[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Рахче

Координати: 41°1′N 24°18′E / 41.017° СГШ; 24.300° ИГД / 41.017; 24.300
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рахче
Κρηνίδες
Рахче is located in Грција
Рахче
Рахче
Местоположба во областа
Рахче во рамките на Кавала (општина)
Рахче
Местоположба на Ќосе Елјаз во Општина Кавала и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°1′N 24°18′E / 41.017° СГШ; 24.300° ИГД / 41.017; 24.300
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавалски округ
ОпштинаКавала
Општ. единицаКавала
Надм. вис.&10000000000000384000000384 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.365
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Рахче (грчки: Κρηνίδες, Кринидес; до 1926 г. Ράχτσα, Рахца[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 16 километри северозападно од градот Кавала на надморска височина од 384 метри.

Историја

[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство

[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 480 Турци[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Кринидес[4].

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 163 грчки семејства со 312 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 672 лица, додека во 1940 година селото броело 1281 жител.

Селото според пописот од 1951 година броело 3424 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3189 жители, во 1971 година имало 2039 жители, во 1981 година имало 2811 жители, додека во 1991 година имало 3005 жители[6]. Денеска, населението на селото е 3365 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1281 3424 3189 2039 2811 3005 3365
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράχτσα -- Κρηνίδες
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 202.
  4. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Симовски, Тодор (1998). „2“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 77.