 2012 година, по спроведена анкета на Bracket Madness на VH1, групата била избрана за најпопуларен изведувач во 2000-тите. Во 2014 година, списанието Kerrang! ја прогласило групата за „Најдобра рок-група во светот во овој момент“.

Историја на бендот

[уреди | уреди извор]

Почетоци (1996-1999)

[уреди | уреди извор]

Историјата на Linkin Park започнува во 1996, кога Мајк Шинода и гитаристот Бред Делсон матурирале во средното училиште Агорија во предградието Аугора Хилс, Лос Анџелес, Калифорнија. По матурирањето, формирале група со својот пријател Роб Бурдон. Делсон се запишал на Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА). Шинода одел во Арт центар колеџот за дизајн во Пасадена, Калифорнија. Додека бил во УКЛА, Делсон го запознал басистот Дејв Фарел. Делсон и Фарел биле цимери па често вежбале и свиреле заедно. Фарел пред тоа бил член на групата Tasty Snax со Марк Фиор, која подоцна го сменила името во The Snax. Фиоре подоцна станал и кинематограф на Linkin Park. Шинода го запознал Џо Хан на колеџ; Фарел и Хан се придружиле на групата и ја нарекле Xero. На овие петтина подоцна им се придружил и Марк Вејкфилд (вокалист). Овој состав го снимил својот прв демо албум наречен по групата (Xero). Демото го пратиле на повеќе изведувачи, но никогаш не се потпишале. Кратко време потоа Марк Вејкфилд ја напуштил групата.

Вејкдилд заминал, Шинода барал нов вокал; во исто време Делсон го интернира претставникот на Warner Brothers Records A&R, Џеф Блу, како дел од неговиот комуникациски степен. Блу го свртел вниманието на Бред и Мајк врз Честер Бенингтон, младиот вокалист од Феникс, Аризона, кој барал место во некоја група, откако бил вокалист во групата Grey Daze од 1993 до 1997. Шинода и Делсон му ја испратиле на Бенингтон само инструментална снимка на која тој требало да го сними вокалот. Бенингтон го повикал Шинода и му ја отпеал песната преку телефон, Мајк бил импресиониран од тоа што го слушнал и го повикал Бенингтон да дојде на аудиција кај нив во Лос Анџелес. На аудицијата биле и неколку други потенцијални вокали, но си заминале кога го слушнале Честер како пее. Групата го сменила името во Hybrid Theory. Фарел немал можност да го сними нивниот прв EP. Бас наместо него свиреле Делсон и Кајл Кристнер. Само во средината на 1999 година издале илјада копии од Hybrid Theory EP. Го смениле името во Lincoln Park, според паркот во Санта Моника, Калифорнија (сега познат како Christine Reed Park). Мислелe дека тоа е добро име, бидејќи Линколн-паркови има насекаде во Америка па секаде би се сметале како „домаќини”. Го прифатиле името Линколн Парк на неколку месеци, но кога решиле да го регистрираат името „lincolnpark.com” како веб-домејн, тоа веќе било зафатено. Бидејќи групата не можела да го купи, само го смениле „Lincoln“ во „Linkin“ и го купиле доменот „linkinpark.com“. И покрај тоа, сè уште не можеле да потпишат договор. Откако биле одбиени од неколку големи издавачки куќи се обратиле кон Џеф Блу за дополнителна помош. Џеф, кој сега е потпретседател на Warner Bros. Records им помогнал да потпишат договор со Warner Brothers. Фарел привремено бил заменет со Скот Козиол. Скот се појавува во видео спотот „One Step Closer“од албумот Hybrid Theory.

Hybrid Theory (2000-2002)

[уреди | уреди извор]
Linkin Park во Прага, 2007

На 24 октомври 2000 Linkin Park го издава својот прв албум Hybrid Theory во САД. Албумот е едитиран од музичкиот продуцент Дон Гилмор. Hybrid Theory беше добро прифатен од музичките обожаватели; бендот продаде повеќе од 4.8 милиони копии за време на неговата деби година, добивајќи го статусот на најпродаван албум за 2001. Неколку песни биле снимени како демо снимки за Hybrid Theory, но не се знае дали тие песни некогаш ќе бидат објавени како како официјална Б-страна. Првиот сингл бил „One Step Closer“. Својот прв концерт групата го одржала на 17 декември 2000 како дел од Almost Acoustic Christmas концерт на KROQ радио. Шинода напишал нова песна под наслов „My December“. Песната била издадена како Б-страна на синглот„One Step Closer“ и во неколку верзии на Hybrid Theory кои биле меѓународно издадени. Подоцна таа песна се наоѓа на албумот издаден од KROQ DJ Kevin i Bean.

