[go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Црвеногушесто муварче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвеногушесто муварче
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Муварчиња
Род: Ficedula
Вид: Црвеногушесто муварче
Научен назив
Ficedula parva
(Bechstein, 1792)

Црвеногушестото муварче (науч. Ficedula parva) е мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата. Се размножува низ источна Европа и Средна Азија и е птица преселница, која зимува во јужна Азија. Ја има и во Македонија.

Азискиот вид Ficedula albicilla порано се сметал за подвид на црвеногушестото муварче, но неговиот црвен врат е опкружен со сиво и има поинаква песна.

Црвеногушесто муварче, зимување во Нагпур
Ficedula parva

Црвеногушестото муварче е долго 11-12 см, а мажјакот во сезоната на парење е претежно кафеав одозгора и бел одоздола, со сива глава и портокалов врат. Клунот му е црн и широк, со потенок врв што е типично за муварчињата, односно птиците кои ги ловат инсектите во лет. Основата на горниот дел од опашката е бела и често испрчена нагоре додека се перчат на некое прегледно место чекајќи го пленот. Мажјаците вон сезоната на парење, женките и младенчињата имаат кафеави глави и ја немаат портокаловата боја на грлото, но лесно се разликуваат од другите Ficedula муварчиња по големината (овие се помали) и по шарата на опашката која има црна обратно поставена Т буква, со бели рабови.

Поведение

[уреди | уреди извор]

Животната средина на овие птици се отворените шуми, особено близу до вода. Градат отворено гнездо во дупките на дрвјата и несат 4-7 јајца. Најчесто се хранат со инсекти кои ги ловат во лет, но и на земја. Освен со инсектите, овие птици се хранат и со гасеници кои ги наоѓаат под кората на дабовите, како и со бобинки. Зимно време тие се тивки, освен типичниот за муварчињата чип-чип-чр-ррр повик. Во сезоната на парење песната е мелодично свиркање.

Истражувањата спроведени во Полска од 1973 до 2002 година покажало дека мажјаците се враќаат порано од преселба, со зголемувањето на температурите.[2]

  1. BirdLife International (2012). Ficedula parva. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Cezary Mitrus, Tim H. Sparks & Piotr Tryjanowski (2005). „First evidence of phenological change in a transcontinental migrant overwintering in the Indian sub-continent: the Red-breasted Flycatcher Ficedula parva (PDF). Ornis Fennica. 82: 13–19. Архивирано (PDF) од изворникот 2007-07-19. Посетено на 2013-08-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Avibase