23 јули
Изглед
<< | јули | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
23 јули — 204-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (205-и во престапна година).
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак лав.
Остануваат 161 денови до крајот на годината.
Настани:
1914 | Австроунгарија ѝ поставила ултиматум на Србија во врска со атентатот на престолонаследникот Франц Фердинанд во Сараево. Ова било најава за почетокот на Првата светска војна. |
1942 | Започнал со работа логорот Треблинка. |
1942 | Во Софија, бугарските власти ги стрелаа Никола Јонков Вапцаров, македонски поет и патриот, Антон Попов-Дончо, македонски револуционер, писател и публицист и Атанас Романов, македонски патриот. |
1993 | Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост. |
2000 | Ленс Армстронг, втора година по ред победува на престижната велосипедска трка Тур де Франс, иако неговите лекари, четири години претходно, го известуваат дека постојат мали шанси да преживее, зашто болува од рак. |
Родени:
1872 | Спас Мартинов — македонски револуционер. |
1892 | Хаиле Селасије I — етиопски цар. |
1888 | Рејмонд Чендлер — американски писател и сценарист. |
1906 | Владимир Прелог — швајцарско-хрватски хемичар. |
1915 | Тихомир Милошевски — народен херој на Македонија. |
1931 | Виктор Корчној — руски шаховски велемајстор. |
1934 | Стив Лејси — американски џез-музичар. |
1957 | Никос Галис — грчки кошаркар. |
1960 | Фадил Вокри — југословенски фудбалер од албанско потекло. |
1961 | Ентоан Кар — американски кошаркар. |
1963 | Слободан Живоиновиќ — српски и југословенски тенисер. |
1968 | Гери Пејтон — американски кошаркар. |
1972 | Џовани Елбер — бразилски фудбалер. |
1974 | Морис Грин — американски атлетичар. |
1976 | Јудит Полгар — унгарска шахистка. |
1987 | Луис Густаво — бразилски фудбалер. |
1987 | Јулијан Нагелсман — германски фудбалски тренер. |
1988 | Бјерн Турау — германски велосипедист. |
Починале:
1536 | Хенри Фицрој — незаконски син на Хенри VIII. |
1757 | Доменико Скарлати — италијански барокен композитор за чембало. |
1875 | Ајзак Мерит Сингер — американски изумител. |
1916 | Вилијам Ремзи — шкотски хемичар. |
1926 | Виктор Васнецов — истакнат руски сликар од фолклористичкиот и националромантичарски правец. |
1942 | Антон Попов — македонски поет. |
1948 | Дејвид Грифит — американски филмски режисер и продуцент. |
1977 | Арсенио Ерико — парагвајски фудбалер. |
1986 | Марко Челебоновиќ — српски сликар. |
2001 | Муртезан Етхеми — поранешен член на ОНА. |
2013 | Џалма Сантос — бразилски фудбалер. |
2019 | Арт Невил — американски поп-музичар. |