На почетокот од 2001 година, Фарел се приклучил на групата и го издаваат вториот сингл со наслов „Crawling“ кој на групата и ја носи наградата Греми за „Најдобар хард рок настап“ во 2002 година, а исто така биле номинирани и за "Најдобар нов артист" и "Најдобар рок албум". На прва турнеја групата тргнала во склоп на Ozzfest, со други групи како што се: Black Sabbath, Marilyn Manson, Slipknot, и Zakk Wyldeov Black Label Society. Во средината на 2001 година групата го издала својот трет сингл „In The End“ (издаден е во два дела „In The End 1“ и „In The End 2“, издадено е и ДВД „In The End DVD“). Песната „In The End“ се покажала како најголем хит на групата за 2001 година. Режисери за видео спотот на песната биле Нејтан „Карма“ Кокс и Џо Хан. Првото ДВД Frat Party at the Pankake Festival групата го издава на 21 октомври 2001. ДВД-то ги содржи сите нивни спотови од албумот Hybrid Theory, документарец од турнеjата, тетоважите на Честер, цртежи и слики од Мајк и Џо и скриени содржини. Истиот месец, пријателката на групата, Џесика Бардас, предложува групата да формира обожавателски клуб. Групата го прифаќа предлогот и така настанува Linkin Park Underground (LPU). Членовите секоја година добиваат пакети при зачленувањето, пакетот се состои од: маица со натпис Linkin Park Underground, перце, сликички, писмо од групата, членска книшка, ЦД, постери. Насловот на првото ЦД бил сменет во Hybrid Theory EP, со друга слика.

На почетокот на 2002 година групата ја започнала својата самостојна турнеја наречена Projekt Revolution. За време на турнејата Мајк и Џо заедно со The X-Ecutioners ја отсвириле „It's Going Down“. По враќањето од турнеjа, групата за првпат од издавањето на својот прв албум Hybrid Theory влегува во студио. Откако добиле неколку ремиксови од своите први песни, Мајк решил да издаде ремикс на албумот. Тој на почетокот сакал да направи неколку ремикса и да издаде лонг плеј, но благодарение на поддршката од сите членови на групата (посебно на Бред и Џо), Мајк се решил да оди чекор понатаму. Проектот насловен како Reanimation, се состои од ремиксови на песните од албумот Hybrid Theory, и ремиксот на песните „My December“ и „High Voltage“. Секоја песна била ремиксувана со друг изведувач и имало гласини дека Мајк во проектот добил дури 50 ремиксови. Мајк ги преслушал сите ремикси на песните и ги одбрал најдобрите. Само две песни не се нашле на албумот а тие се: „Pts.Of.Athrty“ која ја ремиксувал The Crystal Method (која подоцна била издадена на лонгплеј ЦД-то) и ремиксот на песната „By Myself“ направен од Marilyn Manson. Една верзија на ремиксот на песната „My December“, исто така требало да биде издадена, но е повлечена бидејќи била многу мрачна. Изведувачи кои ги ремиксувале песните се: Chali 2Na од Jurassica 5, Стефан Ричардс од Taproot, Kelli Ali od Sneaker Pimps, Арон Луисод Staind, The Humble Brothers, Jonathan Davis од KoЯn, Aceyalone, Pharaohe Monch, The X-Ecutioners, Black Thought и Џеј Гордон од Orgy. Проектот е издаден на 30-јули-2002, негов прв и единствен сингл бил „Pts.Of.Athrty“.

Во ноември започнала втората година на ЛПУ позната како „LP Underground 2.0“. ЦД-то за членовите на клубот содржел ремикс на Crystal Method на „Pts.Of.Athrty“ и песната „Dedicated“. Исто така ЦД-то содржи инструментална песна во траење од педесет секунди, под наслов „A.06“. Во суштина тоа било демо за нивниот нов албум, Meteora.

