Раул Гонсалес
Раул | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Раул Гонсалес Бланко | ||
Роден на | 27 јуни 1977 | ||
Роден во | Мадрид, Шпанија | ||
Висина | м[1] | 1,80||
Позиција | напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Шалке 04 | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
1987–1990 | Сан Кристобал де лос Ангелес | ||
1990–1992 | ФК Атлетико Мадрид | ||
1992–1994 | ФК Реал Мадрид | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1994 | ФК Реал Мадрид Ц | 7 | (13) |
1994 | ФК Реал Мадрид Б | 1 | (0) |
1994–2010 | ФК Реал Мадрид | 550 | (228) |
2010–2012 | ФК Шалке 04 | 66 | (28) |
2012–2014 | Ал Сад | 39 | (11) |
2014–2015 | Ну Јорк Космос | 28 | (8) |
Вкупно | 683 | ||
Репрезентација ‡ | |||
1994 | Шпанија U18 | 2 | (4) |
1995 | Шпанија U20 | 5 | (3) |
1995–1996 | Шпанија U21 | 9 | (8) |
1996 | Олимписки игри | 4 | (2) |
1996–2006 | Шпанија | 102 | (44) |
* Ажурирано на: 20:04, 13 August 2011 (UTC) ** Ажурирано на: 00:00, 6 September 2006(UTC) |
Раул Гонсалес Бланко, попознат како Раул (роден на 27 јуни 1977 во Мадрид) - шпански фудбалер. Тој е трикратен освојувач на Лигата на Шампиони, а долго време бил најдобар стрелец во тоа натпреварување, со постигнати 64 гола. Исто така, долго време, Раул бил најдобар стрелец во сите натпреварување во организација на УЕФА, со вкупно постигнати 66 гола.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Раул ја има поминато својата кариера во Реал Мадрид и е еден од трите Шпанци кои се израснати во овој клуб (останатите се Икер Касиљас и Гути). Тој ја започна својата кариера во Ц тимот на Реал Мадрид во сезоната 1994/95. Но по по постигнувањето 16 гола на 7 натпревари брзо напредуваше па стигна и во првиот тим на Реал, под водство на тренерот Хосе Валдано. Тој стана најмлади играч кој заиграл за првиот тим на Реал Мадрид со само 17 години и 4 месеци. Својот втор гол го постигна на градскотот дерби против својот поранешен тим Атлетико Мадрид. Со 9 гола на 28 натпревари Раул му помогна на Реал да ја освои титулата во Ла Лига во сезоната 1994/95. Појавувањето на Реал се зголеми по заминувањето на напаѓачката легенда Емилио Бутрагуено, од клубот. Со тоа Раул доби повеќе шанса да се докаже. Тој постигна 19 гола и имаше повик од шпанскиот селектор Хавиер Клементе да му се приклучи на шпанскиот тим на ЕУРО 1996. Но на крај Клементе одлучи дека Раул е премногу млад (само 18 години) и не го повика за Европското првенство. Тој му дозволи да го изигра првиот меч за Шпанија дури следната есен. Раул понатаму освои уште 5 Ла лига титули и тоа во 1996/97 (постигнувајќи 21 гол),2000/01 (постигнувајќи 25 гола), 2002/03 ( постигнувајќи 16 гола), 2006/07 (постигнувајќи 7 гола) и 2007/08 (постигнувајќи 18 гола). Тој 2 пати беше најдобар стрелец во Ла лига (Пичичи) со постигнати 24 и 25 гола во сезинте 1998/99 и 2000/01. Тој со своите 211 гола е најдобар стрелец кој моментално игра во Ла лига, а севкупно 16ти. Тој се смета за најдобар напаѓач во модерниот фудбал во Европа.
Раул ја наследи капитенската лента од Фернандо Хиеро кога тој го напушти Реал во 2003 година. Тој покажа дека е водач за респект. Тој од неговиот поранешен селектор, Луис Арагонез беше наречен “Крводарител“, поради тоа што дава повеќе од останатите во тимот.
