1740-ти
Изглед
< 1730-ти | 1740-ти | 1750-ти > | |||||||
1740 | 1741 | 1742 | 1743 | 1744 | 1745 | 1746 | 1747 | 1748 | 1749 |
Настани
[уреди | уреди извор]- 1740 — Фридрих II станува крал на Прусија.
- 1740 — гладот во Ирска, кој траел две години, убил 10% од населението.
- 1740 — започнала Војната за австриското наследство.
- 1741 — Русите почнуваат да ги населуваат Алеутските Острови.
- 1741 — Елисавета Петровна станува царевица на Русија.
- 1741 — папата Бенедикт XIV го издава Immensa Pastorum principis против ропството.
- 1744 — Мохамед ибн Сауд ја основа првата саудиска држава.
- 1747 — Ахмед Шах Дурани го основа Дуранското Царство на подрачјето на денешен Авганистан.
Личности
[уреди | уреди извор]Родени
[уреди | уреди извор]- 1740 — роден Иван VI, император на Русија.
- 1740 — роден Папа Пиј VII.
- 1740 — роден Маркиз де Сад, француски аристократ, политичар, филозоф и писател познат по неговиот бурен начин на живот.
- 1740 — роден Џејмс Босвел, шкотски биограф.
- 1741 — роден Али-паша Јанински, османлиски феудалец од албанско потекло, паша на Јанина, а потоа одметник од централната османлиска власт и независен владетел.
- 1741 — роден Јосиф II, ладетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство.
- 1741 — роден Пјер Шодерло Де Лакло, француски армиски генерал, државен службеник и писател.
- 1741 — роден Петер Симон Палас, германски зоолог и ботаничар кој работел во Русија.
- 1743 — роден Антоан Лавоазје, француски научник и математичар.
- 1743 — роден Џозеф Бенкс, англиски ботаничар.
- 1743 — роден Жан-Симон Бертелми, француски сликар.
- 1743 — роден Лујџи Бокерини, италијански композитор и виолончелист.
- 1743 — роден Гаврила Романович Державин, руски поет.
- 1743 — роден Жан Пол Мара, доктор, физичар, истражувачки научник за топлина, светлина и електрицитет, политички теоретичар, книжевник и полиглот, а најдобро познат по својата кариера во Франција како радикален новинар и политичар за време на француската буржоаска револуција.
- 1743 — роден Чарлс Камерон, шкотски архитект.
- 1743 — роден Томас Џеферсон, третиот претседател на САД, главниот автор на Декларацијата за независност.
- 1744 — роден Жан Батист Ламарк, француски природонаучник и филозоф.
- 1744 — роден Конрад Менх, германски ботаничар.
- 1745 — роден Алесандро Волта, италијански физичар.
- 1746 — роден Фридрих Хајнрих Вигерс, германски ботаничар.
- 1746 — роден Франциско Гоја, шпански сликар.
- 1746 — роден Григориј V Цариградски, вселенски патријарх.
- 1746 — роден Тадеуш Кошќушко, полски, белоруски и литвански национален херој, генерал и водач на востанието од 1794 година против Русија.
- 1746 — роден Гаспар Монж, француски математичар.
- 1746 — роден Јохан Хајнрих Песталоци, швајцарски педагог и реформатор.
- 1748 — роден Адам Вајсхаупт, германски филозоф и основач на илуминатите.
- 1748 — роден Џозеф Брама, англиски бравар и пронаоѓач.
- 1748 — роден Луј Жан Пјер Вјејо, француски орнитолог.
- 1748 — роден Јохан Фридрих Гмелин, германски природонаучник, ботаничар, ентомолог, херпетолог и малаколог..
- 1748 — родена Олимпија де Гуж, француски драмски писател и политички активист.
- 1748 — роден Жак-Луј Давид, француски сликар, претставник на неокласицизмот.
- 1748 — роден Антоан Лоран де Жисје, француски ботаничар, познат како првиот што објавил биолошка класификација на цветните растенија, во голема мера непроменета до денес.
- 1748 — роден Карло IV, крал на Шпанија.
- 1749 — роден Јохан Волфганг фон Гете, германски романописец, поет, драматург, хуманист, научник, филозоф и десет години премиер на војводството Вајмар.
- 1749 — роден Едвард Џенер, англиски лекар, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници.
- 1749 — роден Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник.
- 1749 — роден Доменико Чимароза, италијански композитор.
Починати
[уреди | уреди извор]- 1740 — почината Ана Ивановна, царица на Русија во периодот од 1730 до 1740 година.
- 1740 — починат Карло VI, владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство и крал на Германија (1711-1740), војвода од Тишен (1711–1722), надвојвода на Австрија, крал на Хрватска (како Карло III), крал на Бохемија (како Карло II) и крал на Унгарија (како Карло III) (1711–1740) и претендент кон шпанскиот престол до 1711 година.
- 1740 — починат Папа Климент XII, римски папа од 12 јули 1730 до 6 февруари 1740.
- 1741 — починат Антонио Вивалди, венецијански свештеник и композитор од времето на барокот, како и познат виолинист.
- 1741 — починат Шарл Ролен, француски историчар и просветител.
- 1743 — починат Ијасент Риго, француски барокен сликар од каталонско потекло.
- 1744 — починат Џамбатиста Вико, италијански филозоф.
- 1744 — починат Александар Поуп, англиски поет од 18 век, најпознат по неговите сатирични стихови и преводот на Хомер.
- 1744 — починат Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном.
- 1745 — починат Карло VII, владетел од династијата на Вителсбаховците како цар на Светото Римско Царство (1742-1745), крал на Бохемија (1741-1743) и Изборен кнез на Баварија (1726–1745).
- 1745 — починат Џонатан Свифт, најголем англиски критичар еден од најостроумните критичари на човековата природа и општествените процеси.
- 1746 — починат Филип V, француски и крал на Шпанија, прв претставник од Бурбонската династија во Шпанија кој се качил на престолот.
- 1747 — починат Ален Рене Лесаж, француски писател, основоположник на модерниот реалистички роман.
- 1747 — починат Алесандро Марчело, италијански благородник, композитор и музичар.
- 1747 — починат Неофит VI Цариградски, вселенски патријарх.
- 1749 — починат Јан ван Хејсум, холандски сликар.
Откритија
[уреди | уреди извор]- ...