[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Шандор Кочиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шандор Кочиш

Шандор Кочиш (унгарски: Kocsis Sándor; Будимпешта, 21 септември 1929 година - Барселона, 22 јули 1979 година) — унгарски фудбалер кој играл за ФК Ференцварош; ФК Хонвед; ФК Јанг ФЕлоус Јувентус; ФК Барселона; ФК Валенсија (како гостин) и за Унгарската национална селекција.

После Унгарската револуција 1956 година, Кочиш прво отишол и кариерата ја продолжил во Швајцарија (SC Young Fellows Juventus), потоа се преселил во Шпанија каде станал член на екипата на Барселона. Исто така, во 1961 година, како гостин настапил за екипата Валенсија, на која ѝ помогнал да го освои Трофејот на летниот турнир. На двата натпревари кои ги играл за Валенсија против Ботафога и против Барселона, постигнал голови. Кочиш бил сестран напаѓач, инзвонреден во завршницата, цврст, бил непобедлив во играта, и постигнувал голови со глава.

Поради неговата способност во играта за давање голови со глава, Кочиш од новинарите добил прекар „Златна глава“. Неговата богата збирка на голови Кочиш не ја ограничил на неговите матични клубови во Унгарија, Ференцварош и Хонвед, туку дал и исклучително богат придонес и на репрезентативниот план. За репрезентацијата на Унгарија постигнал 75 голови на 68 натпревари во периодот од 1948-1956 година, и со тоа го надминал сонот на секој голгетер: секој натпревар најмалку по еден гол. Станал единствен играч кој на светските првенства постигнал два хет трика и воедно бил најдобар стрелец во првенството. Исто така двапати бил најдобар стрелец од сите Европски лиги, во 1952 и 1954 година, но во тоа време Златната копачка не се доделувала (со официјалното доделување се почнало во 1968 година).

Како играч, Кочиш се пензионирал во 1966 година и го отворил ресторанот „Златна глава“. Исто така во периодот од 1972-1974 година работел како еден од тренерите во ФК Барселона и менаџер на ФК Херкулес. Кочишевата тренерска кариера била кратка, но поради болеста (леукемија и рак на стомакот) завршил во болница. Починал на 49 годишна возраст, во 1979 година.

Голгетер

[уреди | уреди извор]

Својата фудбалска кариера Кочиш ја започнал како јуниор во ФК Кебања (TC Köbánya), пред да се придружи на Ференцварош каде во 1949 година ја освоил својата прва шампионска титула. Со повикот во армијата автоматски преминал во армискиот фудбалски клуб ФК Хонвед (Budapest Honvéd FC). Практично ѝ се придружил на екипата во формирање, која во блиската иднина станала унгарски тим од соништата. Во Хонвед тогаш веќе играле Пушкаш, Цибор и Божик.

Со Ференцварош ја освоил единствената титула на Унгарија во 1949 година.

Со Хонвед освоил четири нови шампионски титули на Унгарија, во 1950, 1952, 1954 и 1955 година.

Во периодот поминат во Хонвед бил и крал на стрелците на Унгарското првенство во 1951 година, со гол во 30-та минута; 1952 г. гол во 36-та минута; 1954 г. гол во 33-та минута.

Титулата во 1953 година му ја презел неговиот клупски пријател, Ференц Пушкаш.

Златен тим

[уреди | уреди извор]

Своето деби во репрезентацијата на Унгарија Кочиш го имал во 1948 година. Заедно со Пушкаш, Џибором, Божик и Хидегкутиј постигнал основа во легендарниот тим кој останал непобеден, во бројно неверојатни, 32 последователни меѓународни натпревари. Овој рекорд останал несрушен до ден-денеска.

Својот прв интернационален хет трик го постигнал на 20 ноември 1949 година против Шведска, следниот хет трик го имал на 22 јуни 1952 против Финска. Кочиш исто тако постигнал шест голови во Хелсинки во 1952 година кога унгарската екипа станала златна, со победата на овој натпревар. Својот трет хет трик го постигнал на 19 октомври 1952 година против Чехословачка.