Тој стана првиот фудбалер кој постиганал 50 гола во Лигата на Шампионите на натпреварот против Олимпијакос во групата.[2] Тој продолжи да биди најдобар стрелец со постигнати 64 гола и изиграно 123 натпревари.[3]
Раул издржа неколку тешки година за време на ерата на “Галактикосите“ со тоа што играше на различни позичи и ли често се движеше на теренот, а не на неговото добро познато место, во пеналтикот. Со ова се намалија головите на Раул и Раул не беше онаков како што беше порано. После доаѓањето на Фабио Капело, Раул се прероди и постигна неколку убави голови и му помогна на Реал да ја освои Ла лига во сезоната 2006/07, на големо изненадување. Неговата одлична форма продолжи со 18 гола во Ла лига и 5 гола во Лигата на Шампионите, но за негово големо разочарување на беше дел од победничката кампања на ЕУРО 2008.
После неколку години Раул наеднаш исчезна, но набрзо се појави по прогласувањето за еден од 50те најдобри фудбалери во светот. Тој во својата 14 годишна кариера нема добиено ниту еден црвен картон.[4] На 11 ноември 2008 раул го постиган 300тиот гол за Реал со хет-трикот постигнат против Реал Унион и ако победи со 4-3 Рела изгуби на вкупен резулатат 6-6, поради гостинските голови.[5]
Раул има постигнато 304 гола за Реал и е блиску до рекордот на Алфредо ди Стефано кој изнесува 307 гола.
Интернационална кариера
[уреди | уреди извор]Раул има постигнато 44 во 102 натпревари за шпанската репрезентација. Тој го изигра својот прв меѓународен натпревар против Чешка во октомври 1996. Тој ја наследи капитенската лента Од Фернандо Хиеро во 2002 година. Тој има играно на 3 Светски првенства (од 1998 до 2006), и на 2 Европски (2000 и 2004). Тој има постигнато најмалку по еден кој на секое Светско првеНаведена мрежна страницатво на кое настапил.
На 27 март 1999, Раул го постигна 800тиот гол во националната историја на натпреварот против Австрија, на кој Шпанија победи со 9-0.[6] после 3 и пол години Раул го постигна и 900тиот гол за Шпанија во квалификациите за ЕУРО 2004 против Грција на 7 септември 2002, на кој натпревар Шпанија победи со 2-0.[7]
За Раул немаше место за ЕУРО 2008 покрај Фернандо Торес и Давид Виља. Изненадувачки тој не беше ни избран ни за замена (на негово место беше Даниел Гуиза). Од медиумите имаше многу критики зошто Раул не беше избран за ЕУРО 2008, а многумина и се сомневаја во работата на Луис Арагонез. Раул се сретна со Арагонез 2 месеци пред Европското првенство. Тогаш склучија договор дека никој од нив нема лични проблеми со другиот. Па според тоа тоа што Раул не беше избран било фудбалски проблем. Пресот на оваа конференција ги разјасни сите дилеми и ги спречи понатамошните контроверзии и ја остави Шпанија мирно да оди по патот кон титулата на ЕУРО 2008.
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Многу години, Раул го прославуваше дадениот гол со бакнување на бурмата од неговата сопруга, шпанскиот модел, Мамен Санз. Раул исто така г опрославуваше дадениот гол со покажувавање на двата палци кон името на грбот. Раул има 4 сина: Јорге, кому името му е даден според човекот кој му даде шанса за првпат да заигар за Шпанија, шпанскиот селектор Јорге Валдано, Хуго, според името на Рауловиот херој од детството Хуго Санчес и близнаците Хектор и Матео, кој го добил името според познатиот Германски фудбалер Лотар Матеус. Тој ужива во читањето, осбобено кога ги чита книгите на Артуро Перес Реверте. тој исто така сака да слуша Шпанска музика, тој е добар во ловењето и во тепањето со бикови.
Статистика
[уреди | уреди извор]Голови во клубот
[уреди | уреди извор]Последно проверено: 11 декември 2008.
