[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Сачишта

Координати: 40°15.23′N 21°33.8′E / 40.25383° СГШ; 21.5633° ИГД / 40.25383; 21.5633
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сачишта
Σιάτιστα
Црквата „Св. Димитриј“
Црквата „Св. Димитриј
Сачишта is located in Грција
Сачишта
Сачишта
Местоположба во областа
Сачишта во рамките на Горуша (општина)
Сачишта
Местоположба на Сачишта во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°15.23′N 21°33.8′E / 40.25383° СГШ; 21.5633° ИГД / 40.25383; 21.5633
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаСачишта
Надм. вис.&10000000000000920000000920 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно5.057
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.50003
Повик. бр.2465
Градската управа во Сачишта.

Сачишта (дијалектно: Сачишча; грчки: Σιάτιστα, Сјатиста) — гратче во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 5.057 жители (2021).

Географија

[уреди | уреди извор]

Гратчето е сместено во јужните пазуви на планината Сињак, над преминот кој ја дели од Црвена Гора на југ. Оддалечено е 25 км југозападно од Кожани, 30 км североисточно од Гребен и 22 км југоисточно од Лапчишта.[2] Се дели на две маала — Хора на север и Геранија на југ, чии традиционални македонски облици се Гора и Горица/Гарица.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]
Женска носија од Сачишта.

Се смета дека Сачишта е основано уште пред Шишани — во XVI век. Првично селото било македонска населба, која подоцна станала влашка. На крајот на XVII век митрополитот Зосим II на Охридската архиепископија тука го преместил седиштето на епархијата, кое дотогаш било во Шишани.[3] Во 1677 г. во Геранија е изградена црквата „Св. Петка“ — најстариот зачуван христијански храм во градот.[4][5] Грчката пропаганда проработела многу рано, бидејќи веќе во 1710 г. во селото било отворено грчко училиште.[6] Според Спиридон Гопчевиќ гратчето претходно било чисто влашко, но во 1889 г. е утврдено дека од 10–12.000 лица одвај една четвртина разбирале влашки, а сите по дома зборувале грчки. Густав Вајганд тврди дека влашкото село Сачишта е погрчено од дојденци од Шишани. Кога Вајганд ја посетил паланката (крај на XIX век) само старците занеле влашки.[7]

Во 1760 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“ во источниот дел на Сачишта,[8] а во 1801 г. и големата соборна црква „Св. Димитриј“ во Хора, изгорена во 1910 г. и обновена по две години.[9]

На почетокот на 1830-те албанските водачи Тафил Бузи и Аслан-бег го нападнале Сачишта, но наишле на силен отпор од жителите.[10]

Во XIX Сачишта веќе станало гратче во Населичката каза на Серфичкиот санџак.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Сачишта:

Гратчето се состои од две маала — Гарица и Хора... Има 1.080 куќи и 1.930 брачни двојки. Жителите тргуваат со добиток и вино, но се среќаваат и занаетчии. Има две основни училишта... и едно повисоко со библиотека од 4.000 книги. Има 22 цркви, од кои две катедрали и 13 свештеници.[11]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Сачишта (Шатиста) има 4.800 жители „Грци“ христијани (т.е. погрчени Власи).[12]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сачишта (Satchichta) имало 5.250 „Грци“ (т.е. погрчени Власи).[13]

Според грчка статистика од 1904 г. во Сачишта живееле 7.000 гркојазични „Грци“ (т.е. погрчени Власи).[14] Во 1912 г. во Сачишта делувала четата на капетанот Трендафилос.[15]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Сачишта е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 6.774 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 4.648,[2] веројатно како последица од војните. По 1923 г. во гратчето се доведени 126 грчки колонисти (30 семејства) од Турција.[2] Така, во 1928 г. населението се накачило на 5.328 жители.

Во 1963 г. е срушен стариот храм „Св. Атанас, Св. Бессребреници и Св. Антониј“ од XVII век, и одновно изграден под надзор на митрополитот Поликарп Шишански и Сачишки.[16]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 4.714 4.080 4.737 4.852 5.702 5.688 5.642 5.490 5.057
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Потомци на преселници од Сачишта има во кавадаречкото село Ваташа. Тоа се родот Грковци (2 куќи во 1920-ите), потомци на Мишо, кој се доселил на почетокот на XIX век бегајќи од зулумите на Али Паша Јанински. Неговиот син, Андо (роден во 1808 г.), се образувал во училиштето на Даскал Камче и бил заслужен за отворање на училишта во Кавадарци и Неготино.[17]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Населението се занимава со трговија на мало и други малостопански дејности. Застапено се и земјоделството и сточарството во пределите околу градот.[2]

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Ботанички музеј на Црвена Гора — природонаучен музеј на растителноста во подрачјето отворен од месното планинарско друштво во 1989 г.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 351.
  3. Снегаров, Иван (1995) [1932]. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т.2 (Второ фототипно. изд.). София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 247–248. ISBN 954-430-345-6.
  4. „Siatista Churches“. Windmills Travel & Tourism. Архивирано од изворникот на 2014-05-25. Посетено на 25 мај 2014.
  5. „Ι.Ν. Αγίας Παρασκευής Σιάτιστας – Ένας μύθος καταρέει;“. Σιάτιστα Siera FM. Архивирано од изворникот на 2014-05-23. Посетено на 25 мај 2014.
  6. Поповић, Јован (1998). О цинцарима. Београд: Прометеj. стр. 42. ISBN 86 – 82363 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Посетено на 23 февруари 2013.
  7. Поповић, Јован (1998). О цинцарима. Београд: Прометеj. стр. 43. ISBN 86 – 82363 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Посетено на 23 февруари 2013.
  8. „Siatista Churches“. Windmills Travel & Tourism. Архивирано од изворникот на 2014-05-25. Посетено на 25 мај 2014.
  9. „Ιερός Ναός“. Άγιος Δημήτριος Σιάτιστας. Архивирано од изворникот на 2014-05-23. Посетено на 3 мај 2014.
  10. Vakalopoulos, Kostandinos A. Modern History of Macedonia (1830 – 1912), Thessaloniki, 1988, p. 23.
  11. Верковичъ, С.И. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи, СПб, 1889, стр. 137 – 138.
  12. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 274.
  13. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 226 – 227.
  14. Σπανός, Κωνσταντίνος. „Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων“, in: „Ελιμειακά“, 48 – 49, 2001.
  15. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 276 – 277.
  16. „Ιεροί Ναοί και εξωκλήσια του Αγίου Αθανασίου στο Βόιο“. Το Βόιον. Архивирано од изворникот на 2015-01-04. Посетено на 4 јануари 2015.
  17. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 401-410. |access-date= бара |url= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]