Meteora (2002-2004)

[уреди | уреди извор]
Бред Делсон свири во Smirnoff музичкиот центар.

Следејќи го успехот на Hybrid Theory и Reanimation Линкин Парк поминуваат значајно време на турнеи околу САД. Групата во студиото се вратила кон средината на 2002 година за да го изработи својот втор студиски албум. Името на албумот било тајна сѐ до декември, кога е обелоденето дека ќе се вика Meteora, кои се инаку формации на големите карпи во Грција; името за албумот го одбрале од едно списание додека биле на турнеја. Првиот сингл од албумот бил „Somewhere I Belong“ и бил издаден во февруари 2003 година. Meteora е издаден на 25-март-2003 и го освојува првото место на Billboard Music Chart по продажбата на 810.000 копии во првата недела. Продале 11 милиони копии во целиот свет, повеќе од половината се продадени во САД. Успехот на албумот им дозволил повторно да одат на турнејата Rrojekt Revolution со Blindside, Mudvayne и Xzibit. „Faint” бил издаден како сингл при крајот на нивната турнеја (издаден во два дела„Faint Pt.1“ и „Faint Pt.2“). Видеото за сиглот е снимено во Прага, во Чешка, додека истовремено го снимале и видеото за синглот за песната „From The Inside“. Пред да го завршат видеото на песната „Numb“, Бенингтон се разболел, па останатиот дел од видеото го снимиле во црква во Лос Анџелес.

На 18 ноември 2003, Linkin Park го издава ЦД/ДВД сетот наречен Live in Texas (Во живо од Тексас). Материјалот е снимен додека биле на Summer Sanitarium турнејата во Далас и Хјустон, во Тексас. DVD-то во себе има искомбинирано два концерти снимени во живо, видео DVD-то вклучува 17 песни, додека CD-то вклучува 12 од 17. Во ноември започнака третата година од ЛПУ. ЦД-то се состоело од пет песни кои се изведувани со Live In Texas DVD-то кои не биле вклучени во ЦД-то. На некои членови од групата тоа многу не им се допаднало бидејќи очекувале некои други песни как што било во CD-то во втората година на LPU.

Кон крајот на 2003 година, групата го изведе својот трет KROQ almost Acoustic Christmas концерт. Го одржале само една вечер и отпеле 17 песни. Ја свиреле песната „One Step Closer“ имсе придружил и фротмен пеачотод групата P.O.D., Sonny Sandoval. На почетокот на 2004 групата ја започна „Meteora World Tour“ со P.O.D., Hoobastank и Story Of The Year.

Во текот на турнејата, меѓународно е издадено видеото за песнатана „From The Inside“. По „Meteora World Tour“ групата започнала да работи на нивното најамбициозно видео, видео кое било на основа на песната „Breaking The Habit“, кое било изработено во истото студио каде била изработена сцената за Kill Bill, Production I.G., директори биле Kazuto Nakazawa и Joe Hahn. Во видеото може да се види како душата на Честер патува низ една стамбена зграда посетувајќи ги луѓето со разни навики од кои тие сакаат да се откажат. Пред сè требало да се издаде синглот „Breaking The Habit“, исто така бил издаден и синглот „Lying From You“.

Странични проекти (2004-2006)

[уреди | уреди извор]
Честер Бенингтон за MTV Азија, 2005

Linkin Park тргнал во нова трета турнеја Projekt Revolution. Имале две сцени кои ги нарекле Revolution Village. Турнејата била многу слична Оз фестот Vans Warped Tour. На главната сцена биле Linkin Park, Korn, Snoop Dogg, The Used i Less Than Jake, додека на другата сцена настапувале Ghostface, Funeral For A Friend, M.O.P., Downset, No Warning, instruction and Autopilot Off. На турнејата одел и DJ Z-Trip кој ја забавувал публиката во моментот на замена на групите.

