[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Улица

Од Википедија — слободната енциклопедија

Улица[1][2] или сокак[3][4] — јавна површина, најчесто поплочена, со придружна изградена околина. Таа претставува јавна земјишна парцела во урбаните области која ги поврзува зградите и каде луѓето можат слободно да се движат, да се собираат и да комуницираат. Улицата може да биде обична земјена патека, но најчесто е поплочена со тврда подлога, како: бетон, асфалт или плочки. Таа е оспособена за движење на пешаците и на сообраќајните средства (автомобили, трамваи, автобуси, итн.).

Улицата „Минхнер“ во Франкфурт, Германија.
Улицата Еби Роуд во Лондон.

Првобитно, зборот „улица“ означувал поплочен пат (латински: via strata), но и ден-денес, во колоквијалната употреба претставува синоним за „пат“. Сепак, жителите на градовите и урбаните планери прават разлика меѓу овие два поима: главната функција на патот е транспортот, додека улицата ја олеснува јавната интеракција.[5] Навистина, градските улици служат и за транспорт, но патиштата, како што се магистралните патишта и автопатиштата, вообичаено не служат за движење на пешаците и за интеракција меѓу луѓето.[6][7]

Улицата како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Улицата како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]
  • „Да јас не сум по 'вој сокак поминал“ - македонска народна песна.[8]
  • „Мојата улица“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[9]
  • „Партизанската улица“ — песна на Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[10]
  • „Смешен настан на улицата“ — песна на македонскиот поет Србо Ивановски.[11]
  • Улица“ - (новела) на македонскиот писател Славко Јаневски од 1950 година.[12]
  • „Улица без излез“ — песна на Славко Јаневски.[13]
  • „На улица“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[14]
  • „Од улица во улица“ (руски: Из улицы в улицу) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1913 година.[15]
  • „На улица“ (руски: Уличное) - песна на Владимир Мајаковски од 1913 година.[16]
  • „На улица“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.[17]
  • „Улиците што ги има: Народен фронт“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[18]
  • „Кога ќе помислам на Славко Јаневски“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[19]
  • „Мисли што ме обземаат на прометните улици“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[20]
  • „Крокодилска улица“ - расказ на полскиот писател Бруно Шулц.[21]

Улицата како тема во филмот

[уреди | уреди извор]