Клупски перформански | Лига | Куп | Континтално | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Сезона | Клуб | Лига | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови |
Шпанија | Лига | Копа дел Реј | Европа | Вкупно | ||||||
1990-91 | Атлетико Мадрид (Инфатил) | |||||||||
1991-92 | Атлетико Мадрид (Кадети Б) | |||||||||
1992-93 | Рал Мадрид (Кадети А) | |||||||||
1993-94 | Реал Мадрид (Јувенил) | |||||||||
1994-95 | Реал Мадрид Ц | Терцера Дивизион | 7 | 16 | - | - | - | - | 7 | 16 |
1994-95 | Реал Мадрид Б | Секунда Дивизион Б | 1 | 0 | - | - | - | - | 1 | 0 |
1994-95 | Реал Мадрид | Ла Лига | 28 | 9 | 2 | 1 | - | 30 | 10 | |
1995-96 | 40 | 19 | 2 | 1 | 8 | 6 | 50 | 26 | ||
1996-97 | 42 | 21 | 5 | 1 | - | 47 | 22 | |||
1997-98 | 35 | 10 | 1 | 0 | 12 | 2 | 48 | 13 | ||
1998-99 | 37 | 25 | 2 | 0 | 8 | 3 | 47 | 28 | ||
1999-00 | 34 | 17 | 4 | 0 | 16 | 11 | 54 | 28 | ||
2000-01 | 36 | 24 | 0 | 0 | 12 | 7 | 48 | 31 | ||
2001-02 | 35 | 14 | 6 | 6 | 12 | 6 | 53 | 26 | ||
2002-03 | 31 | 16 | 2 | 0 | 12 | 9 | 45 | 25 | ||
2003-04 | 35 | 11 | 6 | 6 | 9 | 2 | 50 | 19 | ||
2004-05 | 32 | 9 | 1 | 0 | 10 | 4 | 43 | 13 | ||
2005-06 | 26 | 5 | 1 | 0 | 6 | 2 | 33 | 7 | ||
2006-07 | 35 | 7 | 1 | 0 | 7 | 5 | 43 | 12 | ||
2007-08 | 37 | 18 | 1 | 0 | 8 | 5 | 46 | 23 | ||
2008-09 | 13 | 6 | 1 | 3 | 5 | 3 | 19 | 12 | ||
Вкупно | Шпанија | 496 | 211 | 35 | 18 | 126 | 65 | 657 | 304 | |
Вкупно во Кариерата | 496 | 211 | 35 | 18 | 126 | 65 | 657 | 304 |
Интернационални голови
[уреди | уреди извор]# | Датум | Стадион | Противник | Постигнат гол | Резултат | Натпреварување
|
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 1996-12-14 | Местаља, Валенсија, Шпанија | Југославија | 2-0 | 2-0 | Квалификации за Светско првенство 1998; група 5 |
2 | 1998-03-25 | Балаидос, Виго, Шпанија | Шведска | 3-0 | 4-0 | Пријателски |
3 | 1998-06-13 | Стеј де ла Бејжур, Нант, Франција | Нигерија | 2-1 | 2-3 | Квалификации за Светско првенство 1998; група Д |
4 | 1998-09-05 | Цирион Стадион, Лиамсол, Кипар | Кипар | 2-1 | 3-2 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
5 | 1998-11-18 | Арехи, Салерно, Италија | Италија | 2-2 | 2-2 | Пријателски |
6 | 1999-03-27 | Местаља, Валенсија, Шпанија | Австрија | 1-0 | 9-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
7 | 1999-03-27 | Местаља, Валенсија, Шпанија | Австрија | 2-0 | 9-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
8 | 1999-03-27 | Местаља, Валенсија, Шпанија | Австрија | 5-0 | 9-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
9 | 1999-03-27 | Меестаља, Валенсија, Шпанија | Австрија | 8-0 | 9-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
10 | 1999-03-31 | Олимпико, Серавале, Сан Марино | Сан Марино | 0-2 | 0-6 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
11 | 1999-03-31 | Олимпико, Серавале, СанМарино | Сан Марино | 0-4 | 0-6 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
12 | 1999-03-31 | Олимпико, Серавиле, Сан Марино | Сан Марино | 0-5 | 0-6 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
13 | 1999-06-05 | Ел Мадригал, Виљареал, Шпанија | Сан Марино | 5-0 | 9-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