Кон крајот на 2004. Linkin Park најавиле соработка со Jay-Z на молба од MTV. Collision Course, издаден е на 30 ноември 2004 година. Содржел седум песни од Linkin Park измешани со шест песни од Jay-Z. Првиот сингл е „Numb/Encore“, на дваесеттото место од Billboard скалилото каде остана полни шест месеци, на крај групата за него освои Греми. Албумот бил задржан на првото место.

Во ноември започнала четвртата година на LPU. CD-то содржи две нови песни од кои една е само со инструменти и трае две минути а се вика „Sold My Soul To Yo Mama”,а втората е со наслов “Standing In The Middle”. 2005 година, била доста тивка за Linkin Park. Групата организира Music For Relief, организација за помош на настраданите во Цунамито од 2004, одржаа две шоу емисии, една во Калифорнија за Music For Relief, и една во текот на Live 8 концерти во Филаделфија. Во јули истата година, Шинода најавил хип-хоп проект Fort Minor. Шинода тоа го објаснувал како враќање во неговите хип-хоп води. Кратко време откако Шинода го најавил својот проект, Честер исто така открил дека работи на свој соло проект. Проектот ги вклучува Amir Derakh и Ryan Shuck од Orgy, двајцата свират на гитара и се продуценти. Малку се знае за проектот на Честер под наслов Snow White Tan, чиј наслов подоцна бил сменет во Dead By Sunrise. Linkin Park ја започнува петтата година на LPU која почнала 21 ноември 2005. CD-то содржи песни испеани на Live 8.

Minutes to Midnight (2006-2008)

[уреди | уреди извор]

Во декември 2005, Mike Шинода потврдил дека е ко-продуцент на третиот албум на Linkin Park. На 8 февруари 2006 групата го најавила продуцентот на нивниот трет албум, Rick Rubin, кој исто така работел со групи, како што се The Beastie Boys, Red Hot Chili Peppers, System Of A Down и многу други.

Linkin Park во август 2006 година одржал Summer Sonic, кој го организирала Metallica во Јапонија. Новата песна во моментот наречена QWERTY, како што на некои радио станици е наречена “Behind You Lies”,откако била отпеана ги преплавила мрежните места. Исто така ја отпеале и песната “Reading My Eyes”, која ја напишале и отсвириле додека групата се викала Xero. На 29 август 2006 целиот каталог вклучувајќи ги и нивните книшки додадени се во iTunes Music Store. Linkin Park била една од најпознатите групи кои не ги продавале своите дигитални верзии по интернет. Во интрвјуто за KROQ Мајк Шинода изјавил дека веројатно новиот албум ќе го издадат во 2007 година. Оваа информација била потврдена на интрвју за MTV.

Linkin Park се појавил на MTV во емисијата Total Request Live во средата на 27 септември 2006 година кога во интрвју Честер изјавил дека новиот албум на Linkin Park векќе нема да биде Nu-Metal, кој го практикувале во минатото. Новиот албум ќе бил мешавина од пунк, класичен рок и хип-хоп. Во октомври групата има интервју со Rolling Stone списанието, во кој групата изјавила дека од 120 песни избрале 17 најдобри. Мајк опишал една од песните на која работеле, песната е наречена “Accident”, и изјавил дека она звучи поинаку од останатите кои ги издале.

Warner Records објавиле дека новиот албум на Linkin Park под наслов Minutes to Midnight ќе биде издаден на 15 мај 2007 година во САД.[5] Првиот сингл од албумот, „What I've Done“, бил издаден на 2 април 2007 година.[6] Песната се нашла и на саундтракот за акциониот филм од 2007 година, Трансформери.[7][8] Истата година, групата ја освоила наградата „Омилен алтернативен изведувач“ на Американските музички награди.[9] Линкин Парк биле на голема светска турнеја насловена како „Minutes to Midnight World Tour“, на која гостувале многу други изведувачи како: My Chemical Romance, Taking Back Sunday, HIM, Placebo и многу други.[10] Линкин Парк биле на голема светска турнеја насловена како „Minutes to Midnight World Tour“, на која гостувале многу други изведувачи како: My Chemical Romance, Taking Back Sunday, HIM, Placebo и многу други.[11]

A Thousand Suns (2009-2011)

[уреди | уреди извор]