Улицата како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
  • Улици (англиски: The Streets) — англиски рапер.[25]
  • „Сочевата страна на улицата“ (хрватски: Sunčana strana ulice) — песна од истоимениот музички албум на хрватската рок-група Азра.[26]
  • „Улиците на Лондон“ (англиски: Streets Of London) — песна на англиската панк-рок група Anti-Nowhere League од 1982 година.[27]
  • „7 улици“ (англиски: 7 Streets) — песна на англиската рок-група Atomic Rooster од 1970 година.[28]
  • „Улица на јагодите“ (англиски: Strawberry Street) — песна на американскиот рок-музичар Џеф Бакли.[29]
  • „На улицата“ (англиски: In The Street) — песна на американската поп-рок група Биг стар од 1972 година.[30]
  • „Пени лејн“ (англиски: Penny Lane) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1967 година.[31]
  • „Аби Роуд“ (англиски: Abbey Road) — музички албум на британската поп-рок група Битлси од 1969 година.[32]
  • „Булевар на скршените сонови“ (англиски: Boulevard Of Broken Dreams) — песна на американскиот џез-рок музичар Џејмс Вајт (James White) од 1983 година.[33]
  • „Авенија на чемпресите“ (англиски: Cypress Avenue) — песна на северноирскиот поп-рок музичар Ван Морисон (Van Morrison) од 1968 година.[34]
  • „Улиците на Арклоу“ (англиски: Streets of Arklow) — песна на Ван Морисон од 1974 година.[35]
  • „Авенијата Кентаки“ (англиски: Kentucky Avenue) — песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1978 година.[36]
  • „Улицата на милоста“ (англиски: Mercy Street) - песна на британскиот рок-музичар Питер Гебриел (Peter Gabriel) од 1986 година.[37]
  • „Законот на улиците“ (англиски: Code Of The Streets) — песна на американската хип-хоп група Gang Starr од 1994 година.[38]
  • „Уличен живот“ (англиски: Street Life) — песна на американската хип-хоп група Geto Boys од 1993 година.[39]
  • „Авенија на убиствата“ (англиски: Murder Avenue) — песна на американската хип-хоп група Geto Boys од 1993 година.[39]
  • „Улиците на твојот град“ (англиски: Streets Of Your Town) — песна на австралиската поп-група The Go-Betweens од 1988 година.[40]
  • „На споредните улици“ (англиски: Down The Backstreets) — песна на американскиот рапер Гуру (Guru) од 1993 година.[41]
  • „Темни улици“ — песна на македонскиот рапер Да Џака Накот од 2012 година.[42]
  • „Скандал во улицата Јазу“ (англиски: Yazoo Street Scandal) — песна на Боб Дилан и Бенд (The Band) од 1975 година.[43]
  • „Улица на љубовта“ (англиски: Love Street) — песна на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1968 година.[44]
  • „Биди сам на улицата“ (српски: Буди сам на улици) — песна на српската рок-група ЕКВ (ЕКВ) од 1986 година.[45]
  • „Каде што улиците немаат име“ (англиски: Where the Streets Have No Name) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1987 година.[46]
  • „Приказни од улицата“ (англиски: Stories Of The Streets) — песна на канадскиот музичар Леонард Коен.[47]
  • „Улична тепачка“ (англиски: Street Fight) — песна на американски рок-музичар Алис Купер од 1972 година.[48]
  • „Уличен живот“ (англиски: Street Life) — песна од истоимениот албум на американската група Крусејдерс (Crusaders) од 1979 година.[49]
  • „На улицата Мишн“ (англиски: Down On Mission Street) — песна на британската рок-група Lloyd Cole And The Commotions од 1984 година.[50]
  • „Улицата Шарлот“ (англиски: Charlotte Street) — песна на Lloyd Cole And The Commotions од 1984 година.[50]
  • „Немила случка на Јужната улица“ (англиски: Incident on South Street ) — песна на американската џез-група Лаунџ лизардс (The Lounge Lizards) од 1981 година.[51]
  • „Уличката Сисотобел“ (англиски: Sisotowbell Lane) — песна на канадската музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1968 година.[52]
  • „4. јули“ (англиски: 4th of July) — песна од истоимениот албум на македонската рок-група Mooger Fooger.[53]
  • „Растресена улица“ (англиски: Shakin' Street) — песна на американската рок-група MC5 од 1970 година.[54]
  • „Сребрени улици“ — песна на македонската поп-пејачка Маја Оџаклиевска.[55]
  • „Уличен одач“ (српски: Улични ходач) — песна на српската рок-група Партибрејкерс од 1985 година.[56]
  • „Улични бранови“ (англиски: Street Waves) — песна на американската рок-група Pere Ubu од 1978 година.[57]
  • „Мрачните улици на Лондон“ (англиски: Dark Streets Of London) — песна на ирско-англиската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[58]
  • „Бегство на главната улица“ (англиски: Exile on Main St.) — музички албум на британската рок-група Ролинг Стоунс од 1972 година.[59]
  • „Уличен живот“ (англиски: Street Life) — песна на британската рок-група Рокси Мјузик (Roxy Music) од 1973 година.[60]
  • „Улична непријатност“ (англиски: Street Hassle) — песна на шкотската рок-група Симпл мајндс (Simple Minds) од 1984 година.[61]
  • „Булевар на детонациите“ (англиски: Detonation Boulevard) — песна на британската рок-група Систерс оф мерси (The Sisters Of Mercy) од 1990 година.[62]
  • „Ода на уличната мешаница“ (англиски: Ode To Street Hassle) — песна на британската рок-група Спејсмен 3 (Spacemen 3).[63]
  • „Диви на улиците“ (англиски: Wild In The Streets) — песна на американската панк-рок група Circle Jerks од 1982 година.[64]
  • „Бензиска уличка“ (англиски: Gasoline Alley) — песна од истоимениот музички албум на британскиот рок-музичар Род Стјуарт (Rod Stewart) од 1970 година.[65]
  • „На улицата“ (англиски: Down On The Street) — песна на американската рок-група Стуџис (The Stooges) од 1970 година.[66]
  • „Улица 22“ — песна на македонската рок-група Funk Shui.[67]
  • „Улица на зелените цвеќиња“ (англиски: Green Flower Street) — песна на американскиот рок-музичар Доналд Фејген (Donald Fagen) од 1982 година.[68]
