[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Ogg

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ogg
Логото на Vorbis
Наставка.ogv, .oga, .ogx, .ogg, .spx,
MIME-типvideo/ogg, audio/ogg, application/ogg
Волшебен бројOggS
ТворецЗадолжбина Xiph.Org
Тип на форматФормат-содржател
СодржиVorbis, Theora, Speex, FLAC, Dirac и други.
Отворен формат?Да
libogg
ПрограмериЗадолжбина Xiph.Org
Стабилно издание1.2.2[1][2] / 7 декември 2010; пред 13 години (2010-12-07)
Опер. системПовеќеподложен
Видупатно спроведување (мултиплексер/демултиплексер)
ЛиценцаBSD-стил[3]
Мреж. местоXiph.org - Преземања

OGG или Ogg Vorbis е бесплатен аудиоформат, алтернатива на широкораспространетиот формат MP3. Сличен е со останатите аудиоформати но се разликува во тоа што е во потполност бесплатен и предввиден е во целост ги замени заштитените аудиоформати. Тоа практично значи дека можете да кога корисникот ги шифрира сите аудиозаписи во форматот Ogg Vorbis, тој никогаш нема да има каков било проблем, како што тоа би било ако аудиозаписот шифриран во MP3 формат, а потоа ставел на мрежна страница, макар и притоа за тоа да не барате паричен надомест. Додека за правата на форматот MP3 треба да одвоите соодветен паричен процент за сопственикот на правата.

Препорачливо е да овој формат не се претвори од MP3 формат туку директно од аудиозаписот бидејќи записот на Ogg Vorbis во тој случај ќе звучи многу понеквалитетно од тоа што практично може да звучи (кога се збори за понеквалитетно се мисли на репродукцијата на звукот со добра опрема. Инаку со опрема која се користи во секојневието и таквиот запис е со доволно добар квалитет). Наставката на податотеките Ogg Vorbis е *.ogg.

  1. Xiph.org (7 декември 2010). „Xiph.org - Соопштенија за печат“. Посетено на 16 декември 2010.
  2. Монтгомери, Кристофер (13 јуни 2009). "Libogg 1.1.4 - Соопштение за конечното издание". Поштенски список на ogg-dev. http://lists.xiph.org/pipermail/ogg-dev/2009-June/001484.html. Retrieved 24 септември 2009.  (англиски)
  3. „Sample Xiph.Org Variant of the BSD License“. Xiph.Org Foundation. Посетено на 29 август 2009. (англиски)