Додека работеле на нов албум, членовите од Линкин Парк соработувале со успешниот филмски композитор Ханс Цимер за продуцирање на музиката за филмот Трансформери: Одмаздата на поразените.[12] Групата објавила сингл за филмот, под наслов „New Divide“.[13][14] Музичкото видео за песната содржело иссечоци од филмот.[13]

Албумот A Thousand Suns бил објавен на 14 септември 2010 година.[15][16] Првиот сингл од албумот, „The Catalyst“, бил објавен на 2 август 2010 година.[17][18] Групата го промовирала новиот албум на концертна турнеја која започнала во октомври 2010 година.[19] Други синглови од албумот биле: „Wаiting for the End“,[20][21] „Burning in the Skies“[22] и „Iridescent“.[23] Групата била номинирана за шест Билбордови награди во 2011 година, но не освоила ниту една.[24]

Living Things и The Hunting Party (2012-2015)

[уреди | уреди извор]

На 26 јуни 2012 година, Linkin Park го издале петтиот студиски албум, Living Things.[25][26][27][28] Најуспешни синглови од овој албум биле „Burn It Down“ и „Castle of Glass“. Групата започнала светска турнеја за промоција на албумот, наречена Living Things World Tour (2012–13). На 29-ти октомври 2013 година, групата издала ремикс-албум, Recharged.[29][30] Слично како и за Reanimation, албумот содржел ремикси на десет песни од албумот Living Things, со придонеси од други музичари, како: Стив Аоки, Pusha T, Datsik, KillSonik, Bun B, Money Mark и Rick Rubin.

На 13 јуни 2014 година, Linkin Park го издале нивниот шести студиски албум, The Hunting Party. Албумот содржел музички придонеси од: раперот Раким, Пејџ Хамилтон од Helmet, Том Морело од Rage Against the Machine и Дарон Малакијан од System of a Down.[31] Албумот ги содржел хитовите „Guilty All the Same“, „Final Masquerade“ и „Until It's Gone“. Линкин Парк исто така, заедно со Metallica, Kings of Leon и Iron Maiden настапиле како насловни изведувачи на Rock am Ring и Rock im Park во 2014 година.[32][33]

На 9 ноември 2014 година, MTV Europe ги прогласил Linkin Park за „Најдобар рок“ изведувач за 2014 година.[34] Групата ги освоила наградите „Најдобра рок-група“ и „Најдобар изведувач во живо“ за 2014 година на музичките награди од Loudwire.[35] Revolver го рангирало The Hunting Party за четврти најдобар албум од 2014 година.[36] Во јануари 2015 година, групата започнала турнеја за да го промовира објавувањето на The Hunting Party, при што требало да се одржат 17 концерти во САД и Канада. Турнејата била откажана по само три концерти откако Бенингтон го повреди скочниот зглоб.[37][38][39]

One More Light и смртта на Честер Бенингтон (2016-2017)

[уреди | уреди извор]

На 16 февруари 2017 бил објавен водечкиот сингл од новиот албум, „Heavy“; во него се појавува поп-пејачката Кијара и со тоа групата за прв пат вклучила пејачка на оригинална песна од студиски албум.[40][41] Седмиот албум од групата, One More Light, бил издаден на 19 мај 2017 година.[42][43] Промотивните синглови, „Battle Symphony“, „Goodbye“ (со Pusha T и Stormzy) и „Invisible“ исто така биле објавени пред објавувањето на албумот.[44][45][46]

На 20 јули 2017 година, фронтменот на групата, Честер Бенингтон, беше пронајден мртов во својот дом, на 41 година. Неговата смрт била прогласена за самоубиство со бесење.[47] Linkin Park на 27 октомври 2017 година организирале посебен меморијален концерт, „Linkin Park and Friends: Celebrate Life in Honor of Chester Bennington,“[48][49] на кој учествувале многу музички ѕвезди и пријатели на Честер, како знак на почит кон неговото наследство. На 19 ноември, Линкин Парк добиле Американска музичка награда за омилен алтернативен изведувач, а наградата му ја посветиле на Бенингтон.[50][51]

Пауза и реизданија (2018-2022)

[уреди | уреди извор]

По смртта на Бенингтон, останатите членови од групата одлучиле да земат пауза и да се насочат на индивидуални проекти.[52] На 17 април 2018 година, Linkin Park биле номинирани за три награди на Billboard Music Awards, но не освоиле ниту една од нив.[53] На групата ѝ била врачена наградата „Џорџ и Ира Гершвин“ за животно дело во UCLA. [54] Во 2018 година, Мајк Шинода, еден од основачите и главни креативци на групата, го издал неговиот соло-албум Post Traumatic, кој ги обработувал неговите лични чувства и загубата на Честер.

