[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Шеоба

Координати: 41°35′18″N 22°09′34″E / 41.58833° СГШ; 22.15944° ИГД / 41.58833; 22.15944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шеоба
Шеоба во рамките на Македонија
Шеоба
Местоположба на Шеоба во Македонија
Шеоба на карта

Карта

Координати 41°35′18″N 22°09′34″E / 41.58833° СГШ; 22.15944° ИГД / 41.58833; 22.15944
Регион  Вардарски
Општина  Неготино
Област Тиквеш
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 043
Шифра на КО 18035
Надм. вис. 300 м
Шеоба на општинската карта

Атарот на Шеоба во рамките на општината
Шеоба на Ризницата

Шеоба — село во Општина Неготино. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Шеоба се наоѓа во Тиквешијата, на јужното подножје на Конечка Планина (Серта), северно од патот Неготино - Струмица (Р1103). Лежи на надморска височина од 300 м, а атарот зафаќа површина од 15,9 км2.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Шеоба било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Шех Оба имала 215 жители, сите Турци.[4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Шеоба (Šeoba) како турско село.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[6]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194839—    
1953—    
19612—    
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Во првите децении на XX век населението стрмоглаво опаднало, сведувајќи се на 39 лица во 1948 г. Во текот на наредните години во Шеоба останале неколку жители, а во 1961 г. останале само двајца, кои не се изјасниле за нивната етничка припадност.[7] Во текот на 1960-тите селото е сосема напуштено. Според пописот од 2002 година, Шеоба немала ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 215 39 [8] 2 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 322. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 231. ISBN 954430424X.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Шеоба — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  8. Вбројано во населението на Џидимирци.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]