Тангерминде
Тангерминде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Штендал |
Градоначалник | Рудолф Опиц |
Основни податоци | |
Површина | 90 км2 |
Надм. височина | 43 м |
Население | 10.283 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 114 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SDL |
Пошт. бр. | 39585–39590 |
Повик. бр. | 039322 |
Портал | www.tangermuende.de |
Местоположба на град Тангерминде во рамките на округот Штендал | |
Координати | 52°32′27″N 11°58′8″E / 52.54083° СГШ; 11.96889° ИГД |
Тангерминде (германски: Tangermünde) — град во округот Штендал, во североисточниот дел од Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Елба во регионот Алтмарк.
Историја
[уреди | уреди извор]Тангерминде може да се најде во 1000-годишната историја. Бил првпат спомнат во 1009.
Името Тангерминде означува на устието на реката Тангер - каде се влева во Елба.
Во 13 век бил наследен од Рутгер фон Блументал (1275). Грофот Јохан II го скрил неговото богатство под парохиската црква и ја пренел тајната на неговиот син Ото Загитариус. Кога подоцна бил заробен, тој го искористил богатството за да го плати неговото пуштање.
Градот бил еден од омилените места на царот Карло IV во 14 век пред да стане резиденција на електорите Хоенцолерн од Бранденбург од 1415 па натаму.
Тангерминде ги изгубил монархиската линија во 1488 по бунтот и резиденцијата била преместена во Берлин-Келн.
Тулените згради, скоро целосно зачуваниот градски ѕид со добро утврдените порти, комплексот на заокот и различните Фахверк-куќи му даваат уникатен шарм на градот. Тангерминде е исто така место на случување на историскиот роман на Теодор Фонтане Грете Минде.
Црква Свети Стефан
[уреди | уреди извор]Оваа црква била изградена во неколку етапи. Ништо не е оставено од првичната градба, бидејќи била уништена од градскиот пожар во 1617. Црквата е позната по нејзините оргули изградени во 1624, едни од врвните 10 оргули во Европа.[2] Биле целосно обновени и може повторно да се слушнат во црквата од септември 1994.
-
Тангерминде
-
Улица во Тангерминде
-
Историското градско собрание (Rathaus)
-
Elbbrücke Tangermünde
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Северно од градот се наоѓа сојузниот автопат 188 (B 188), кој го поврзува со Штендал и Ратенов, како и преку A2, до Берлин и Хановер. Реката Елба се поминува преку новиот мост изграден во 2001.
Првиот патен мост за сообраќај бил отворен во 1933 и уништен во април 1945. Кратко потоа бил изграден привремен мост, кој опслужувал до 2001.
Нема железничка линија која го поврзува градот со Штендал. Првата линија била отворена во 1886.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
- ↑ Страница за оргулите
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Тангерминде“ на Ризницата ? |
- Службена страница (германски)
|
|