Во 2020 година, Linkin Park ја одбележале 20-годишнината од нивниот прв албум Hybrid Theory со специјално издание, кое вклучувало необјавени демо снимки и други материјали.[55]

Возобновување на групата и From Zero (2023-денес)

[уреди | уреди извор]

Во 2023 година, без знаење на јавноста, членовите на групата ги поканиле Армстронг и Бритен за да ја возобноват Линкин Парк и да издадат нов албум. Претходно необјавената песна од сесиите од One More Light, „Friendly Fire“, била објавена на 23 февруари 2024 година.[56][57] Следел првиот албум со најголеми хитови на групата, Papercuts, кој бил објавен на 12 април.

На настан емитуван во живо на 5 септември 2024 година, Линкин Парк го објавиле возобновувањето на групата, како и новите членови на групата: пејачката Емили Армстронг и тапанарот Колин Бритен.[58][59] Групата исто така го извела и го издаде „The Emptiness Machine“, водечки сингл од албумот From Zero, објавен на 15 ноември 2024 година.[58][59] Вториот сингл од албумот, „Heavy Is the Crown“, бил објавен на 24 септември 2024 година и бил користен како тематска песна за Светското првенство во Лигата на легендите од Riot Games во 2024 година.[60][61] Третиот сингл од албумот, „Over Every Other“, бил објавен на 24 октомври 2024 година.[62]

Членови на групата

[уреди | уреди извор]

Поранешни

[уреди | уреди извор]
  • Роб Бордон - тапани (1996–2017(
  • Честер Бенингтон - (1999–2017, до неговата смрт)
  • Марк Вејкфилд – вокал (1996–1998, кога составот го носел името "Xero")
  • Скот Козиол — Басист, со Linkin Park го има снимено албумот Hybrid Theory, синглот One Step Closer, а се појавува и во видеото на One Step Closer.
  • Кајл Кристенер — Басист кој го заменил Феникс за времето кога составот се нарекувал Hybrid Theory.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]

Мини албуми/Демо касети

[уреди | уреди извор]