Во Кочишевите големи успеси исто така се бројат и двата неверојатни натпревари против Англија, кога Англичаните добиле две, исто така незаборавни лекции. Првата била во 1953 година на Вембли, и резултатот бил 6:3 за Унгарија, а втората 1954 година во Будимпешта, каде резултатот бил 7:1 за Унгарија. На натпреварот на Неп стадионот во Будимпешта, Кочиш дал два гола и ја збогатил својата низа на бисери.

Светско првенство 1954 година

[уреди | уреди извор]

Иако ова првенство донело разочарувачки резултат за Унгарија, само второ место, за Кочиш бил огромен успех. Го завршил првенството како најдобар стрелец со два хет трика, против репрезентацијата на Јужна Кореја каде Унгарија победила со 9:0. Следниот хет трик и тој пред него, вкупно четири, против следниот светски првак Германија каде резултатот бил 8:3 за Унгарија. Во четвртфиналето против Бразил постигнал два гола и во полуфиналетоо портив Уругвај, во продолжетоци, со два извонредни гола со глава ѝ обезбедил на Унгарија финале. Во финалето првпат да не постигне погодок и Унгарија го изгубила натпреварот со 3:2.

Во октомврти 1954 година го постигнал својот шести хет трик и вториот портов Чехословачка. Својот последен хет трик Кочиш го постигнал портив истата репрезентација со која и ја започнал серијата на хет трикови, против Шведска на 5 ноември 1955 година.

Хонвед светска турнеја

[уреди | уреди извор]

Хонвед во 1956 година добил учество на Европскиот куп натпревар и во повата рунда како противник го добил шпанскиот Атлетико Билбао. Првата утакмица која ја играл во гости Хонвенд изгубил со 3:2, но пред да може возвратна утакмица да се одигра, избувнале немирите во Унгарија и дошло до познатата револуција во 1956 година. Играчите одлучиле да не се враќаат во Унгарија и возвратната утакмица е одиграна на Хејсел во Брисел. Резултатот бил нерешен 3:3 и со тоа Хонвед испаднал од натпреварувањето.

Некои играчи успеале своите фамилии да ги изведат надвор од Унгарија, но не добиле поддршка од ФИФА и од својата фудбалска федерација. За некако да опстанат, организирале серија на натпревари по светот. Италија, Португал, Шпанија и Бразил биле на списокот. После враќањето во Европа, играчите се разделиле. Некои, како Божик, се вратиле во Унгарија, а некои, како Цибор, Кочиш и Пушкаш, останале и си нашле себеси клубови по западна Европа.

Барселона

[уреди | уреди извор]

Кочиш поминал една година во Швајцарија, пред Ладислав Кубала, кој исто така побегнал од Унгарија, да го наговори заедно со Золтан Цибор да преминат во Барселона. Во своето деби за Барселона против Реал Бетис, каде што победиле со 4:1, ја одиграл својата улога и постигнал гол. Како дел на легендарниот тим на Барселона од педесеттите, заедно со Рамалетс, Еварис и Суарез, го освоил шпанскиот куп, шпанско првенство - дупла круна 1959 година. Следната година исто така ја усвоил доплата круна само овај пат составен од шпанскиот шампион и купот на сајамските градови. Европскиот куп, финалето, Барселона играла 1961 година, што бил повраток за Кочиш и Цибор во Берн и спомени на 1954 година. Ниеден од двајцата унгарски играчи не постигнал погодок и утакмицата била изгубена со 3:2 (против Бенфике), но овај пат тагата ја споделиле со играчите на Барселона.

Иако повеќе не бил на врвот на играчката моќ, Кочиш сè уште бил корисен играч за Барселона. Во финалето на шпанскиот куп 1959 постигнал 2 гола против ФК Гранде (Барселона - Гранде 4:1). Во европскиот куп 1959-1960 година во четвртфиналето портив Вулверхемптон постигнал 4 гола (Барселона - Вулверхомптон 5:2). Вреди да се спомене неговиот кет трик против Реал Сосиедад 1961 година и три гила 1962 година во Купот на сајамски градови против Валенсија. Во финалето на шпанскиот куп 1963 година на Ноу Кампот, кога Барселона играла против Реал Зарагозе, Кочиш повторно го дал својот придонос и Барселона победила со 3:1.