Растока
Растока — река која се разгранува од голема река пред да се влее во море, особено во речна делта. Појавата е позната како речна бифуркација. Спротивно на растока е притока.
Северна Америка
[уреди | уреди извор]Во Луизијана, на пример, реката Ачафалаја се разделува од реката Мисисипи. Во некои случаи, растоката може да „кради“ толку вода од својот родител што таа може да стане главната рута. Всушност, ова е сериозен проблем за Њу Орлеанс, поради тоа што Ачафалаја тече по пострмен пат до Заливот на Мексико, и затоа зема сè повеќе и повеќе вода од Мисисипи. Ова било запрено скоро, и тоа со изградбата на брана со цел да се контролира истекот на Мисисипи во Ачафалаја.
Јужна Америка
[уреди | уреди извор]Реката Касиквијаре е растока на горно Ориноко, која што течи јужно кон Рио Негро и формира уникатен природен канал помеѓу речните системи Ориноко и Амазон. Таа е најголемата река на планетата која поврзува два големи речни система.
Азија
[уреди | уреди извор]Други забележителни растоки се реката Колидам, растока на реките Кавери и Хугли, растока на реката Ганг, и двете во Индија.
Европа
[уреди | уреди извор]Ајсел, Вал и Долна Рајна се трите главни растоки на Рајна. Реката Актуба е главната растока на Волга.
Во Србија (Косово) реката Неродимка по пат на бифуркација дава вода на Црноморскиот слив (преку реката Ибар) и на Егејскиот речен слив (преку реката Лепенец).
Македонија
[уреди | уреди извор]Радика е единствената река во Македонија која по пат на вештачка бифуркација дава вода на Јадранскиот (Црн Дрим) и Егејскиот речен слив (Вардар, со пренос на вода преку хидросистемите Маврово и Врбен).