Ремикс албуми

[уреди | уреди извор]
  1. IGN, Linkin Park - Minutes To Midnight Архивирано на 27 јануари 2012 г., посетено на 27 јануари 2008.
  2. MetaCritic, Minutes To Midnight Архивирано на 25 август 2009 г., посетено на 27 јануари 2008.
  3. Lipshutz, Jason (September 5, 2024). „Inside Linkin Park's Secret Comeback“. Billboard. Посетено на September 5, 2024.
  4. „Gold & Platinum“. RIAA (англиски). Архивирано од изворникот на February 9, 2019. Посетено на January 29, 2020.
  5. „Fans Counting the 'Minutes' as Linkin Park Reveal Album Name and Release Date“. Market Wire. March 6, 2007. Архивирано од изворникот на August 23, 2009. Посетено на June 14, 2013.
  6. Празен навод (help)
  7. Michaels, Sean (April 28, 2009). „Linkin Park help score Transformers 2“. The Guardian. Архивирано од изворникот на October 8, 2015. Посетено на February 3, 2024.
  8. James Christopher Monger. „Transformers: The Album Various Artists“. AllMusic. Архивирано од изворникот на March 26, 2023. Посетено на February 3, 2024.
  9. „2008 American Music Awards Winners“. New York Daily News. November 24, 2008. Архивирано од изворникот на May 20, 2013. Посетено на February 3, 2024.
  10. Haddon, Cole (July 26, 2007). „Rock Politics“. Phoenix New Times. Архивирано од изворникот на October 14, 2007. Посетено на February 3, 2024.
  11. Haddon, Cole (July 26, 2007). „Rock Politics“. Phoenix New Times. Архивирано од изворникот на October 14, 2007. Посетено на February 3, 2024.
  12. Miller, Ross (May 1, 2009). „Did Hans Zimmer Help With The Transformers 2 Score?“. Screen Rant. Архивирано од изворникот на April 21, 2021. Посетено на February 4, 2024.
  13. 13,0 13,1 „Linkin Park: 'New Divide' Video Released“. Blabbermouth.net. June 12, 2009. Архивирано од изворникот на July 23, 2017. Посетено на February 4, 2024.
  14. Nissim, Mayer (June 29, 2009). „Linkin Park: 'New Divide'. Digital Spy. Архивирано од изворникот на April 21, 2021. Посетено на February 4, 2024.
  15. Празен навод (help)
  16. „Linkin Park: New Album Title, Release Date Announced“. Blabbermouth.net. July 8, 2010. Архивирано од изворникот на November 21, 2020. Посетено на July 8, 2010.
  17. Празен навод (help)
  18. Празен навод (help)
  19. „Linkin Park Official Tour Dates“. Linkinpark.com. Архивирано од изворникот на June 25, 2010. Посетено на August 26, 2010.
  20. Montgomery, James (October 4, 2010). „Linkin Park's 'Waiting for the End' Video: Watch A Preview!“. MTV. Архивирано од изворникот на October 6, 2010. Посетено на March 25, 2018.
  21. Sciarretto, Amy (September 12, 2010). „Linkin Park, 'Waiting for the End' and 'Blackout' – New Songs“. Noisecreep. Архивирано од изворникот на September 12, 2010. Посетено на September 12, 2010.
  22. Ferleman, Carl (February 25, 2011). „Linkin Park's New "Burning in the Skies" Video“. PopMatters. Архивирано од изворникот на March 21, 2023. Посетено на February 4, 2024.
  23. „Linkin Park: 'Iridescent' Video Released“. Blabbermouth.net. June 2, 2011. Посетено на February 4, 2024.
  24. Празен навод (help)
  25. Goodwyn, Tom (April 18, 2012). „Linkin Park promise to 'get back to their roots' on 'Living Things'. NME. Архивирано од изворникот December 28, 2022. Посетено на February 5, 2024.
  26. Kaufman, Spencer (April 16, 2012). „Linkin Park To Unleash New Album 'Living Things' on June 26“. Loudwire. Архивирано од изворникот November 23, 2023. Посетено на February 5, 2024.
  27. Bychawski, Adam (April 20, 2012). „Linkin Park: 'Our new record is far more personal'. NME. Архивирано од изворникот на August 14, 2016. Посетено на April 22, 2012.
  28. „Linkin Park release "Burn It Down" video“. Alternative Press. May 25, 2012. Посетено на February 5, 2024.
  29. Childers, Chad (October 18, 2013). „Linkin Park Feel the Energy With 'A Light That Never Comes' Video“. Loudwire. Архивирано од изворникот на June 17, 2016. Посетено на February 5, 2024.
  30. Montgomery, James (October 23, 2013). „Linkin Park's 'Recharged:' Hear The Entire Album Right Now!“. MTV. Архивирано од изворникот на February 6, 2024. Посетено на February 5, 2024.
  31. Bowar, Chad (April 28, 2014). „Linkin Park Reveal 'The Hunting Party' Track List“. Loudwire. Архивирано од изворникот на April 26, 2020. Посетено на February 6, 2024.
  32. Trendell, Andrew (November 26, 2013). „Metallica, Kings Of Leon, Linkin Park for Rock Am Ring 2014“. Gigwise. Архивирано од изворникот на October 17, 2014. Посетено на October 27, 2014.