14 | 1999-09-04 | Енрц-Хапел, Виена, Австрија | Австрија | 0-1 | 1-3 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
15 | 1999-10-10 | Карлос Белмонте, албасете, Шпанија | Израел | 3-0 | 3-0 | Квалификации за Европско првенство 2000; група 6 |
16 | 2000-01-26 | Картагонова, Картагина, Шпанија | Полска | 1-0 | 3-0 | Пријателски |
17 | 2000-06-18 | Амстердам Арена, Амстердам, Холандија | Словенија | 1-0 | 2-1 | Квалификации за Европско првенство 2000; група Ц |
18 | 2000-08-16 | АВД-Арена, Хановер, Германија | Германија | 4-1 | 4-1 | Пријателски |
19 | 2001-03-24 | Хосе Рико Перес, Алисанте, Шпанија | Лихтенштајн | 4-1 | 5-0 | Квалификации за Светско првенство 2002; група 7 |
20 | 2001-06-02 | Карлос Тартиере, Овиедо, Шпанија | Босна и Херцеговина | 3-1 | 4-1 | Квалификации за Светско првенство 2002; група 7 |
21 | 2001-06-06 | Рамат Ган, Тел-Авив, Израел | Израел | 1-1 | 1-1 | Квалификации за Светско првенство 2002; група 7 |
22 | 2001-09-05 | Риенпарк, Вадуц, Лихтенштајн | Лихтенштајн | 0-1 | 0-2 | Квалификации за Светско првенство 2002; група 7 |
23 | 2001-11-14 | Нуево Коломбино, Уелва, Шпанија | Мексико | 1-0 | 1-0 | Пријателски |
24 | 2002-04-17 | Виндсор Парк, Белфаст, Северна Ирска | Северна Ирска | 0-1 | 0-5 | Пријателски |
25 | 2002-04-17 | Виндсор Парк, Белфаст, Северна Ирска | Северна Ирска | 0-3 | 0-5 | Пријателски |
26 | 2002-06-02 | Гвангју Стадион, Гвангју, Јужна Кореја | Словенија | 1-0 | 3-1 | Светско првенство 2002; група Б |
27 | 2002-06-12 | Даејон Стадион, Даејон, Јужна Кореја | ЈАР | 1-0 | 3-2 | Светско првенство 2002; група Б |
28 | 2002-06-12 | Даејон Стадион, Даејон, Јужна Кореја | ЈАР | 3-2 | 3-2 | Светско првенство 2002; група Б |
29 | 2002-09-07 | Апостолос Никополаидис, Атина, Грција | Грција | 0-1 | 0-2 | Квалификации за Европско првенство 2004; група 6 |
30 | 2003-02-12 | Оно Естади, Палма де Мајорка, Шпанија | Германија | 1-0 | 3-1 | Пријателски |
31 | 2003-02-12 | Оно Естади, Палма де Мајорка, Шпанија | Германија | 2-1 | 3-1 | Пријателски |
32 | 2003-03-29 | Олимписки стадион, Киев, Украина | Украина | 1-1 | 2-2 | Квалификации за Европско првенство 2004; група 6 |
33 | 2003-09-10 | Мартинес Валеро, Елче, Шпанија | Украина | 1-0 | 2-1 | Квалификации за Европско првенство 2004; група 6 |
34 | 2003-09-10 | Мартинес Валеро, Елче, Шпанија | Украина | 2-0 | 2-1 | Квалификации за Европско првенство 2004; група 6] |
35 | 2003-10-11 | Ханрапеткан, Ереван, Ерменија | Ерменија | 0-2 | 0-4 | Квалификации за Европско првенство 2004; група 6 |
36 | 2003-11-15 | Местаља, Валенсија, Шпанија | Норвешка | 1-1 | 2-1 | Квалификации за Европско првенство 2004; Плеј-оф |
37 | 2003-11-19 | Улевал, Осло, Норвешка | Норвешка | 0-1 | 0-3 | Квалификации за Европско првенство 2004; плеј-оф |
38 | 2004-03-31 | Ел Монињон, Гијон, Спанија | Данска | 2-0 | 2-0 | Пријателски |
39 | 2004-09-03 | Местаља, Валенсија, Шпанија | Шкотска | 1-1 | 1-1 | Пријателски |
40 | 2004-10-09 | Ел Сардинеро, Сантандер, Шпанија | Белгија | 2-0 | 2-0 | Квалификации за Светско првенство 2006; група 7 |
41 | 2005-02-09 | Јуегос Медитеранос, Алемија, Шпанија | Сан Марино | 3-0 | 5-0 | Квалификации за Светско првенство 2006; група 7 |