  • „Дете на улицата“ (хрватски: Dijete ulice) — песна на хрватската рок-група Филм од 1981 година.[69]
  • „Темната страна на улицата“ (англиски: Dark End Of The Street) — песна на американската кантри-група The Flying Burrito Bros од 1969 година.[70]
  • „На улица“ (англиски: Out In The Street) — песна на британската рок-група Ху (The Who) од 1965 година.[71]
  • „На улицата, денес“ (англиски: In The Street, Today) — песна на британската рок-група The Jam од 1977 година.[72]
  • „Звуци од улицата“ (англиски: Sounds From The Street) — песна на The Jam од 1977 година.[73]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „улица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „улица“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „сокак“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „сокак“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. dictionary.reference.com.
  6. „www.usingenglish.com“. Архивирано од изворникот на 2014-02-04. Посетено на 2019-01-22.
  7. „www.usingenglish.com“. Архивирано од изворникот на 2014-02-04. Посетено на 2019-01-22.
  8. Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 12-13.
  9. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 36.
  10. Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 41.
  11. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 56.
  12. Славко Јаневски, Улица. Скопје: Државно книгоиздателство на НР Македонија, 1950.
  13. Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 51-52.
  14. Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 31.
  15. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 22-23.
  16. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 31.
  17. „Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 25-27.
  18. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 14-15.
  19. Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 437-438.
  20. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 373-374.
  21. Bruno Šulc, Cimetaste prodavnice. Beograd: Paidea, 2015, стр. 71-79.
  22. IMDB, The Street (1923) (пристапено на 29.7.2020)
  23. IMBd, Walking the Streets of Moscow (1964) Awards (пристапено на 8.2.2019)
  24. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 69.
  25. The Streets (пристапено на 10.1.2024)
  26. Sunčana strana ulice, Komuna, CD 1002.
  27. Discogs, Anti-Nowhere League ‎– We Are...The League (пристапено на 3.12.2021)
  28. DISCOGS, Atomic Rooster – Death Walks Behind You (пристапено на 27.11.2021)
  29. Discogs, Jeff Buckley ‎– Grace (пристапено на 21.4.2020)
  30. Discogs, Big Star – #1 Record (пристапено на 5.2.2022)
  31. DISCOGS, The Beatles ‎– Magical Mystery Tour (пристапено на 9.7.2020)
  32. DISCOGS, The Beatles ‎– The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
  33. DISCOGS, James White (2) ‎– James White's Flaming Demonics (пристапено на 7.9.2021)
  34. Van Morrison, Astral Weeks, Warner Bros. Records, 1768-2.
  35. YouTube, Van Morrison - Streets of Arklow (пристапено на 28.1.2019)
  36. DISCOGS, Tom Waits ‎– Blue Valentine (пристапено на 21 септември 2021)
  37. DISCOGS, CPeter Gabriel – So (пристапено на 28.10.2022)
  38. Discogs, Gang Starr – Hard To Earn (пристапено на 28.11.2022)
  39. 39,0 39,1 Discogs, Geto Boys – Till Death Do Us Part (пристапено на 30.10.2022)
  40. Discogs, The Go-Betweens – 16 Lovers Lane (пристапено на 15.3.2021)
  41. Discogs, Guru – Jazzmatazz Volume: 1 (пристапено на 30.10.2022)
  42. Da Dzaka Nakot, Bozjiot prototip. Suriken Records, 027, 2012.
  43. Discogs, Bob Dylan & The Band ‎– The Basement Tapes (пристапено на 30.9.2020)
  44. Discogs, The Doors ‎– Waiting For The Sun (пристапено на 20.5.2020)
  45. YouTube, Ekatarina Velika - Budi sam na ulici (HD) (пристапено на 22.1.2019)
  46. U2, The Joshua Tree, Cai 9218, Jugoton.
  47. YouTube, Leonard Cohen - Stories Of The Streets (Subtitulado) (пристапено на 28.1.2020)
  48. Discogs, Alice Cooper – School's Out (пристапено на 16.4.2022)
  49. Discogs, Crusaders* ‎– Street Life (пристапено на 22.1.2019)
  50. 50,0 50,1 Lloyd Cole And The Commotions* – Rattlesnakes (пристапено на 1.3.2023)
  51. YouTube, The Lounge Lizards - The Lounge Lizards (1981) full album (пристапено на 5.4.2023)
  52. Joni Mitchell – Song To A Seagull (пристапено на 24.4.2023)
  53. Mooger Fooger, 4th of July, Corpus Delicti Records, CD 001.
  54. MC5 – Back In The USA (пристапено на 6.4.2023)
  55. YouTube, Маја Оџаклиевска - Сребрени улици (пристапено на 14.10.2019)
  56. Partibrejkers ‎– Partibrejkers (пристапено на 17.9.2021)
  57. Discogs, Pere Ubu ‎– The Modern Dance (пристапено на 25.2.2021)
  58. The Pogues – Red Roses For Me (пристапено на 2.3.2024)
  59. Discogs, Rolling Stones* ‎– Exile On Main St. (пристапено на 9.3.2021)
  60. Discogs, Roxy Music ‎– Street Life (пристапено на 22.1.2019)
  61. Simple Minds – Sparkle In The Rain (пристапено на 8.3.2024)
  62. DISCOGS, The Sisters Of Mercy ‎– Vision Thing (пристапено на 23.9.2019)
  63. Spacemen 3 – The Perfect Prescription (пристапено на 22.4.2024)
  64. DISCOGS, Circle Jerks – Wild In The Streets (пристапено на 8.5.2022)
  65. Rod Stewart – Gasoline Alley (пристапено на 16.4.2023)
  66. DISCOGS, The Stooges ‎– Fun House (пристапено на 9.7.2019)
  67. Funk Shui, Aether, IM0018, ИнтерМедиа, 2012.
  68. Discogs, Donald Fagen ‎– The Nightfly (пристапено на 21.3.2021)
  69. Discogs, Film ‎– Novo! Novo! Novo! Još Jučer Samo Na Filmu A Sada I U Vašoj Glavi (пристапено на 21.5.2021)
  70. DISCOGS, The Flying Burrito Bros ‎– The Gilded Palace Of Sin (пристапено на 21.2.2020)
  71. DISCOGS, The Who ‎– My Generation(пристапено на 1.10.2021)
  72. The Jam – This Is The Modern World (пристапено на 3.1.2023)
  73. The Jam – In The City (пристапено на 3.1.2023)