[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Jefferson Airplane

Од Википедија — слободната енциклопедија
Jefferson Airplane
Jefferson Airplane во 1966 година.
Животописни податоци
ПотеклоСан Франциско, Калифорнија, САД
Жанрови
Период на активност1965–1973, 1989, 1996
Издавачи
Соработници
Мреж. местоjeffersonairplane.com

Jefferson Airplane (транскр. Џеферсон ерплејн, IPA:/ˈdʒɛfərsən ˈɛərˌpleɪn/) ― поранешна американска рок група од Сан Франциско; биле пионери на психоделичниот рок.

Групата е основана во 1965 година во Сан Франциско. Најголема популарност достигна кон крајот на 1960-тите. Во 1969 учествувале на фестивалот Вудсток (1969), а исто така биле една од популарните групи кои учествувале на Поп фестивалот во Монтереј (1967), Бесплатниот концерт во Алтамонт (1969) и на првиот Фестивал на Островот Вајт (1968) [1] во Англија.

Нивниот албум Surrealistic Pillow (1967), со кој се пробиле на музичката сцена, бил еден од најзначајните музички записи за време на културниот феномен Лето на љубовта. Две песни од тој албум, „Somebody to Love“ и „White Rabbit“, списанието Ролинг Стоун ги вброило меѓу „500-те најдобри песни на сите времиња“.[2]

Поставата на Jefferson Airplane од октомври 1966 до февруари 1970 година, ја сочинувале Марти Балин (вокал), Пол Кантнер (гитара, вокал), Грејс Слик (вокал), Јорма Кауконен (главна гитара, вокал), Џек Каседи (бас) и Спенсер Драјден (тапани). Во 1996 година биле примен во Куќата на славата на рокенролот.[3] Во 1972 година, Jefferson Airplane се поделиле на две групи. Кауконен и Каседи целосно се посветиле на нивниот сопствен бенд, Hot Tuna. Слик, Кантнер и другите членови од Jefferson Airplane во 1974 година откако претходно нашле други членови се регрупирале под името Jefferson Starship, а подоцна им се приклучил и Балин. Jefferson Airplane, во 2016 година ја добиле Греми наградата за животно дело.

  • Пол Кантнер – ритам гитара, вокал (1965–1972, 1989, 1996; починал во 2016 година)
  • Јорма Кауконен – главна гитара, вокал (1965–1972, 1989, 1996)
  • Марти Балин – вокал, ритам гитара, перкусии (1965–1971, 1989, 1996; починат 2018)
  • Сигне Толи Андерсон – вокал (1965–1966; починал во 2016 година)
  • Боб Харви – контрабас (1965)
  • Џери Пелокин – тапани (1965)
  • Скип Спенс – тапани, перкусии (1965–1966; починал 1999 година)
  • Џек Каседи – бас, ритам гитара (1965–1972, 1989, 1996)
  • Грејс Слик – вокал, пијано, рекордер, клавијатури (1966–1972, 1989)
  • Спенсер Драјден – тапани, перкусии (1966–1970, 1996; починал во 2005 година)
  • Џои Ковингтон – тапани, перкусии (1970–1972; почина во 2013 година)
  • Папа Џон Крич – виолина, вокал (1970–1972; починал 1994)
  • Џон Барбата – тапани, перкусии (1972)
  • Дејвид Фрајберг – вокал, ритам гитара (1972)

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Jefferson Airplane Takes Off (1966)
  • Surrealistic Pillow (1967)
  • After Bathing at Baxter's (1967)
  • Crown of Creation (1968)
  • Volunteers (1969)
  • Bark (1971)
  • Long John Silver (1972)
  • Jefferson Airplane (1989)
  1. Stutz, Colin (January 28, 2016). „Paul Kantner, Jefferson Airplane Co-Founder & Guitarist, Dies at 74“. Billboard.com. Архивирано од изворникот на November 30, 2017. Посетено на October 27, 2017.
  2. Празен навод (help)
  3. Lewis, Randy (September 28, 2018). „Marty Balin, co-founder of Jefferson Airplane, dies at 76“. Los Angeles Times (англиски). Архивирано од изворникот на July 10, 2019. Посетено на July 9, 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]