  33. „Rock am Ring 2014“. Songkick. Архивирано од изворникот на October 19, 2014. Посетено на October 27, 2014.
  34. Hussein, Samir (November 10, 2014). „MTV EMAs 2014: List of winners“. CBS News. Архивирано од изворникот на July 1, 2017. Посетено на November 11, 2014.
  35. Hartmann, Graham (February 3, 2015). „4th Annual Loudwire Music Awards“. Loudwire. Архивирано од изворникот на April 2, 2019. Посетено на June 27, 2015.
  36. Празен навод (help)
  37. Childers, Chad (January 20, 2015). „Linkin Park Call Off Remaining Tour Dates After Chester Bennington Leg Injury“. Loudwire. Архивирано од изворникот на October 13, 2018. Посетено на January 21, 2015.
  38. Musulin, Kristin (January 21, 2015). „Linkin Park cancels tour due to leg injury“. USA Today. Архивирано од изворникот на November 10, 2019. Посетено на February 6, 2024.
  39. Lach, Stef (January 20, 2015). „Linkin Park cancel shows on medical grounds“. Metal Hammer. Архивирано од изворникот на December 13, 2023. Посетено на February 6, 2024.
  40. Moore, Sam (February 16, 2017). „Listen to new Linkin Park song 'Heavy' as band announce new album 'One More Light'. NME. Архивирано од изворникот на February 18, 2017. Посетено на February 3, 2024.
  41. DiVita, Joe (February 17, 2017). „Mike Shinoda: Linkin Park's 'Heavy' Single Represents 'Core Sound' of New Album“. Loudwire. Архивирано од изворникот на February 17, 2023. Посетено на February 3, 2024.
  42. Празен навод (help)
  43. Neil Z. Yeung. „Linkin Park: One More Light AllMusic Review“. AllMusic. Архивирано од изворникот на November 21, 2020. Посетено на April 16, 2020.
  44. Pasbani, Robert (March 17, 2017). „Linkin Park Fully Transform Into Adult Contemporary With New Single, "Battle Symphony". Metal Injection. Архивирано од изворникот на November 1, 2022. Посетено на February 3, 2024.
  45. Wicks, Amanda (April 13, 2017). „Linkin Park Enlist Pusha T and Stormzy for New Song "Good Goodbye": Listen“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на January 21, 2024. Посетено на February 3, 2024.
  46. Празен навод (help)
  47. Coscarelli, Joe (July 20, 2017). „Chester Bennington, Linkin Park Singer, Is Dead at 41“. The New York Times. Архивирано од изворникот на November 21, 2020. Посетено на July 21, 2017.
  48. Празен навод (help)
  49. Празен навод (help)
  50. Aiello, McKenna (November 19, 2017). „Linkin Park Dedicates 2017 American Music Awards Win to Chester Bennington: Make Him Proud. E!. Архивирано од изворникот на November 21, 2020. Посетено на December 11, 2017.
  51. Празен навод (help)
  52. Празен навод (help)
  53. Празен навод (help)
  54. „Gershwin Award Winners“. UCLA Alumni. Архивирано од изворникот на November 21, 2020. Посетено на May 19, 2018.
  55. Mamo, Heran (August 13, 2020). „Linkin Park Celebrates 20th Anniversary of 'Hybrid Theory' With Special Reissue, Hear Previously Unreleased Track“. Billboard. Архивирано од изворникот November 21, 2020. Посетено на August 13, 2020.
  56. Trapp, Philip (February 19, 2024). „Linkin Park Tease Unreleased Song "Friendly Fire" with Chester Bennington's Vocals“. Loudwire. Архивирано од изворникот на February 20, 2024. Посетено на February 20, 2024.
  57. Wilkes, Emma (February 19, 2024). „Linkin Park announce new, unreleased song "Friendly Fire" featuring Chester Bennington“. NME. Архивирано од изворникот на February 20, 2024. Посетено на February 20, 2024.
  58. 58,0 58,1 Sherman, Maria (September 5, 2024). „Linkin Park reunite 7 years after Chester Bennington's death, with new music“. AP News. Архивирано од изворникот на September 6, 2024. Посетено на September 8, 2024.
  59. 59,0 59,1 Празен навод (help)
  60. Carter, Emily (September 23, 2024). „Linkin Park announce new single, Heavy Is The Crown“. Kerrang!. Архивирано од изворникот September 23, 2024. Посетено на September 24, 2024.
  61. Ciocchetti, Cecilia (September 22, 2024). „Linkin Park Lead 2024's 'League of Legends' World Championship With New Song“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот September 23, 2024. Посетено на September 24, 2024.
  62. „Linkin Park To Release New Single 'Over Each Other' Next Week“. Blabbermouth.net. October 18, 2024. Посетено на October 19, 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]