42 | 2005-09-07 | Сантјаго Бернабеу, Мадрид, Шпанија | Србија и Црна Гора | 1-0 | 1-1 | Квалификации за Светско првенство 2006; група 7 |
43 | 2006-06-03 | Мартинес Валеро, Елче, Шпанија | Египет | 1-0 | 2-0 | Пријателски |
44 | 2006-06-19 | Готлиб-Дајмлер, Штутгарт, Германија | Тунис | 1-1 | 3-1 | Светско првенство 2006; група Х |
Признанија
[уреди | уреди извор]Реал Мадрид
[уреди | уреди извор]- Ла Лига: 1994-95, 1996-97, 2000-01, 2002-03, 2006-07, 2007–08
- Суперкопа де Еспања: 1997, 2001, 2003, 2008
- Лига на Шампиони: 1997–98, 1999–00, 2001–02
- УЕФА Супер Куп: 2002
- Интеконтинентален Куп: 1998, 2002
Поединечно
[уреди | уреди извор]- Premio Don Balón (Најдобар млад играч во Ла Лига): 1994-95
- Најдобар голгетер во светот : 1999
- Тим на годината: 1996-97, 1998-99, 1999-00
- Пичичи трофеј: 1999, 2001
- Лига на шампиони најдобар стрелец : 1999-00, 2000-01
- Најдобар изграч според ФИФА, 3то место: 2001
- Европск инајдобар играч, 2ро место: 2001
- Најдобар напаѓач сопред УЕФА: 2000, 2001, 2002
- Најдобар Шпански играч во Ла лИга: 1996-97, 1998-99, 1999-00, 2000-01, 2001-02
- [Трофеј Алфредо ди Стефано: 2008[9][10]
Награди
[уреди | уреди извор]- Зладен медал за спортска Заслуга: 2006[11]
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ „Raúl“. FC Schalke 04. 1 September 2010. Посетено на 1 September 2010.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-01-24. Посетено на 2008-12-13.
- ↑ „Сруши го Рауловиот рекорд“. UEFA.com.
- ↑ „Капитенот нема добиено картон 2 и пол години (Раул, џентлменот за фер игра)“. Realmadrid.com.
- ↑ Раул постиган 300 гола
- ↑ SOC: Шпанија 9 Австрија 0 [мртва врска] - ААП спортски вести, на highbeam.com (Дел од артиклот)
- ↑ Клиничката Шпанија направи перфектен старт - UEFA.com, 9/7/02
- ↑ „Раул Гонсалес Бланко - Интернационални голови“. Rsssf.com.
- ↑ „Раул го овои трофејот ди Стфеано“. Realmadrid.com.
- ↑ „достојниот наследник на ди Стефано“. Realmadrid.com.
- ↑ „Големата Шпаниај го награди Раул“. Uefa.com.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил, награди и статистика - realmadrid.com
- Фудбалска архива на кариери, профили и статистики
- Прифили од ФИФА светски првенств Архивирано на 21 март 2007 г.
- Раул Гонсалес Бланко - Голови во меѓународни натпевари
- Раул Гонсалес Бланко - Голови на европско првенство
- Интервјуто на Отмар Хитцвелд
- Раул е вториот стрелец на Реал на сите времиња Архивирано на 4 април 2008 г.
Претходник Фернандо Хиеро |
Капитен на ФК Реал Мадрид 2003- |
Наследник Непознат |
Претходник Фернандо Хиеро |
Капитен на Шпанија 2002 – 2006 |
Наследник Икер Касиљас |
Претходник Андреј Шевченко |
Најдобар напаѓач на УЕФА 1999–00, 2000–01, 2001–02 |
Наследник Руд ван Нистелрој |
|
- Родени во 1977 година
- Луѓе од Мадрид
- Шпански фудбалери
- Фудбалери на ФК Шалке 04
- Фудбалери на ФК Реал Мадрид
- Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид
- Фудбалски напаѓачи
- Фудбалери во Ла лига
- Фудбалери на Светско првенство 1998
- Фудбалери на 2000 Европско Првенство
- Фудбалери на Светско првенство 2002
- Фудбалери на 2004 Европско Првенство
- Фудбалери на Светско првенство 2006
- Фудбалери од Бундеслигата
- ФИФА 100